Добредојде

Proekcija.mk е македонски спиритуален вебсајт за духовно просветлување и здравје!

Proekcija.mk е непрофитен и слободен сајт што е формиран во Мај 2019. и се ажурира редовно и авторот е постојано активен. Последна активност: 01.03.2025

 


Заследи не` на Instagram!

На страната споделуваме содржини за нашето повисоко постоење и духовно просветлување со вклучени книги и вежби.

Доказот за тоа што е човекот, што сме ние го бараме пред сè длабоко во себе.

Животот е проекција и слободен избор. Проекција од повисока димензија.

Наведените и затемнети концепти во темно сина боја имаат детален опис во три категории, подредени под броеви:

 

Сè што постои е светлината, Бог и неговата љубов која e свесна физичка манифестација. Човекот е духовен и повеќедимензионален, поседува ум, душа и тело. Секој индивидуален ум постои по слободна волја и избор за напредок во својата духовна еволуција. Живот во физичко тело е цел и искуство преку искушение до просветлување за нашето повисоко постоење. Секој човек има четири тела, физичко, етерично, астрално и ментално тело, кои имаат енергетска обвивка наречена аура со енергетски центри наречени чакри. Душата е свеста и е “семе-атом” во срцето, содржејќи сè индивидуално и е поврзана со другите три делови кои се умот, емоциите и етеричниот дел, при што заедно со четирите тела се споени преку сребрената жица. Душата во физичко постоење доаѓа од повисокиот астрален (емоционален) свет, каде и заминува по смртта на физичкото тело, така раѓањето и смртта се дел од нашата димензионална и духовна природа, наречена уште, инкарнација. Над астралниот се наоѓа менталниот свет или рајот кој е највисоката индивидуална форма на постоење од каде душата еволуира. Во менталниот свет, душата замислува, и се манифестира во емоционалниот свет во вид на емоција и потоа се остварува во материја во физичкиот свет. Постојат четири кралства на физички живот, човекот е највисока духовна свест и еволуира преку пониските, тоа се минералите, растенијата и животните. Според тоа сè што постои е свест и поврзано, има дух и енергија, тоа е божјата креација, тоа сме самите ние.

 

Наведените концепти детално се опишани во првите две категории, “Димензионална свест”  и “Душа и тела”.

 

За подобро ментално, емоционално и физичко здравје, препорачуваме медитација (вежби) и литература. Животот е само во моментот, односно “сега”, препознавајќи го најважниот концепт за смирен живот. Другиот важен концепт е прифаќање и предавањеСакајќи се себеси ние сме во предност да бидеме во мир со сите и сè околу нас, затоа што така учиме на трпение.

Во високата природа секогаш постојат две спротивни енергии и сè што мислиме се привлекува. Така љубовта е највисока енергија и вибрација, стравот и гневот најниски.

 

Просветлувањето е комплетно преку практика, наведените концепти детално се опишани во третата категорија, “Вежби и книги”.

 

Детален опис на трите категории:

Димензионална свест објаснува што е Изворот и свеста, како се манифестира, и каде постои, односно ја опишува нејзината мултидимензионална функција и постоење.

Душа и тела објаснува што е душата и што се енергетските тела, како се манифестираат и каде постојат, односно ги опишува нивните мултидименизонални фукнции.

Вежби и книги се делови во кои ќе најдете препорачана спиритуална литература како и лични вежби за подобро лично духовно здравје кое директно значи подобро ментално и физичко здравје.

 

Инстаграм feed

Something is wrong.
Instagram token error.
Load More

 

 

 

Што е спиритуалност?

Спиритуалноста е концепт за подобро и всушност подлабоко разбирање на нашето постоење, светот во кој моментално живееме, околината, нашето вистинско “јас”, се што се случува околу нас и преку овој концепт личноста може да научи и да практикува подобар живот, социјален, емотивен, физички и да ги некува практиките на спиритуалноста исто така и преку вежби за подобро духовно здравје.

 

Ние луѓето сме духовни тела, во кои нашата душа постои. Нашето физичко тело е возило

 

Disclaimer !
Одрекнување од одговорност: Авторот споделува текстови од личен избор, пред се од реномирана светска литература, достапна приватно, но која не е поврзана со научни основи, ниту има религиозна основа и се презентираат на публиката која по лично и свое убедување може да ги користи сите наведени содржини. Авторот не сноси одговорност за ставовите на публиката по читање на овие наслови.
Овој блог и вебсајт е во приватна сопственост која нема политичка или религиска основа.