1. Животот е моментот, животот е сега

Животот е моментот, животот е сега е концепт за посреќен живот, за духовен одмор во секојдневнието.

Во физичкиот материјален свет, постои само “сега”, тоа е моментот, линеарното време е само илузија. Колку повеќе сте фокусирани на сегашноста толку повеќе имате што да дадете. Фокусирајќи се на сегашноста имате можност да си помогнете себеси на начин на кој досега не сте знаеле дека е возможно.

Фокусирајте се на околината, на звуците околу вас, на малиот чекор и звукот што произлегува, само така можете да се ослободите од стресот. Овие чекори се постапни и бараат вежбање кое оди со тек на времето.

 

Не си телото, туку свеста

Една од главните идеи во врска со концептот за животот воо “моментот” е дека сите ние сме чиста свест, во тело. Љубота  и радоста не се надворешен фактор туку внатрешна состојба без разлика на надворешните фактори. Тие може да влијаат но не се неопходни за идентификација. Просветлувањето е свеста за нашето повисоко постоење, за нашата конекција со нашата вистинска природа.

Умот е силно оружје, но многумина не се свесни и несвесно го користат умот, и на тој начин егоистичкиот ум влијае на нас.

Да се биде свесен значи пред се да се постои, да се биде, затоа опсесијата со материјалните нешта и идентификација со нив е всушност тоа што ние не сме.

 

Илузијата за времето и моќта на сегашноста

Исто како и егото, времето е концепт што е измислен од човековиот ум, или подобра интерпретација би било времето постои само во тродимензионалниот материјален свет. Минатото и иднината се илузорни концепти кои ја оптоваруваат нашата свест и ни прават да се осеќаме многу потешко, неможејќи да се фокусираме во моментот. Животот постои само во моментот, тој се случува сега пред сите нас, и така се што некогаш постои и се што некогаш се случило и ќе се случи, постои само “сега”.

Човек троши премногу време и се преоптоварува со минатото, надевајќи се на подобра иднина. Откажувајќи се од моментот животот во сегашноста и давајќи отпор на сегашноста прави многу потешко да се фокусираме.

 

Фокусирање на сегашноста

Неколку концепти се важни, едниот е во истиот момент да се тргне фокусот од минатото и иднината, посебно во постојан контекст кога премногу се замараме за иднината и планираме однапред.

Фокусирање на моментот и прифаќање на актуелната ситуација таква каква што е, доколку не можат одредени работи да се променат во моментот тие се прифаќаат.

Да се биде присутен и фокусиран во моментот, присутност и концентрација.


 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *