Човек со својата душа доаѓа во материјалниот свет без никакви материјални добра и како таков го напушта. Материјалниот лист или страна на животот е безвреден затоа што директно не се добива просветлување, но индиректно преку обликување на материјата човек искушува и осознава. Духовниот лист односно страна е најважна затоа што преку неа се добива повисоко ниво на свеста за своето повисоко постоење, за околината и општо за цело човештво, за тоа што сме ние сите поврзани.
Просветлување значи свеста, повисоката свест, за сè што постои, за себе, тоа е вистинската духовна еволуција, целта на животот, целта зошто секој од нас е тука. Материјалните апетити секогаш се на второ место.
Животот е најголемо школо
Од страна на душата, како дел од свеста, за нас животот е најголемото (духовно) школо. Материјалниот свет нуди прилика во согласно со нашите желби, и преку нашата интуиција да го најдеме нашиот патоказ за еволуција. Солидарноста, љубота со сите околу нас, се две големи, високи алатки во нашата борба за духовна еволуција. Отфрлање на стравот, љубомората, зависта и користољубието се алатки од нисок карактер кои што ја враќаат душата во мал чекор. Но, секој чекор е важен, од секој чекор се учи и всушност секој чекор носи напред.
Го бираме животот во физичко тело со една единствена, цел да растаме и да се развиваме, да спознаваме преку добро и лошо. Ние не сме само креатори на животот, туку ние сме животот, тој е нашата слобода, нашата еволуција, нашиот пат, ние сме еволуцијата.
Спознавање значи, да го спознаеме нашето повисоко постоење. За тоа дека ние како индивидуи сме поголеми од животот, ние сме всушност животот, ние сме сè што постои, ние сме сите поврзани. Постоењето е духовна еволуција, не е материјална. Но материјалниот свет е еден вид на помош на нашиот пат кон спознавање.
Секој има свој пат, своја цел, душата е нашето сонце, нашето внатрешно сонце кое е патоказ за тоа каде се движиме. Слушајќи го срцето се слушаме себеси, патот што нашето срце го одбира е патот на нашата вистина. Така навистина секој има свој пат и своја цел, во слободна волја и избор. Гледајќи на животот како на слободен избор е голем духовен момент во човековиот избор, некои за тоа многу покасно осознаваат од други. Слободата е во моментот, тука и сега, човек станува слободен ослободувајќи се од себе, оставајќи го товарот и тргнувајќи по патот на душата.
Интуитивно некогаш сме свесни за одредени постапки и за тоа дали се исправни. Ние сме тие што можат да одберат но секогаш во слободна волја затоа што тоа е единствениот пат.
Сите битија во живо постоење со својата свест се стремат кон еволутивен раст и развој, да станат и да постанеме највисокото ниво на живот. Тоа е возможно само преку духовната еволуција, осознавајќи ја човековата димензионална и духовна природа. Свеста се проширува и го зголемува искуството само преку директно искушение, теоретското знаење е како материјата, илузија.
Стравот како ниска вибрација, на хартија не е страшен, додека не се искуши, душата го искушува во материјален, разделен свет на посесивност, егоизам и разделивост, физички свет каде моќта се изразува преку материјата.
Но самата еволуција во човековиот развој е преку материјалноста преку егоизмот, преку животинскиот свет, тоа е патот за духовно просветлување.
Кога ќе се помине таа животинска фаза, човек ја осознава духовната природа, го влече интуиција да се гради духовно, сфаќајки дека преку материјалната природа човек не може да еволуира внатрешно, нема мир и спокој, единствен начин е преку развој на свеста, проширување на видиците што нашата душа преку свеста ги изразува. Свест е висок збор, свесен значи присутен, значи посветен и значи осознавател за своето повисоко постоење.