4. Димензионален човек

Човекот е повеќедимензионален затоа што има четири тела преку кои душата се спушта во материјален свет.

Највисокиот ентитет во кој душата егзистира е менталниот свет од петта димензија, создаден од ментална материја, каде душата собира материјал за да создаде емоции.

Емоциите се креираат во четиридимензионалниот астрален (емоционален свет), создаден од астрална материја каде душата ги собира емоциите кои ќе ги манифестира во физичко постоење. Двете повисоки постоења уште може да се наречат и дека се духовни постоења.

За астралниот и менталниот свет постојат посебни артикли на страната. Под спиритуално ниво се смета, високото или второ ментално ниво, односно уште наречено и каузално ниво.

 

 

Понатаму во физичка манифестација постојат четирите кралства на минералите, растенијата, животните и човекот како највисок низ духовната еволуција. Душата се развива во петта димензија на горниот ментален свет и евоулира и собира материјал низ четири димензионалниот емоционалниот свет и преку него до тродимензијата во физичкиот свет како што е веќе напоменато.

Животот како духовна проекција од повисока ментална димензија каде душата се креира, во напоменатите четири кралства, свеста се манифестира на различни нивоа за своето постоење.

Минералите се во еден вид на “кома свест”, растенијата се во вид на спиење, животните сонуваат, додека човекот “лута”. Сите овие називи се симболични за да се долови еволуцијата на свеста. Свеста проаѓа низ сите четири кралства каде се формираат четирите тела, минералите и растенијата имаат само етерично и физичко тело односно оклоп, и се проектираат од емоционален свет, додека животните го имаат формирано емоционалното тело и се проектираат од ментално ниво, човекот е со ментално тело како највисока форма на постоење но во еволуцијата се формира и петтото, каузално тело кое кај луѓето е во фаза на формирање. Душата на сите луѓе проаѓа низ овие кралства и се манифестира свеста кај нас како себе-свесни индивидуи во највисокото кралство во материјалниот свет.

 

Духовна еволуција на свеста низ тела

За душата да може да пропагира и да креира, односно да искушува потребни се телата создадени од сопствена материја од таму од каде што потекнуваат, така физичкото тело е создадено од физичка материја, погорните тела од погорните материи.

Човек е составен од четири долни тела, физичко, етерично, астрално, ментално. Етеричните тела се првпат создадени преку кралството на минерали и се целосно изградени во кралството на растенија. Нашите емоционални тела се првпат создадени кога свеста минува низ кралството на растенија и се целосно изградени во кралството на животни. Нашиот ум односно менталното тело е за првпат создадено во кралството на животни и се гради и сега во човековата еволуција, се до каузалното или повисоко тело кое кај луѓето не е развиено и е во процес на развој.

Кога свеста станува себе-свесна за индивидуа овој процес се случува помеѓу растенија и животни односно помеѓу овие две кралства во духовната еволуција, кога се гради емоционалното тело и се опишува за себе. Комплетната слика за себе во првата тријада на духовна еволуција на свеста е кога се вклучени трите потсвесни тела, умот (менталното тело), емоциите (астралното тело), чувствата (етеричното тело) како директен спој со физичкото тело. Физичкото тело и трите потсвесни тела се дел од највисокото ментално тело-каузалното тело кое е во развој кај сите.

Во првата тријада на духовна еволуција се вклучени петте тела.

-Физичко тело (земјено и материјално тело)

-Етерично тело (етер и материјално тело)

-Емоционално тело (емоции и астрал)

-Ментално тело (високиот ум)

-Каузално тело (душата)

 

Освен физичкото трите тела се подвесни и се надополнуваат едно врз друго, манифестирајќи се во физичкото тело. Етеричното тело е енергетски шаблон или дупликат на физичкото тело со исти пропорции и големина како и физичкото тело, со аура која е малку поголема од физичкото тело. Емоционалното тело кореспондира со физичкото, со своја аура која е значително поголема од етерично-физичката. Менталното и каузалното тело се со голема аура.

Свеста не може директно да функционира преку физичкото тело, затоа физичкото тело е директно контролирано преку етеричното тело или уште наречено витално тело, без кое физичкото тело е несвесно и статично. Физичкото и етеричното тело се дупликат тела и се одвојуваат само во фазата на смрт, кога физичкото тело се распаѓа во земја, етеричното тело во етерот што е едно ниво од седумте материјални нивоа.

Астралното тело е од емоционалниот свет, кој е повисок од материјалниот и од каде душата доаѓа и заминува.

Еволуирајќи го нивото на свеста преку нашите потсвесни тела е долг процес.

Димензионалното постоење на човек е од највисокото ментално ниво, преку емоционално ниво до физичко. Во следниот дел се опишани овие три нивоа на постоење на душата.