Астрален свет или астрално ниво, опишано како емоционално, налик физичкото кое е опишано како материјално или четвртата димензија на постоење над физичката тродимензија или физички свет, кореспондира со астралното односно емоционално тело и астралната материја од која е создаден овој свет и нашите астрални тела, кореспондираат со физичката материја од која е создаден физичкиот свет, но и самото материјално односно физичко тело.
Астралното ниво е свет на повисока димензија на креацијата, на природата и “се-постоењето” во која самите честички вибрираат на повисока осцилација односно фреквенција и со тоа бидејќи тука постојат четири димензии нема линеарно време врзано за место, туку се се случува инстантно со помош на волјата односно емоциите, затоа што физичката материја каква што ја знаеме во материјален свет не постои во цврст облик, туку астралната полесна материја постои во вид на течен или плазмичен облик кој се манипулира односно изменува на различен начин.
Најстарите учења говорат за фактот дека постојат седум нивоа на постоење, при што физичкото или материјално ниво е најниското ниво на постоење. Второто ниво е астралното или емоционално ниво за кое уште може да се нарече дека е цел астрален свет. Само за потсетување дека над астралниот свет постои менталната и висока петта димензија, создадена од ментална материја и каде душата постои во своето ментално тело.
Потсетување дека во секое ниво на постоење постојат седум нивоа, што е веќе познато во физичкиот свет: атомско, под-атомско, етерично, супер-етерично, гасовито, течно и цвсто, па така во астралниот свет постојат седум нивоа од кои првото е атомско и според осцилациите тие се зголемуваат. Така и самите седум нивоа на постоење се разликуваат по осцилациите, каде во физичката димензија тие се најниски.
Во теологијата најчесто споменатите термини “рај” и “пекол”, се всушност под-нивоа на висока и ниска вибрација во астралниот свет, во зависност од енергијата и енергетските тела на душите кои привлекуваат слични желби и души па така и во материјалниот свет постојат различни реони каде сличностите се привлекуваат.
Називот “astral” е со потекло од Грчки и значи “релативно на ѕвезда” и се користи во старите цивилизации за објаснување на рајот на нивните богови. Тоа е астралниот свет, во повисоката четврта димензија, енергетски свет како и физичкиот, но каде материјата не е цврста и се манипулира на различен, емоционален, мисловен и многу по конкретен начин.
Астралниот свет е комплетно реален за астралните луѓе исто како што е физичкиот комплетно реален за физичките луѓе, со тоа што нашето астрално тело по завршување на физичкиот свет се префрла во астрално постоење.
Астралното тело е создадено од астрална материја и супстанција од многу високо ниво на вибрација, што го прави ова тело транспарентно и буквално многу полесно од физичкото и е создадено од многу чиста материја, и од тука доаѓа зборот “дух” затоа што ова тело личи на дух. Астралното тело е енергетско тело како и физичкото со седум енергетски центри-чакри и своја аура во зависност од мислите, емоциите исто како и физичкото тело.
Детален опис на астралниот свет
Астралниот свет е подеднакво реален, фиксиран и постои исто како што физичкиот свет е реален, фиксиран и постои. Исто како што и пареата е реална како што е и водата или мразот, така даваме пример за астралниот свет во споредба со физичкиот.
Компарацијата со материјалниот свет е полесна, па така во астралното тело и во астралното постоење реалноста е иста како и во физичкото тело и во физичкото постоење. Затоа за полесно разбирање, земаме во предвид дека астралниот свет не е воопшто илузија или нереален и така сите нивоа на постоење се комплетно реални каде свеста се манифестира и се адаптира во околината.
Астралниот свет има географија и цели астрални ентитети како што се физичките на пример држави, знаменитости и слично. Сите астрални луѓе имаат обврски, свој живот и се подеднакво реални исто како што се и физичките луѓе, но всушност, тоа сме ние по завршување на физичкиот живот односно престанок на функционирање на физичкото тело. Така астралниот свет е засебен регион но во многу креации има директна конекција со физичкиот свет во однос на тоа што постои таму од одредени објекти, знаменитости и сл., додека во друг контекст нема воопшто. Патувањето тука не е линеарно и по дистанца, поради четвртата димензија која е еден вид на холограмска слика и со помош на волјата и интенцијата се покрева вибрацијата на астралното тело и во истиот момент пред вас се добива сликата, односно регионот каде што сте наумиле да одите. Да, ова е реално и постои но од физичка-материјална перспектива невидливо бидејќи нема солиден научен доказ затоа што е повисоко постоење од иста природа, но научно и теориско објаснување е возможно. Време-просторниот ентитет е присутен затоа што постојат и старите три димензии, но со помош на поголемата четврта димензија патувањето е само во моментот затоа што тоа и само постои “момент”, во третата димензија на нашиот физички свет, секојдневно се среќаваме со илузијата на време-просторот и забавените осцилации и затоа е потешко да се разбере животот како “момент” и “сега”,но всушност тоа е се што постои од иста природа и од иста креација, но различно манифестирано и интерпретирано. Населението е главно од физичкиот свет но и населеници што се староседелци во астралниот свет затоа што никогаш не се инкарнирале во физичко постоење.
Тука вреди да напоменеме дека за инкарнацијата важи едно генерално правило, колку е поголемо нивото на напредок на самата душа, напредок кој се гледа по боите на аурите на астралното и менталното тело толку е подолг периодот за нова реинкарнација. Исто така по завршување на целите во астралниот свет одредени души се префрлаат во менталниот свет, менталното тело како повисоко постои и во астралниот свет но е невидливо, па така развојот и растот на душата продолжува на ментално ниво во петтата димензија.
Така астралниот свет е поделен во неколку нивоа според осцилација, но во повисоките нивоа, животот е како од бајките и соништата, со неверојатни бои, објекти, цели региони и природа која е жива и постои, замислена пред се од умот и менталната димензија но на самото население. И за новодојдените во овој астрален свет и живот, почетокот е чуден затоа што транспарентни се сите објекти, се патува со мисла, се комуницира со тепелатија, желбите и мислите никогаш не се скриени затоа што астралното тело не е материјално, но се гледа енергијата, која во материјално постоење е скриена. И навистина, рај од соништата, ѕвезден свет, домот на душата по заминување од овој свет.