Додека душата се наоѓа во физички (материјален) свет, таа постои во четири тела кои пред сè се создаваат и понатаму се надополнуваат и се најлесно кажано, “едно врз друго”, две од кои по заминување на душата од материјалниот свет дали е тоа во моментален период, како спиење или астрална проекција или конечко преку смртта, првите две од нив се враќаат во земјата односно остануваат во материјалниот свет од каде што потекнуваат, додека другите две се пренесуваат во горното ниво, односно астралното, транзитивно и емоционално ниво. За полесно разбирање физичкото и виталното тело се материјални тела создадени од материја и етер што се физички материи, додека емоционалното и менталното се духовни тела создадени од астрална и ментална материја и кои постојат во четвртата и петтата димензија, со тоа и во физичката димензија иако невидливи.
Важен е фактот дека сите четири тела се споени и креацијата на индивидуата започнува од мислата односно од менталното тело, кое преку емоциите во емоционалното тело се префрла преку етеричното тело во физичка манифестација.
Brennan model на четирите тела:
Физичко тело
Физичкото тело е формирано со раѓањето. Под формирање се подразбира дека е завршен процесот на комплетирање на самото тело, но потсетуваме оти самото тело расте и се развива се до адолесценција, дури и се менува низ целиот живот, но во спиритуален/духовен контекст физичкото тело како прво тело е формирано со раѓање.
Етерично тело
Виталното тело се формира од раѓањето до 7. година на детето, виталното тело е идентитетот на детето со кое се добива првиот енергетски оклоп околу физичкото тело и се манифестира како енергетски етеричен облик кој го енкапсулира физичкото тело. Под виталност мислиме на тоа што веќе целосно го осеќаме физичкото тело. Виталното или етерично тело не е тело за свеста како што се физичкото, астралното и менталното, туку пред сè го надополнува физичкото со помош на животната енергија позната под името “Prana/Прана или Виталност”.
Астрално тело
Емоционалното тело се формира од 7. година на детето до постанување на тинејџер до 14. година од животот. Емоционалното тело е второто тело, по виталното кое формира енергетски облик околу физичкото тело и преку кое се манифестираат, желбите, емоциите и целите за манифестација во физичко постоење. Ова тело значи посакувања кои наскоро со формирање на последното, највисокото, умствено тело ќе можат да се остваруаат.
Ментално тело
Менталното тело се формира од 14. година до 21. година кога и според науката и медицината, индивидуата достигнува полн развој. Ова тело е највисоко тело во физичкото постоење и го манифестира умот, менталниот оклоп кој овозможува индивидуата од највисокото ниво на ментален план, преку желбите и целите со своето емоционално тело и желби, да ги манифестира разумно своите цели преку физичкото тело.