Сребрената жица или Silver Cord, ги спојува сите четири тела и расте повторно и одново во секој физички живот. Таа е невидлива во физичко постоење, затоа што не е создадена од физичка материја, туку од повисоките материи како што се астралната и менталната материја.
“Семе-атомот” или “seed atom” е душата која се спојува во четири целини како спојки на самата сребрена жица. Од делот на емоционалното тело жицата расте почнувајќи од црниот дроб, семе-атомот на физичкото тело расте од срцето и двата дела се среќаваат со семе-атомот на виталното тело во соларниот плексус односно во опашката и оваа важна жица ги прави високите и ниски тела споени и во полна функција, унија, да функционираат како една целина.
Сребрената жица е вистински спој помеѓу душата и нејзините возила, но најточно би било дека ги спојува сите четири тела но и канал низ кој поминува силата на животот односно развојот и растот на сите тела.
Постои и третиот и највисок сегмент тоа е менталното тело, кое што не е дел од утерусот што е физички ниту при раѓање на бебето за разлика од другите два сегменти. Оваа врска односно дел од сребрената жица расте од фронталниот синус во главата кон црниот дроб за да се спои со емоционалното тело. Кога и како точно се формираат сите овие неколку делови и спојки на сребрената жица е објаснето подолу.
Тоа што е важно и што е научно објаснето и докажано е дека постојат неколку главни фази во животот тоа се раѓање, детство, тинејџер и адолесценција. Спојот од менталното тело од семе-атомот во фронталниот синус до емоционалното тело и семе-атомот во црниот дроб се формира од 14. до 21. година. Тогаш велиме дека умот е роден односно менталното тело е комплетирано. Емоционалното тело се формира кога жицата ќе се спои од 7. до 14. години и тогаш астралното тело е комплетирано. Виталното тело е комплетирано на 7. години во фаза кога детството е комплетирано од фазата на бебе со раѓање на физиичкото тело. Раѓањето на четирите тела е на начин каде сите овие возила излегуваат од својата димензионална матрица, на пример физичкото тело излегува од материјалниот утерус при раѓање, така етеричното (витално) тело излегува од етеричниот шаблон на 7. години, астралното (емоционално) тело излегува од астралниот шаблон на 14. години и менталното тело излегува од менталниот шаблон на 21. година. Под астрален и ментален шаблон се сметаат повисоките димензии од четврта и петта димензија. Комплетирањето на сите четири возила на душата не е точно на денот кога се навршуваат споменатите години, туку околу тој период се формираат комплетно телата, што научно се објаснува и за фазите во животот.
Повторување на фазите: Секој циклус трае 7. години со првиот се формира физичкото тело, во вториот се случување комплетирањето на виталното тело на 7. години од етеричната матрица бебето расте во дете, каде покасно на 14. години комплетирањето на емоционалното тело од астралната матрица личноста станува тинејџер, и на 21. година со формирање на менталното тело во адолесцент, каде сите четири тела се споени и индивидуата односно душата ги има на располагање сите свои инкарнирани возила. Физичкото тело е формирано при раѓање како прво, материјално тело, под формирано се мисли дека е родено, процесот на раст и развој на сите тела постои до смртта. Сребрената жица е создадена од етерична, астрална и ментална материја и формата е како две фигури налик “шестки”, кои се свртени обратно една од која е свртена нагоре, додека другите се хоризонтално поставени, две кои се директно врзани со соларниот плексус односно опашката.
Менталното тело е поврзано со жицата преку семе-атомот во фронталниот синус и од оваа точка проаѓа низ хипофизата, вртејќи лево каде се поврзува со слезината па поминува назад над надбубрежните жлезди и конечно се поврзува со вториот дел на жицата односно семе-атом на емоционалното тело во црниот дроб. Од тука астралното тело е споено со соларниот плексус во опашката од каде едел дел од етеричното тело и точка доаѓа од семе-атомот во срцето со кое се поврзува физичкото тело.
Од сите четири главни точки што ги репрезентираат сите четири тела, срцето, соларниот плексус, црниот дроб и фронталните синуси само едниот крај на жицата во семе-атомот на срцето е неподвижен додека сите други три семе-атоми се подвижни. Следи подетално објаснување.
Додека сме будни во текот на денот во нашето физичко тело, сребрената жица е врзана во спирала во рамки на физичкото тело, околу соларнниот плексус, додека навечер кога душата го остава своето физичко тело и се одмара надвор од него, сребрената жица излегува од черепот и се поврзува со астралното тело кое лебдни над физичкото тело, кое е во фаза на спиење.
Тоа што е важно да се напомене е дека сребрената жица расте до 29. година од животот откако етеричната, емоционална и ментална фаза се завршени, постои и четврта фаза.
Колку науката потврдува одредени факти говори за тоа дека откако етеричното тело е комплетирано на 7. години детето добива идентитет, додека на 14. години во периодот на тинејџерство се добиваат силни емоции и привлекува и тогаш индивидуата започнува да ги осознава своите потреби и желби и цели, но умот е сеуште некомплетиран и душата сеуште нема целосна контрола над сите свои возила.
Во следната слика ќе видиме како астралното тело лебди над физичкото тело и тука ќе спомене една голема работа, не постои вистинска разлика помеѓу спиење и смрт, всушност разликата е во тоа што душата може да се врати во телото, но во случај на смртта семе-атомот во срцето е пукнат и така пука и сребрената жица па душата не може да го користи физичкото тело.
Сребрената жица е широка колку одприлика еден прст, и самата еластичност создадена од повисоките материи ја прави оваа сребрена жица отпорна на било какви физички влијанија затоа што всушност таа е невидлива постоејќи и во повисоката четврта и петта димензија, заедно со астралното и ментално тело. Тоа што е тука важно е дека високите делови односно материи од сребрената жица одат со високите тела, што значи сребрената жица ги поврзува телата, физичкото со етеричното, етеричното со астралното, астралното со менталното, не се работи за материјален спој помеѓу органи или делови од физичкото тело туку целосен духовен спој на сите возила.
Во фаза на спиење
За време на спиење сите три дела, астралниот сегмент, менталниот и етеричниот се креваат над физичкото тело, затоа што како што веќе напоменавме сите овие три семе-атоми се преместуваат, додека само во срцето семе-атомот е непреместен и го држи на некој начин физичкото тело во живот.
Исто така вреди да се напомене дека етеричниот, астралнаиот и менталниот семе-атом не се наоѓаат физички во физичкото тело туку се наоѓаат во етеричната, астралната и менталната обвивка па така само за интерпретација се користат точките кои се фронтален синус во главата за менталното тело, црниот дроб за астралното тело и опашката за етеричното тело. За време на спиење, најчесто но не при секое спиење, но за јасно да се разбере практиката се вели “за време на спиење”, деловите од астралниот и менталниот сегмент излегуваат во височина и патуваат во астралниот свет, додека етеричниот сегмент кој е под-материја на физичкиот свет останува покрај физичкото тело во лебдење, односно етеричното тело останува во физичкиот етер, кој е секако невидлив за сетилата. Такашто, бидејќи срцевиот семе-атом е непреместлив и го препрезентира всушност физичкото тело кое останува во материјалниот свет, не се движи никаде, но етеричното тело има капацитет да се покрене, во етерот иако дел од материјалниот свет, сепак со подвижлив семе-атом.
Астралното тело и сребрената жица, врзана за физичкото тело во спиење.
При спиење, менталната аура и астралното тело се поврзани, така душата сега во тој момент егзистира во астралното тело, но за да се одвои менталното тело од астралното е потребна многу повисока иницијација која ќе и овозможи на душата враќање со менталното тело во менталниот свет. За потсетување под спиење не се смета секое буквално спиење, но подсвесно душата се одмора од физичкото тело и одвојувањето се случува многу почесто.
При смрт
Во овој дел претстојат важни работи околу повисоките тела и душата, во време кога се случува смртта односно одвојување на душата од физичкото тело.
Смртта директно се случува кога доаѓа до пукање на семе-атомот во срцето, делот што го спојува физичкото тело од жицата со повисоките две тела. Третото витално тело малку подоцна колабрира бидејќи е етерично и поддел од физичкиот свет.
Душата во тој момент се крева од физичкото тело во својата астрална аура, при самото пукање на атомот во срцето се случува пренесување на енергијата односно “силите” што овој атом ги чува, тоа е пред се важната “животна снимка” за целата еволуција на душата но и пред се за целиот физички живот, се до овој момент на смртта на физичкото тело. Етеричното тело е сеуште поврзано три дена по смртта, поради фактот дека душата во овој временски период ја гледа “панорамата” на животот, пред да замине во астралниот (емоционален) свет со своето астрално и ментално тело. Пукањето на семе-атомот во срцето го прави физичкото стопирање на срцето, но сребрената жица сеуште не е “раскината и таа се кине во моментот кога самата душа ќе ја комплетира панорамата на животот во етеричниот дел од физичкиот свет, во етеричното тело. Пукањето на самата сребрена жица се случува во “шестката” половина останува со двете материјални тела кои се физичкото и етеричното додека другите две повисоки тела се одвојуваат во повисоките димензии.
За резимирање, “пукање” на семе-атомот во срцето го испушта етеричното (витално) тело заедно со астралното и менталното да лебдат над физичкото тело не повеќе од три-ипол дена додека душата ја гледа панорамата свесна за својата смрт. Па така во второто “пукање” на самата сребрена жица во рамки на “шестката” опишана на сликата погоре, етеричното тело останува со физичкото тело и се распаѓа во материјалниот свет.
Во рамки на тие три-ипол дена во физичко време, душата ја гледа панорамата на животот, сите поважни настани, и потоа се буди во астралниот свет од каде и доаѓаме на Земјата. Такашто во моментот на завршување на панорамата со раскинување на сребрената жица од семе-атомот во виталното тело, душата со двете горни тела е слободна да го напушти физичкиот свет по закон на природата. Аурата и енергијата што продолжуваат не се “нови” туку тие се копии на тоа што е човек на Земјата затоа што од физичкото тело се префрла целата енергија во другите тела.
Астрална сребрена жица
По смртта, духот односно астралното тело е возило на душата во астралниот свет каде индивидуата има нормален живот но во зависност од осцилацијата на својата енергија преку желбите и мислите на своите две горни тела, се привлекува со слично ниво на постоење од под-нивоата во астралниот свет. Повеќето души ќе ги надминат своите физички потреби и ќе се фокусираат на напредок во емоционалниот свет за да напредуваат кон менталниот свет. Тука астралната сребрена жица продолжува да ги спојува астралното и менталното тело за двете да функционираат во унија односно една целина. Дури потоа откако одредени цели душата ќе ги исполни во емоционалниот свет таа е спремна да го остави астралното тело и астралниот сегмент од сребрената жица и да продолжи со менталното тело кон погорно постоење.