8. Ментален свет

Менталниот свет е свет на вистинскиот рај, петтата висока димензија на постоење на душата во своето ментално тело, свет од ментална материја, над астралната четврта димензија и астрален свет. Тоа е воедно и највисокото постоење на душата, и најчесто се смета за спиритуален свет, вистински дом на Бог, од каде нашите души потекнуваат.

Менталната димензија е вистинска магија, која манифестира преку мислата, најголемата енергија и сила на душата, преку менталното тело да креира преку мислата. Овој свет којшто е подеднакво реален за сите ментални тела, како што е реален астралниот свет за сите астрални тела и физичкиот за сите физички тела е поделен на два дела, горен и долен дел.

Во однос на нивото на постоење на индивидуалното ментално тело, постојат седум под-нивоа од кои првото е атомско и поголемите се зголемуваат во однос на осцилациите, кои што се исто така дел од сите нивоа на постоење како што се физичкиот и астралниот свет со своите седум под-нивоа. Душата потекнува од највисокото его-тело, Causal/Каузално тело кое седи во менталниот свет или уште наречено светлосно тело кое се нарекува и “Thinker/Мислец”. Душата или каузалното тело е возило од највисока просвета и знаење, најлесно тело со највисока вибрација на енергија од менталната материја, умот што осцилира во петта димензија, па така тоа е вистинскиот дом на душата. Каузалното тело е тело во кое ние самите седиме додека сме во и надвор од инкарнација, растејќи и развивајќи се преку време-просторот и искуството од активности стекнати во физичкиот и астралниот свет. За да не стане забуна, менталното тело е тело во долниот под-дел на менталниот свет додека каузалното тело е највисокото ментално и воопшто его-тело во кое душата постои или извира, во каузалниот или горен ментален свет, создаден од ментална односно каузална материја.

За разлика од каузалното тело на човек, животните и другите пониски суштества од подолните кралства не се индивидуални души-тела, се до покасната фаза во себе-спознавањето односно свеста, и овие пониски форми на живот еволуираат преку групни-духови на пониските нивоа на постоење, според квалитетите и карактеристиките се групираат и се водат во однос на преживување, инстинкт итн.

Така светот на мислата, како 5. димензионален е врвната енергија на душата, висока вибрација и креација од која почнува индивидуалната душа и се спушта преку астралниот односно емоционален свет до физичкиот, материјален свет да ги манифестира своите мисли и емоции во креација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *