Етеричното (витално) тело е првото потсвесно тело веднаш “над” физичкото. Тоа е копија на физичкото и мост помеѓу физичкиот свет и астралниот свет, затоа што етерот е дел од физичкиот свет како и самата етерична материја од која е создадено.
Етеричното тело се создава на 7. години кога се формира првиот оклоп околу физичкото тело. Тогаш детето добива идентитет и е свесно за своето физичко тело во целосна форма, осеќа виталност и контрола врз физичкото тело. Тоа е тело кое припаѓа во материјална димензија во етеричниот дел на материјата затоа што самиот материјален свет има 7. нивоа, од кои три се хемиски и четири етерични. Првите четири се етерични.
1. Атомско
2. Под-атомско
3. Супер-етерично
4. Етерично
5. Гасовито
6. Течно
7. Цврсто
Секоја цврста, течна и гасовита честичка во физичкото тело е обвиткана со етерична обвивка, од тука потекнува името, етеричен дупликат. Во големина се протега околу 1/4 од инч надвор од физичката кожа.
Етеричното тело има две главни функции, првата е виталноста која што се апсорбира во вид на енергија и се пренесува директно на физичкото тело, второ самото етерично тело служи како мост помеѓу астралното(емоционално) тело и физичкото на тој начин што директно ја пренесува свеста од погорните нивоа до физичкото тело каде мозокот е директен физички трансмитер.
Важно е да се напомене дека етеричното тело не може да служи за постоење во свест без останатите повисоки тела но и без физичкото тело, тоа не е ментално свесно туку служи за пренесување на виталноста на физичкото тело, виталноста која е главна енергија на животот.
Одвојувањето од физичкото тело најчесто се случува при смрт, несреќа, анестезија. При лошо здравје најчесто човек се чуствува слаб, затоа што етеричното тело е слабо односно етеричната материја од која е создадена е деформирана и енергијата е слаба, поради болест на пример, која што за да се манифестира во физичкото тело започнува од највисоките ментални тела, преку етеричното до физичкото.
Споменатата етерична материја е физичка материја, една од 7. веќе напоменати, па така таа е невидлива но е под влијание на топло и ладно и физички процеси.
Постојат случаи каде што луѓе загубиле веќе еден прст, и се жалат на болката во екстремитетите односно таму каде што загубениот прст постои, сето тоа се случува затоа што етеричната материја и обвивка околу загубениот физички дел сеуште е на истото место, бидејќи ова тело кое е повисоко и посилно од физичкото и етеричната материја не се губи на ист начин како физичката.