Во физичка манифестација, тоа што е далеку од светлината, е всушност темнината и се поврзува со ниска физичка осцилација и вибрација, така и духовна.
Човековите особини како страв, љубомора, омраза и гнев се всушност најниската и најдолната енергија која е токму најслаба. Тоа се карактеристики кои привлекуваат исти карактеристики бидејќи истото се привлекува по законот на привлекување и манифестирање односно атракција.
Стравот е особина која се привлекува во моментот кога сме далеку од нашиот внатрешен кормирал, кога сме далеку од нашата душа, кога сме затворени за космичката и духовна енергија на животот, и кога сме изолирани и сами, не дозволувајќи до нас да допре светлината, духовната светлина.