1. Душата во тела

Душата се наоѓа во срцето, во семе-атомот во срцето и се инкарнира преку своите четири возила. Душата е сè што човек има, таа доаѓа во физички живот без материјални добра и го напушта физичкиот свет на ист начин.

Во душата се наоѓаат сите искуства што човек ги носи во својата духовна еволуција. За функционирање во живот важни се телата, од кое физичкото е главно за во физички живот. Целата креација, сите желби емоции сите длабоко во душата, но и балансот или кармата на животот, се манифестираат преку физичкото тело.

Три се возила кои ја пренесуваат свеста, виталното тело е тело кое ја пренесува само енергијата на животот наречена “Прана/Prana или Виталност”. Физичкото, виталното, емоционалното и менталното тело се телата, со кои вашата, твојата душа ќе го собира и подоцна пренесува целото искуство значи дека сите четири тела се подеднакво важни и се надополнуваат. Ова надополнување воедно значи и дека душата го искажува својот карактер преку сите четири тела.

Менталното тело е важно како прв процес, за пропагација на мислата низ подолните тела.

Емоционалното тело е директно поврзано како мост помеѓу менталното тело од каде мислата буквално се пренесува во енергија односно емоција спремна за манифестирање во и преку физичкото тело.

 

Душата како сведок

Душата е свеста или свеста е во душата, индивидуалната свест е дел од колективот, таа е сведок на настаните што секој од нас го опкружуваат. Затоа можеме да заклучиме дека човек е сведок, затоа што настаните и сè што човек го опкружува, се пренесува преку душата и преку материјата во физичко постоење искушува создавајќи, па така душата пренесува искуство кое го собира директно преку телата. Сведок значи да се искушува и да се собира искуство преку кое духовната еволуција на човек ќе напредува. Секој индивидуален човек има своја индивидуална духовна еволуција иако е дел од колективното духовно човештво. Еволуцијата на свеста е и во спознавање за своето постоење, така човек е највисок сведок за своето индивидуално но и колективно постоење,, тој спознава, свесен е за себе и преку душата еволуцијата продолжува да го носи кон разбирање за своето повисоко постоење.

Душата во која е скриеното целото иднивидуално богатство е своеврстен извор од кој креацијата ќе се манифестира.


 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *