Проекција како спиритуален сајт за духовно здравје може да даде основен вовед во медитација, техника која е најбитна за внатрешниот дух.
Медитацијата обично се опишува во историјата како езотерична практита за спиритуален развој но во последните години станува важна за секојдневен живот.
Се користи се повеќе како главна алатка за намалување на стрес и потешкотии во животот. Самата медитација влече корен внатре каде човек навистина постои душевно.
Медитацијата е практика, практика за свесен момент, за фокус и присутност во моментот и постојат многу различни техники. Медитацијата дури не се прави туку се чувствува односно се осеќа индивидуалното постоење, целта е токму таа, свеста да се насочи внатре во себе.
Медитацијата всушност не е стопирање на емоциите и мислите туку токму фокусот во моментот и присутноста, и покрај мислите и емоциите што доаѓаат, внатрешниот мир се бара во себе и покрај околината.
Умот ќе создава мисли и асоцијации, поентата на медитацијата не е стишување на умот туку токму фокус на свеста на нашата свеста длабоко во себе, душевен мир преку себе и во себе, без разлика на околните фактори.
Умот мора да биде слободен да размислува, срцето да чувствува и преку телото да се канализира, но важна е свесноста и присутноста, духовниот развој не е всушност само развој на физичкото, емоционално и ментално тело, туку значи и развој на петтото каузално или високо ментално тело.
Медитацијата е како сведок, да се биде сведок, да се остави се што доаѓа да помине без отпор, се што доаѓа да се прифати и да не се суди сите мисли и емоции сите мисли што може да бидат и лоши и добри. Што и да се појави се работи за искуство преку кое нашата свест може да расте и да еволуира. Но свеста и постоењето не се субјективни како егото и умот, туку субјективни така душата не суди што е добро и лошо. Се работи за искуство кое е важно и се што се случува е важно да се прифати и да помине, медитацијата е практика за себе-постоењето и полесно прифаќање.
Медитацијата е фокусирачка присутност, не се работи за умствена отсутност или умствена блокада. Присутноста и фокусот се природна и духовна норматива, но умот и егото владеат со човековите тела повеќе од потребното.
Медитацијата така ни помага да се врати во природната духовна состојба да се биде присутен и фокусиран во моментот и тука.
Ако само за момент застанеш и останеш да се почуствуваш тоа што си, да го прифатиш своето постоење во моментот таквко какво што е, сите проблеми наеднаш исчезнуваат затоа што моментот е се што постои. Но потребна е практита и време за да се напредне во вежбите.
Така медитацијата не е еден вид на спортска вежба туку состојба на постоење во моментот, да се насочи свеста на моментот без да се прави некоја активност. Само така може човек да се открие внатре во себе, да дозволи креацијата и слободата да го владеат.
Медитацијата е слобода и прифаќање без агенда, очекувања и судења, се прифаќа моментот и се насочува, секако постојат многу техники кои се индивидуални, вежбите започнуваат со помало ниво на свесност кон се повеќе одвоено време.
Лотус позиција
Во позицијата на лотус или цвет, која е најдобра за медитација и за длабоко искуство од самата медитација поентата на самата позиција на седење е што телото односно долните делови од екстремитетите се испружуваат и грбот се исправа при што енергијата мора и треба правилно да се движи преку сите седум енергетски центри.