Сакајќи се себе, сакаме и прифаќаме сè околу нас. Единствениот пат за посреќен живот е да се сакаме себеси и со тоа да го прифатиме моментот во времето таков каков што е. Доколку одредени ситуации не можат да се променат тие треба да се прифатат. Прифаќајќи се себе ги прифаќаме сите околу нас, сакајќи се себе ги сакаме сите околу нас, без разлика на разликите, материјалните и филозофските разлики кои не одделуваат едни од други.
Да се сакаме себе, значи да се прифатиме себе, значи да бидеме во мир со себе, значи да ги прифатиме дргугите и да бидеме во мир со другите.
Почитта пред себе е најголемата човекова доблест, човек да биде способен да сака мора да се прифати и да се сака себе.
Кога сме спремни да се сакаме, ние го препознаваме моментот и започнуваме да се соочуваме со себе. Најдобар начин да дојдеме до вистината е да спознаеме практично оти не е возможно да бидеме во мир со другите луѓе доколку не сме во мир со себе.
Да се сакаме и почитуваме себеси е всушност голема доблест, одговорност и храброст.