Материјата, физичката материја е врзана за свеста, така физичката материја постои кога свеста е присутна, материјата е илузија и нејзиното обликување е духовен аспект во еволуцијата на свеста, иднивидуално преку кралствата на живот и човекот како највисок, кој е свесен за себе.
Понатаму осцилацијата на атомите ја креира материјата која е набљудувана од свеста. Во физичко постоење и во поднивоата на физичкиот свет осцилацијата е доволно ниска за разделеноста да стане еден вид на реална илузија наречена материја.
Физичкиот свет ни е познат на сите, но во овој дел ќе се задржиме на најважните поделби кои се делумно невидливи за човек и за човечките сетила.
Знаејќи дека материјата, односно физичката материја не постои на квантно ниво, можеме сепак да направиме поделба на поднивоа на физичкиот свет.
Како и повисоките постоења во астрално и ментално ниво така и физичкиот свет е поделен на седум под нивоа на соодветна материја која е во повеќе форми.
Тие се цврста, течна и гасовита, хемиски форми кои се најгусти и четири етерични форми од етеричниот дел на физичкиот свет.
Физичкото тело е создадено од првите три форми, додека етеричното (витално) тело на човек е создадено од етеричните четири форми или етери на материјалниот свет.
Како главна поделба ќе се задржиме на следното. Поделба на два главни дела на физичкиот свет и тоа:
1.Хемискиот дел и регион на физичкиот свет
2. Етеричниот дел и регион на физичкиот свет
Хемиски дел на физички свет
Трите материјални нивоа на материја, цврста, течна и гасовита форма се дел од хемискиот дел на физичкиот свет. Сите три хемиски нивоа на материја се конституенти од земјата и како такви се наоѓаат во сите четири форми на живот односно кралства од најниското ниво:
1.Минералите
2.Растенијата
3.Животните
4.Човекот
Сите физички тела односно оклопки на минералите, растенија, животните и човекот се изградени од хемиските супстанции односно трите дела од земјата во цврста, течна и гасовита форма.
Така може да се даде обсежен пример, дали ги гледаме планините или облаците, растенијата или крвта на животните, плетенките на пајаците, крилјата на пеперугите или коските на слоновите, дури и воздухот што го дишеме односно водата што ја пиеме, сите се дел од иста хемиска супстанција во физичкиот свет.
За повторно да нема забуна хемискиот дел е различен од етеричниот дел но двата се материјални, етеричниот е невидлив за човековите сетила.
Манифестацијата, духовната манифестација на свеста постои во напоменатите четири кралства на физички живот, во различна фаза на свест и развој, така хемиската материја која е во трите напоменати форми ги обликува четирите кралства на минералите, растенијата, животните и човекот како највисоко духовно суштество.
Етеричен дел на физички свет
Етеричниот дел на физичкиот свет е дел невидлив за материјалниот хемиски дел, невидлив за сетилата и спој односно мост со повисокото астрално постоење и астрална материја.
Етеричната материја е дел од физичкиот свет, етеричното тело кое е второ тело по физичкото во три кралства на живот и тоа кај растенијата, животните и човекот е создадено од етерична материја која е физичка но невидлива.
Четирите постоечки етери се дел од етеричните тела на трите кралства на физички живот според развојот на телата само некои четирите се присутни кај растенијата и животните, додека кај човекот сите четири материи се присутни во етеричното тело. Така заедно со трите хемиски материи го создаваат физичкиот свет со седумте поднивоа.
Четири физички етери:
1. Хемиски (електричен) етер -Chemical Ether
2. Животен етер-Life Ether
3. Светлосен етер-Light Ether
4. Рефлектирачки (ментален) етер-Reflecting Ether
1.Хемиски (електричен) етер
Хемискиот етер или уште наречен електричен е и позитивен и негативен во манифестација. Тоа се силите што прават асимилирање и екскреција. Првиот етер е најтежок во однос на материјалната етерична субстанца, и најниска од сите четири физички етери која ги обвиткува атомите во физичко постоење. Првиот етер односно хемискиот или електричен е задолжен за сите канали на физичките сили со кои науката е во согласност тоа се струја, магнетизам, топлина, звук, светлина, движење и магнетни зраци но и космички зраци.
Манифестацијата кај човек во позитивен и негативен аспект е во однос на потсвесниот ум.
Позитивниот дел е во однос на асистенцијата и законот за привлекување преку кој сите материи и елементи кои се потребни на физичкото тело се асимилираат во него. Целата функција на асимилација преку позитивниот пол му помага на телото да ги земе сите материјални елементи за користт.
Целата функција е директирана преку потсвесниот ум. Преку него се контролира балансот и растот на телото. Ако позитивниот пол на електричниот етер не се го манифестира овој баланс, може да се јави болест во ендокриниот систем, тироидна и питуална жлезда.
Преку позитивниот пол на хемискиот односно електричен етер човек започнува координација на своето повисоко тело или дух, астралното тело. Ако човек на етеричното ниво од материјалниот свет ги има усовршено потсвесно сите четири етери од кои е создадено неговото етерично тело, како највисоко духовно суштество од сите четири кралства, човек добива висока свест за физичкиот и астрален свет.
Негативниот пол е задолжен за негативниот дел од електричниот етер кој што е задолжен за ексрекција односно исфрлање на непотребните материи од физичкото тело. Целата операција е несвесна и се врши преку потсвесниот ум како и сите внатрешни процеси во телото, така и во дигестивниот систем каде овој етер врши функција.
2.Животен етер
Знаејќи дека сите четири етери се канали, животниот етер е канализирање на енергијата на животот уште наречена Прана/Prana која поминува и е мост помеѓу повисоките тела и преку етеричното тело до физичкото тело. Тоа е изворот на виталноста на целиот живот на сите форми во физичко постоење.
Оваа енергија на животот е поларизирана во репродуктивните органи кај мажите и жените и се манифестира исто како и електричниот етер преку позитивен и негативен пол.
Позитивен пол оперира кај женските форми и функциите за репродукција. Активен е во периодите, по раѓање на дете телото се враќа во нормалниот женски-негативен аспект, во репродукцијата жената станува позитивен креатор преку активноста на оваа виталност.
Негативниот пол оперира преку виталноста и се манифестира во сперматозоиди кај мажите, каде силата на виталностста се комбинира во двата пола позитивен и негативен во репродукцијата меѓу маж и жена, во сите други аспекти негативниот пол е застапен кај жената, позитивниот кај мажите, но само во репродукцијата кај мажите оперира негативниот пол.
3.Светлосен етер
Светлосниот етер е канал за космички сили но главно канал преку кој астралната светлина проаѓа и која ги обликува физичките атоми преку етеричната материја. Овој етер е од големо значење за емоционалната природа на човек, кој располага со емоционално (астрално) тело заедно со животните кои пак се пониско кралство во физички живот.
Мора да се потсети дека и во астрално и ментално ниво постојат етери кои се мост меѓу себе.
Светлосниот етер во материјален свет ја врзува емоционалната природа со емоционалниот центар во телото, кој е лоциран во солариниот плексус во близина на црниот дроб. Од тука енергијата тече директно во срцето, црниот дроб е директен примач на емоционалната енергија преку крвта и потоа се пренесува во срцето.
За потсетување во соларниот плексус се наоѓа токму семе-атомот на емоциите, тоа е дел од душата која е семе-атом лоциран во срцето. За повеќе во посебните артикли во семе-атоми.
Преку светлосниот етер во физички свет и кај живите форми се манифестира и енергијата Кундалини\Kundalini сила која е повисока од струја, повисока и од прана.
Позитивниот аспект на светлосниот етер е генерирање на топлина во крвта која се манифестира кај човек и кај повисоко развиени животни, при што ги прави иднвидуален извор на топлина.
Така топло-крвните животни од кои човек е наследник во своето физичко тело, се директно поврзани со светлосниот етер.
Исто така во кралството на растенија кај кои сите врсти немаат емоционално тело, позитивниот пол на светлосниот етер се манифестира преку циркулација на течности кај одредени врсти и подврсти на растенија.
Во негативниот аспект на светлосниот етер, кај ладно-крвните животни фазата на еволуција сеуште не достигнала ниво со кое ќе се овозможи потенцијалот на крвта која е трансмитер помеѓу срце-атомите односно душата и телото, или течните материи кај одредени врсти и растенија како посебно кралство. Температурата на овие врсти на животни, варира со температурата на воздухот или водата во која живеат. Светлосниот етер е канал за пренос на космички сили. За време на летните месеци кога космичките зраци на летното сонце се многу силни во однос на овој етер како траснмитер одредени течности кај растенијата течат слободно овозможуваат нов живот во кралството на растенија.
4.Рефлектирачки (ментален) етер
Највисокиот етер во материјалниот свет или познат како атомски етер, овозможувајќи мост помеѓу физичкото тело и менталното тело кај индивидуата односно кај луѓето како највисоко кралство. Тоа е канал за етерите од ментално ниво. Рефлектирачкиот етер се пренесува преку мозочните центри и преку цереброрбетниот нервен систем. Тој е канал за вибрациските бранови познати како метални бранови кои се дел од атмосферата, токму преку овие ментални бранови нашата мисла функционира, и токму поради овој етер, мислата се формира и постои во близина на нашата индивидуална аура, рефлектирајќи ги нашите мисли, секако невидливо со нашите сетила.
Рефлектирачкиот етер е како фотографско ниво затоа што ги снима сите настани кои што се случиле со помош на силите позади нив.
Рефлектирачкиот етер ги има сите рекорди и снимки за настаните и мислите на човек кога има сила позади нив.
Преку рефлектирачкиот етер се пренесува мислата од една индивидуа на друга.