Четири кралства на живот

Во физичкиот свет на Земјата постојат четири кралства на манифестиран физички живот, во различна фаза на развој, како физички така и свесно.

Четирите кралства по редослед од најнискиот развој се подредени на:

  1. Минерали

  2. Растенија

  3. Животни

  4. Човек

Сите четири кралства се делат според еволутивниот живот и сите четири кралства на физички живот содржат физичко тело или оклоп, кое е создадено од хемиски супстанции од материјалниот свет кои се цврста, течна и гасовита материја. Така физичкото тело на човек е хемиска супстанција исто како што е каменот, со таа разлика дека камењата се дел од минералниот живот, односно свеста е на почетно ниво во манифестација и душата или семето на животот е на почеток во еволутивниот развој во физичко постоење.

Човековата душа во материјално постоење развојот го влече токму од сите три кралства позади човековото кралство.

Секако во поглед на еволуцијата човекот како највисок духовен организам, поседува функции да расте и да се движи преку своето физичко тело, што кај минералите кои се на почетната фаза овие способности не се можни.

Ако човек го споредиме со кралството на растенија ќе сфатиме дека и растенијата имаат физичко тело или оклопка, која може да расте, но човек може да осеќа, може и да се движи, поради повисоките тела со кои располага.

Така ако ја направиме и третата споредба помеѓу човек со кралството на животни ќе сфатиме дека животните можат да чувствуваат, да растат, да бидат во одреден дел свесни за себе, но човек ги има дополнителните капацитети за говор како и рацете кои се физичка предност. Човек во еволуцијата развива јазик, говорен капацитет кој го поседува за да може на дополнителен начин да ги искаже своите мисли и чувства, така неговото физичкото тело е многу повисоко од останатите физички тела/оклопки во трите кралства.

 

Тела

За да ја видиме конечната споредба, мора да погледнеме подлабоко, за да ја сфатиме духовната страна како оди еволуцијата и зошто одредени аспекти во однос на телата кои овие кралства на манифестиран физички живот ги поседуваат.

За душата да се развива и да искушува во физички тридимензионален свет, мора да постои во физичко тело кое е создадено од материја од која е самиот физички свет создаден. Постојат седум нивоа во физичкиот свет, но четири главни материи од кои е создаден, тие се цврста, течна, гасовита и плазмична. Доколку душата не го развие своето физичко возило, таа би седела во повисокото астрално тело и би била невидлива за останатите суштества.

Така постојат правила во однос на телата и спојот помеѓу истите.

Првото правило е, виталното тело, кое е пандан на физичкото тело, материјално но создадено од етеричен материјал, е основно тело со кое се придвижува физичкото тело, преку виталното тело се овозможува самата енергија или “сила на живот”, како и растот, со растење на виталното тело, расте физичкото тело. Виталното или етерично тело е спој помеѓу физичкото тело и духовните тела, кои се астралното тело и умот односно менталното тело.

Понатаму второто правило е, астралното или емоционално тело е тело кое е возило за емоциите и чувствата и е изградено од астрален материјал од емоционалниот свет, кој е пак повисокиот свет од повисоката четврта димензија од каде душата доаѓа и заминува од физички живот.

Третото правило е умот, највисокото тело кое е токму менталното тело, преку кое мислата е креаторот на сè

и самото тело е изградено од ментална материја од светот на мислата или менталниот свет од највисока петта димензија.

За да се објасни конекцијата помеѓу виталното тело и физичкото тело, првото кое е мостот тому од научни факти веќе знаеме дека на атомско ниво, постојат големи далечини помеѓу два атоми и дека ниеден атом не се допира со друг и дека секој атом има свој оклоп создаден од етер.

Така минералите немаат витално тело создадено од етер. Токму етерот кој е дел од материјалниот свет ги обвиткува атомите. Затоа животот во физичко тело е проекција и пропагација од повисоко ниво и мора да има одвоено витално тело, но понатаму и астрално и ментално тело. Но во еволуцијата минералите, немаат витално тело затоа што се на почетна фаза. Така само хемиските процеси кои се дел од материјалниот свет од најниско ниво, се присутни кај минералите и хемиските сили се единствени кај минералите.

Во врската помеѓу растенијата, животните и човек во релација со виталното тело, сите овие три кралства кои се повисоки од минералите имаат свое етерично односно витално тело. Но и етеричниот сегмент е создаден од четири поднивоа, растенијата во своето витално тело ги имаат првите две поднивоа во своето витално тело и на тој начин можат да растат но не можат да имаат перцепција за себе и меморија кои се квалитети од повисоките два етерични поднивоа, кои се присутни кај животните и човекот во нивните етерични тела.

Етерични поднивоа на етерично тело:

1. Хемиски Етер

2. Животен Етер

3. Светлосен Етер

4.  Рефлектирачки Етер

 

Ако се префрлиме кај животните и нивните витални тела, ќе видиме дека првите три нивоа на етер се присутни односно активни од четирите веќе споменати. Така животните можат да растат, активност на Хемискиот Етер, да пропагираат преку Животниот Етер кои се квалитети исти како и кај растенијата и го имаат развиено третото подниво на етер односно да имаат перцепција за себе односно Светлосен Етер. Четвртиот етер кој е значаен за мислата и меморијата не е присутен кај животните.

Во гореспоменатото ако направиме детална анализа и споредба со човекот како највисоко духовно суштество и кралство во физичкиот свет, ќе сфатиме и видиме дека сите четири поднивоа на етеричниот дел од етеричното тело се присутни. Преку Хемискиот Етер односно подниво, човек се храни и се развива, со силите на Животниот Етер човек се движи, со Светлосниот Етер чувствува и осеќа и организмот работи преку нервниот систем и мускулите но и комуницира со надворешниот свет. Четвртиот етер односно подниво на виталното тело кое не е присутно во другите пониски три кралства, Рефлектирачки Етер му овозможува на духот полна контрола врз своите тела со мислата и ја чува меморијата. Така човек е највисок.

При раст, виталното тело на растенијата, животните и човекот се издолжува во споредба надвор од физичкото тело, кај човек се издолжува неколку центиметри. Виталното тело е копија на физичкото тело, тоа е тело на силата на животот, или Прана/Prana, објаснета во соодветниот дел за витално тело на страната.

Виталното тело е енергијата и животот, што го држат физичкото тело, но кај човекот постојат и повисоките астрално и ментално тело, затоа човек чувстува емоции со своето емоционално тело и ги креира своите мисли од своето највисоко тело, менталното тело. Етеричното тело се распаѓа во етерот, односно во физичкиот свет од кој е создадено по смртта, но другите две повисоки тела се и во повисоко постоење.

Во одредени случаи на давење или паѓање од висина, етеричното тело го напушта физичкото тело. Под напуштање значи дека се одвојува за момент, во тие моменти, но преку сребрената жица сите четири тела се поврзани кај човек се до смртта. Така во тие одредени случаи овек може да се осеќа како парализиран, во други случаи на анестезија, виталното тело се одвојува заедно со повисоките две тела кај човек, и доколку во тој случај анестезијата е пресилна таа може да доведе до смрт односно до комплетно одвојување од физичкото тело.

Егото, мозокот и нервниот систем се во функција затоа што виталната сила или енергијата се пренесува преку виталното тело до нервите и мускулите на физичкото тело. Ако човек се осеќа изморен или дури парализиран, виталната сила, енергијата не е присутна и не се пренесува во физичкото тело. Во случај на болест, прво се јавува во повисоките тела, но кога се манифестира во физичкото тело, веќе се осеќа слабост, бидејќи енергијата не тече од виталното тело или е со слаб интензитет.

Заклучно со горенаведениот дел ги видовме спојувања на етеричното тело од материјалниот свет во врска со четирите кралства на живот. Понатаму нашето внимание е насочено со врските со астралниот свет, односно емоционалниот свет и астралното тело.

Можеме да заклучиме дека минералите и растенијата немаат емоционално тело. Според тоа немаат капацитет да чувствуваат, да посакуваат и да осеќаат емоции, квалитети од емоционалниот свет.

Кога еден камен ќе се скрши, не осеќа затоа што го нема создадено и изградено емоционалното тело. Доколку кај човек се јави физичка повреда, понекогаш болката е голема затоа што емоционалното тело е оклоп кај човекот. И растенијата болката нема да ја осетат, но духот на целата Земја да, затоа што и планетата има дух. Земјата е подеднакво жива и чувствителна планета како и целиот физички универзум.

Кај човекот емоционалното тело е во зависност од еволуцијата претходно, почиста и посветла боја, значи поголем напредок и поубави и почисти емоции, додека врзување за материјалните и животински апетити значи понизок степен на емоционален разум. Но во животното школо емоционалното тело се развива преку физичкото тело. Емоционалното тело е јајцевидно и може да се види во посебниот дел за ова тело на страната..

Кај сите суштества со топла крв кои се воедно и највисоки во еволуцијата како што е човекот кој што има емоционално тело, и со тоа емоции, чувства и желби кои се енергија, силата тече од близина на црниот дроб кој е центар на астралниот семе-атом. Повеќе во делот за семе-атоми на страната.

Растенијата немаат емоционално тело низ нив не протекува крв, во оваа фаза на еволуција во кралствата на живот, растенијата се водени од групниот-дух односно Group-Spirit кој што не е индивидуално присутен.

Во ладнокрвните животни, кои што имаат црн дроб и црвена крв, постои посебно емоционално тело и групниот-дух ја води насоката на енергијата кон надвор, затоа што емоционалното тело кое е групно е одвоено од физичкото, односно групниот-дух не е индивидуално присутен.

Кога одреден организам, ќе еволуира да го користи сопствениот дух, и на тој начин да ги контролира сам сите свои тела, енергијата кружи внатре и тогаш се јавува пасијата за постоење, односно крвта, која е топла во човековиот организам, судејќи по тоа дека човек е највисок организам кој поседува ментално тело и е индивидуален дух кое другите три кралства не го поседуваат односно кај животните кои се најблиски во еволуцијата, не е целосно комплетирано.

Токму струењето на топлата крв, од црниот дроб на организмот овозможува енергија за внатрешно кружење кое се пренесува на физичкото тело преку емоционалното тело, и од овој емоционален центар во црниот дроб, животните и човекот кои како кралства имаат еволуирано емоционално тело (кај човекот најкомплексно), осеќаат емоции, желби и пасии кои ги носат во семе-атомот на емоционалното тело, но и ги осеќаат истите.

Префрлајќи го вниманието на четирите кралства на живот со светот на мислатта одноосно со менталното тело, минералите, растенијата и животните немаат развиено ментално возило. Животните во одреден дел имаат развиен ум затоа што тие се највисоки до човекот и градат ментално тело, но тоа не е целосно изградено како кај човекот. Мислата е развиена само кај индивидуата тоа е човекот во своето човеково кралство или човештво. Минералите, растенијата и животните се делат на врсти и подврсти и тие не се индивидуализирани на начин како што е човекот.

Минералите, растенијата и животните се делат на врсти и подврсти како што напоменавме, но кај човекот постојат исто толку врсти колку што постојат индивидуи. Секоја индивидуа е своја врста, или “закон за себе”. Во секој човек постои индивидуален дух, тоа сум “јас и ти”, внатрешен дух што ги движи телата од највисоко ментално ниво и тело преку емоции до физичкото тело и етеричното кое е мостот. Кај растенијата или животните, “групниот-дух” или инстинктот, кој не е индивидуален и не е споен со индивидуалните физички тела ја директира врстата на животни од надвор , односно само својата врста, така сите врсти се колективно врзани.

Така групните духови преку инстинктот за манифестираниот живот во минералите, растенијата и животните или трите долни кралства, се лоцирани во астралниот свет и делумно во менталниот свет, кои се проектираат во физичко постоење.

Така духот или душата кај луѓето е таа што ги движи телата преку силата на животот. Но свеста е на различно ниво во сите четири кралства.

Исто така може да се рече дека минералите се “во кома”, растенијата “спијат”, животните “сонуваат”, човекот е понекогаш, само понекогаш буден.

 

Проекција од ментален и астрален свет

 

На следниот дијаграм се гледат сите четири кралства подредени во трите постоења, ментално, емоционално и физичко ниво.

Во ментално постоење, ментален свет, само човекот има свое возило како и во останатите два пониски света. Животните немаат една врска, го немаат умот, менталното тело, растенијата немаат две врски, ментално и емоционално тело, минералите се на почеток на духовната еволуција во физички свет поседувајќи само физички оклоп.

 

Свеста во сите четири кралства

Човековата еволуција, духовна во физички свет која е проектирана од повисоките светови е во контрола на сите четири возила. Физичкото тело е прво тело кое душата го гради, тоа е сега во четврта фаза по густина, виталното во својата трета фаза, астралното тело во втора фаза затоа ова тело кај многу луѓе не е воопшто во својата форма, додека менталното тело е исто така во развој. Кај некои луѓе овие две горни тела се сосема неразвиени иако ги поседуваат, односно ја имаат комплетирано основата.

 

Групен-дух или инстинкт

За групните-духови кои се всушност инстинкт и водилка или патоказ за животните и растенијата вреди да се напомене дека овие две форми се проектираат од астрално односно емоционално постоење како што е веќе напоменато, според тоа се водени од инстинкт односно групен-дух за својата врста, кој што ги води од надвор. Растенијата имаат физичко, витално и емоционално тело, но групниот-дух е инстинкт од надвор и ги води од надвор, односно тој не е локално споен со поединечните пониски тела на врстата, затоа што животните не се индивидуални.

Одличен пример за полесно разбирање е групниот-дух кој ги собира птиците кои мигрираат односно инстинктот од надвор, ги тера птиците да  мигрираат на есен и кон југ, ниту касно ниту рано, за да го избегнат забот на зимата и пример за духовната природа на кралствата на физички живот кои не се индивидуални како човекот.

Дабарите се друг пример, инстинктот односно групниот-дух ги води преку изворот на реката да ја изградат браната под точен агол. Во услови кога дотокот на вода е голем и сите различни карактеристики на околината, операцијата одвива прецизно како инженерство. Тоа се вештини и мудрости од високиот групен-дух, инстинктивните карактеристики кои ги водат животните во физички живот.

Така за разлика од животните, човековото кралство односно човештвото и нашата еволуција е директно врзана со фокусот во материјален свет, каде мудроста е заматена, со други зборови и покрај тоа што човековото кралство е повисоко од животинското, животните иако немаат ум, се водени во неверојатна прецизност, која кај човек изгледа недостижна и покрај менталното тело кое само човек го поседува. Но како што е кажано, сето тоа има директна врска со тоа што човековиот дух е во индивидуален во физички свет, така тој расте и се развива, додека животинскиот или вегетативниот групен-дух функционира од повисоко ниво на постоење и ги води животните и растенија од повисоко духовно ниво, надвор од материјален свет.

Така главната разлика помеѓу човековото кралство и кралствата на животните и растенијата е што човек е свесен за себе, го има своето Его како индивидуалец ги поседува и контролира сите свои возила, душата е во тие возила со кои располага, додека животните и растенијата не се индивидуализирани и свесни за себе, но тие се форми кои се дел од тело и ентитет на повисокиот групен дух кој преку инстинктот ги води во живот.

Така врстите и подврстите на животни изгледаат и многу слично физички, поради тоа што потекнуваат од истиот групен-дух, додека кај луѓето не постои сличен човек, близнаци се разликуваат по карактер, душата е секогаш индивидуална и духовната еволуција кај луѓето која е највисока и најдолга на Земјата е со карактеристики кои се целосно индивидуализирани и човек е господар на себе, како највисок духовен ентитет во физичко постоење.

Во четвртиот дијаграм и сликата прикажана горе, уште еднаш се гледа дека кралството на растенија го има најниското возило во менталниот свет, и свеста кај ова кралство е како спиење без сон. Во групниот-дух кај минералите, кои поседуваат само физички оклоп статусот на свеста е како несвесна природа односно “транс” фаза.

На тој начин човек како индивудалец е највисок и одделен од другите три кралства, иако влече директна еволуција од овие кралства, но и фактот дека сите се поврзани, затоа што свеста е една. Човек е воден одвнатре каде во секој од нас се наоѓа душата и преку срцето и крвта силата протекува навнатре, додека кај растенијата и животните процесот е обратен и тие се водат од надвор затоа што духот е групен и не е индивидуален во секое вегетативно или животинско тело/оклопка.

Така за крај следува заклучокот, човек е превртено растение. Растението ја зема својата храна од коренот, човек ја зема својата храна преку главата. Растението се испружува кон сонцето, човек како свртено растение кон центарот на земјата. Растението, енергијата на животот ја зема преку земјата и коренот.

Животното е симболично на хоризонтална линија и се наоѓа во духовната еволуција и физички помеѓу растенијата и човекот. Р’бетот е хоризонтално поставен поради силата која се зема од земјата. Ниедно животно не може да стои во исправена позиција, односно така да постои затоа што струјата од групниот-дух не може да го води, тоа би бил индивидуалец како што е човек.

Така индивидуалниот дух. човекот има вертикално исправен р’бет, вертикално поставено грло, каде човек ги има способностите за говор, и крва која струи и која е доволно топла на тој начин човек чувствува и го има и највисокото ментално тело на располагање.