6. Четири нивоа на свеста

За подобро разбирање на свеста, треба да се направи појасен концепт за нивоата на умот. Лесно е да се гледа човек како свесен ум, но иако умот е секогаш свесен на некое одредено ниво, човекот не секогаш е свесен за својот ум. Најчесто луѓето се свесни за својата површна свест, односно “разбудената” свест или свеста на умот која ја користиме за секојдневно живеење.

Умот е комплексен и се дели на четири нивоа кај индивидуата и се работи за повисок ум надвор од физичко постоење во сите четири нивоа на свеста, тоа се “површната свест/waking conscious”, “подсвеста/subconscious”, “суперсвесниот ум/superconscious mind”, како и највисокиот ум “врховната мудрост” или Supreme Wisdom.

1.Површата свест е делот на умот што го користиме за секојдневно функционирање и најчесто ги следиме сите настани во одминатото време што се случуваат во нашиот живот.

2. Под-свесниот ум е дел од подвеста. Самиот концепт на подсвеста се дели на неколку функции кои ги обавува:

Автоматско контролирање на функциите на физичката форма односно нашето физичко тело.

Дел од суперсвесниот ум што ги чува мемориите и ги носи во функционирање во свесниот ум на површно ниво.

3. Супер-свесниот ум ја држи целата “библиотека” или панорама за животот и искуствата на индивидуата. Таа е човековата најскапоцена книга на животот во едно. Се дели на на три аспекти:

-Површно свесен ум

-Под-свесен ум

-Поле за каузална сила или “The causal force field”, од највисокото ментално ниво, каузалното ниво на менталниот свет.

4. Врховната мудрост или Supreme Wisdom е поле на свеста кое ја опфаќа секоја индивидуа, дом на “Monad” највисокото ниво надвор од формата или домот на вистината и благодетот, над каузалното ниво.

 

Површната свест на умот

Центарот или седиштето на површната свест е епифизата или пинеалната жлезда/pineal gland којашто воедно е дом на менталниот семе-атом, дел од душата на ментално ниво. Овој физички дел од мозокот е исто така конечна точка на спој помеѓу сребрената жица од менталниот дел која што од мозокот се спојува со каузалната суперсвест или третиот дел од свеста.

Поимот “Надиси/Nadis” или етеричните нервни ништи се проектираат преку менталното поле и се влеваат во клетките лоцирани во задниот и централниот дел на церебралниот кортекс каде постојат сите центри за сетила, како што се, центарот за вид, центарот за слух, говор центарот и центар за спиење итн.

Површниот дел од свесниот ум оперира преку церебралниот нервен систем. Умот којшто искушува некои настани кои што ги перцепираат сетилата како што се гледањето, слушањето, вкусувањето, чувствувањето и мирисањето се регистрираат како ментални импулси кои што се влеваат во клетките на умот и патуваат до суперсвесното поле-сила на каузално ниво, преку “надис/nadis”, односно етеричните нервни ниши од етеричното тело. За да се врати меморијата на настаните повторно во површната свест од меморијата којашто седи во суперсвесниот дел, ментален импулс е покренат преку сензација на сетилата, па така преку суперсвесното поле-сила на каузално ниво се случува повратна вибрација. Импулсот патува надолу преку етеричниот дел во етеричните нервни нишки, каде се поврзува со мозочните клетки. Вибрацијата во суперсвесниот дел ја прави истата вибрација како во одредениот центар на мозокот. Одредениот центар во мозокот респондира на вибрацијата на менталната супстанција и човекот запомнува.

Сличен пример може да се поврзе со тон на музичка скала. Тонот е звукот на менталната супстанција која што се испраќа како вибрациски импулс преку етеричниот дел и се спојува со одредениот центар на сетилата во мозокот. Одговарачкиот неурон вибрира на тонот што го добива.

Самиот физички мозок и дел од физичкото тело нема сила самиот да запомнува или мисли, без повисокиот спој со повисоките тела и повисоката индивидуална свест. Мемориите не се чуваат во мозочните клетки ниту овие клетки реагираат на импулсите што ги добиваат од повиската свест на супер-свесниот ум или од околината. Мозокот функционира како трансмитер или станица на патот каде мемориите и самите импулси патуваат или течат.

Умот и кармата

Пример околу стравот или фобиите, се појавуваат кога душата или семе-атомот во срцето ги испраќа импулсите во мозочните клетки и тие ги активираат мемориите. За потсетување супер-свесниот ум или третиот висок дел од свеста е дел од суперсвесната поле-сила на монадично ниво односно “Monad” делот од највисоката четврта свест.

Душата во срце-атомот испраќа слики, преку крвта и тие ги допираат мозочните клетки кои што се дел од етеричните нервни нишки и се активира одреден страв од минати настани. Колку повеќе одредени настани се повторуваат се креираат опсесии или фобија и човек станува заробеник на себе и на својот ум.

 

Подсвесен ум

Подсвеста се дели на две главни операции или функции:

Едниот дел што оперира преку нервниот систем автоматски ги контролира сите функции на физичката форма, срце-биење, дишење, за кои не сме свесни на површно ниво.

Делот што оперира преку церебралниот р’бет, враќајки ги мемориите во свесниот ум на површно ниво.

Така, суперсвесната супстанција на умот тече преку каузалното суперсвесно поле-сила во фронталниот дел на главата кај хипофизата на мозокот. Хипофизата има два дела и се дели по две функции:

Фронталниот дел споен со нервниот систем, тука хипофизата автоматски ги контролира функциите на физичката форма, но само диригирани преку душата односно семе-атомот во душата, која испушта слики врз основа на поранешната карма.

Другиот дел е споен со церебралниот дел и површната свест но исто така и со соларниот плексус и астралниот семе-атомот којшто ги испраќа кармичките слики врз основа на човековите волји и желби.

На тој начин човековата подсвест е контролирана според поранешната карма но и според кармата што си ја креираме секојдневно.

За подобро објаснување прво дел од суперсвеста што ги прави функциите на физичката форма да фунцкионираат автоматски без свесна мисла, како што е дишењето, циркулацијата, дигестивниот процес се аспекти на суперсвеста комплетно под доминациија на делот на сребрената жица која што ја спојува  душата и семе-атомот во срцето со “Monad” над менталното постоење.

Понатаму, подсвесната супстанција на умот патува надолоу кон нервниот систем што се спојува во соларниот плексус и повторно во коренскиот мозок. И хипофизата и коренскиот мозок во репродуктивниот центар се во оваа фаза на човековата еволуција под влијание на суперсвесниот ум што работи преку нервниот систем. Хипофизата на тој начин го ослободува протокот на хемиски супстанции и тие предизвикуваат самиот жлезден систем да ги ослободи соодветните хормони во текот на физичката форма на човекот.

Да го разгледаме и вториот аспект на подсвеста. Веќе е речено дека подсвесната умствена супстанција тече надвор од суперсвеното поле-сила во фронталниот дел на мозокот каде се спојува со хипофизата.

Ако земеме пример дека самиот семе-атом во срцето испраќа слики на страв, овој импулс патува до фронталниот дел на мозокот од каде влегува во контакт со мозочните клетки преку етеричниот дел. Така мозочните клетки проектираат слика и епизоди во суперсвесниот дел и на тој начин со ова објаснување доаѓаме до заклучок дека човек има два дела каде ги чува своите мемориите едниот во суперсвесното поле-сила на највисокото четврто ниво на свеста и другиот е снимката во семе-атомот на самата душа во срцето. На тој начин ова се дупликати и се што е запишано во душата односно во семе-атомот во срцето се рефлектира во акашките рекорди “akashic record” на суперсвеста.

Така како што е веќе напоменато, кармичките слики излегуваат преку семе-атомот во срцето и се пренесуваат во крвниот систем па така и бришење на одредени кармички рекорди во срце-атомот значи и нивно бришење во клетките во мозокот илли во суперсвесниот дел, на тој начин се отвора можност за отворање на “третото око” или the Third Eye, кое што на патот на еволуцијата постанува дел од седиштето на третото ниво на свеста или суперсвесниот ум.

 

Суперсвесниот ум

Третото највисоко ниво е “суперсвеста”, седиштето на “акашичките записи” или Akashic records, односно куќата на меморијата за се што некогаш се случило. Тука се чува и лошиот и добриот спомен односно меморија на менталното високо каузално ниво. Само чистите суштински мисли влегуваат во полето на високата четврта свест каде се гради каузалната форма односно тело на човекот, највисокото душевно тело, кое е високото ментално тело над астралното и првото ментално тело. Суперсвесниот ум го наоѓа своето место за контакт низ целата област на третото око, таламусот, третата копомра, хипофизата и пинеалната жлезда.

Високиот дел на суперсвесниот ум е каузалното поле односно највисокиот четврти дел на свеста. Се искачува нагоре до “Monad” каде индивидуалноста дели со Бог и севкупната креација преку која индивидуата е споена преку сите свои четири тела со сребрената жица. Суперсвесниот ум ги држи во меморија сите искуства, сеќавања на индивидуата, секоја желба и се што е сторено. Тоа е воедно книгата на животот и книгата на судбината во едно, се што е креирано, помислено, речено и слушнато. Душата така пренесува се што искушува и сето искуство се запишува преку семе-атомот во срцето и се пренесува со сребрената жица.

Суперсвесниот ум е поделен на три категории:

Каузалното поле-сила кое презема само добра мисла односно искуства на индивидуалната душа.

Потсвесниот ум е делот на суперсвеста што ги абсорбира во себе сите стравови, обсесии емоции кои што ја стагнираат душата во својата еволуција.

Површната свест е умот што го користиме за секојдневни задачи во време-просторниот ентитет на физичкото постоење.

Така откако дневните активности се искушени од површната свест тие се пренесуваат на суперсвеста и овие настани се зачувуваат како мемории според нивната вибрација. Повисоката вибрација односно убавите искуства одат до каузално ниво, додека негативните настани стојат во потсвесниот дел.

На тој начин постојат три дела односно зачувување на се што правиме во суперсвесниот ум.

  1. Каузалното поле-сила што ги собира сите чисти мисли, љубовта и поврзаноста на душата, добрите нешта, на тој начин се гради виисокото ментално тело или каузално тело. Градењето на ова тело е само преку добра мисла која е висока вибрација како таква се префрла во каузалниот свет, преку астралниот и менталниот, духовниот развој ја прави индивидуата да достигне ниво кога нема да има потреба да се враќа во физичка форма и физичко тело. Кај мнозинството луѓе каузалното тело е на сам почетен развој.

  2. Суперсвесното поле-сила каде лошите мисли се абсорбирааат и сттануваат обсесии или фобии ии креираат карма во астралното тело.

  3. Површната свест и нејзиното поле-сила е делот на мислите што не се ниту добри или лоши, туку се работи за генерално свесно колектирање на информации преку учење и она што се поминува низ текот на денот.

Врховната мудрост, највисокиот ум

Спојот до умот, до каузалното поле-сила на индивидуата или четвртиот највисок дел на свеста.

Седиштето на целата свест која е колективна, од каде индивидуалната свест се спушта преку сребрената жица до семе-атомите во умот, срцето, соларниот плексус и опашката. Центарот на блескавоста, светот на боженствената креација, највисокиот ум, дел од целиот колективен ум на Бог. Од суперсвеста спојот е со највисоката свест од каде човек ја има својата ментална аура. Вистинскиот квалитет за кој мнозинството луѓе во досегашната еволуција не се свесни. Уште наречен “Adi-budha”, или во превод “врховната мудрост”.

Суперсвеста е воедно мост помеѓу површната свест и високиот ум наречен врховна мудрост. Во денешно време, човековата свест е лимитирана и човек не е свесен за својата повисока или подлабока свест односно повисоко постоење.

Така за пример, човек со кралството на животните, во кое спаѓаат сите животни од духовниот свет, комуницира исклучиво преку глас но и преку своите емоции. Животните ги чувствуваат емоциите на љубовта или неговата омраза, не преку зборови туку преку интуицијата и истото е точно обратно, човек може да комуницира со Бог само преку интуиција. Човек понатаму во еволуцијата не може да го негира својот повисок ум, исто како што не може да ги негира животните затоа што тие чувствуваат иако не зборуваат. Квалитетите на повисокиот ум се тука и тие можат да бидат перцепирани од површната свет преку интуиција, љубота за Бог е исто како што е љубовта на човек кон животните, во овој даден пример.

Интуицијата е ретка комуникација во нашите животи, длабока комуникација помеѓу површниот ум и врховната свест или највисокиот ум. Тоа е инспирација, подлабок поглед, генијалност или спиритуално просветлување во моментот кога вените на свеста се поврзани. Секој мистик, духовен водич, генијалец, научник е свесен за моменталниот спој на површната свест со колективната свест на врховно ниво. Тој е свесен за акциите на интуицијата која што е како светлина за игнорантноста со разбирање и ментална сила.

Еден начин да се дојде до силата на високиот ум е преку медитација, спуштање на светлина и блескавост од колективниот, врховен ум во индивидуалната површна свест. Така највисокиот ум е резервар на вистината и човек не треба да оди далеку или да бара далеку, туку само треба да се спои со својот повисок ум, дел од колективното постоење.

За крај, разликата помеѓу суперсвесниот ум или највисокиот ум односно врховната мудрост е во тоа што врховната свест е највисоката вистина додека суперсвеста е како претставник, во светот на формата и материјата односно физичкиот свет, и така врховната свест го просветлува површниот ум, преку интуицијата во еволуцијата која расте и допрва се развива.

Можеме само да заклучиме дека површната свест е ум на игноранција и илузија, додека суперсвеста е дел од делумна вистина но вистинскиот дом на сите три нивоа на површната свест, подсвеста и суперсвеста е каузалното поле-сила каде врховната мудрост е целата вистина, креација и светлина. Душата од каде доаѓа, сега изгубена во илузија нејзината цел е повторно да се спои со изворот но и да се врати во него.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *