3. Зошто постоиме?

Најголемите тајни за едно од најголемите таинствени и навидум неодгатнати прашања е зошто всушност постиме. Кога ке научиме што сме, време е да си одговориме и зошто постоиме.

Постоиме со цел, бирана цел и мисија, но исклучително во слободна волја и избор.

Го бираме животот во физичко тело со една единствена, цел да растаме и да се развиваме, да спознаваме преку добро и лошо. Ние не сме само креатори на животот, туку ние сме животот, тој е нашата слобода, нашата еволуција, нашиот пат.

Под спознавање значи, да го спознаеме нашето повисоко постоење. За тоа дека ние како индивидуи сме поголеми од животот, ние сме всушност животот, ние сме сè што постои, ние сме сите поврзани. Постоењето е духовна еволуција, не е материјална. Но материјалниот свет е еден вид на помош на нашиот пат кон спознавање.

Секој има свој пат, своја цел, душата е нашето сонце, нашето внатрешно сонце кое е патоказ за тоа каде се движиме. Слушајќи го срцето се слушаме себеси, патот што нашето срце го одбира е патот на нашата вистина. Така навистина секој има свој пат и своја цел, во слободна волја и избор. Гледајќи на животот како на слободен избор е голем духовен момент во човековиот избор, некои за тоа многу покасно осознаваат од други. Слободата е во моментот, тука и сега, човек станува слободен ослободувајќи се од себе, оставајќи го товарот и тргнувајќи по патот на душата.

Интуитивно некогаш сме свесни за одредени постапки и за тоа дали се исправни. Ние сме тие што можат да одберат но секогаш во слободна волја затоа што тоа е единствениот пат.

 

Животот е најголемо школо

Од страна на душата, како дел од свеста, за нас животот е најголемото (духовно) школо. Материјалниот свет нуди прилика во согласно со нашите желби, нашата интуиција да го најдеме нашиот патоказ за еволуција.  Солидарноста, љубота со сите околу нас, се две големи, високи алатки во нашата борба за духовна еволуција. Отфрлање на стравот, љубомората, зависта и користољубието се алатки од нисок карактер кои што ја враќаат душата во мал чекор. Но, секој чекор е важен, од секој чекор се учи и всушност секој чекор носи напред.

Updated: 14th November 2019 — 19:50

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *