Category: Душа и енергетски тела

Физичко тело

Физичкото тело е возилото на човек, кое ја прима енергијата, од повисоките три тела, односно менталната енерија од менталното тело, емоционалната енергија од астралното односно емоционално тело и виталната енергија, односно енергијата на животот од виталното тело и манифестирајќи се физички преку во нашето физичко тело.

Нашето физичко тело се раѓа и менува неколку фази преку адолесценција се до смртта.

Инкарнација

Инарнација е духовна еволуција, кога душата влегува во нов живот да ги оствари плановите преку физичка манифестација. Така душата се реинкарнира во физичко тело за да еволуира свеста индивидуално.

Целта е свеста да стане свесна за целата креација, за изворот, душата е индивидуална и на тоа долго патување душата има неограничено време затоа што е етернална односно нема смрт, душата и свеста како еден ентитет се бесмртни.

Човек е врзан со своите тела во физичко постоење во однос на желбите што ги има кои кореспондираат со вибрациите за храна, размножување и сл, па така во моментот кога одредена душа ќе достигне повисока свест таа веќе не е врзана за физичка форма поради веќе за неа, ниската осцилација на физичкиот свет. Така самата инкарнација е природен процес на високата природа за еволуција, духовна еволуција.

 

Еволуција на душата

Патувањето на душата е процес на долга еволуција за своето постоење. Човек како највисока духовна свест е свесен до одреден дел, но еволуцијата продолжува до нивоа на свеста кои се фази за нашето високо постоење и конечно за се што постои како една целина. Развојот на свеста е можен преку физичка форма за земање на сите искуства од физичко постоење во кое сите ние доаѓаме во живот со свои цели.

Знаејќи дека човек ги има повисоките тела, душата се спушта во физички живот само поради еден факт, да ја искуши разделеноста и да еволуира преку разделеноста, преку одвоеноста и сите непогоди во физичко постоење. Еволуцијата е преку мака, до просветлување за своето повисоко постоење.

 

Староста на душата

Душата еволуира во шест фази, во и преку физичка инкарнација, односно кога душата прави симбиоза и се спојува со телото, според бојата на фрекфенцијата така и бојата на душата ја означува староста. Со еволуција на душата односно индивидуалната свест, се крева нивото на свеста за своето повисоко постоење во споредба со пониското ниво на свест. Но свеста како што знаеме постои во четири видови, така разумот е само површна свест.

 

Четири кралства на живот

Во физичкиот свет на Земјата постојат четири кралства на манифестиран физички живот, во различна фаза на развој, како физички така и свесно.

Четирите кралства по редослед од најнискиот развој се подредени на:

  1. Минерали

  2. Растенија

  3. Животни

  4. Човек

Сите четири кралства се делат според еволутивниот живот и сите четири кралства на физички живот содржат физичко тело или оклоп, кое е создадено од хемиски супстанции од материјалниот свет кои се цврста, течна и гасовита материја. Така физичкото тело на човек е хемиска супстанција исто како што е каменот, со таа разлика дека камењата се дел од минералниот живот, односно свеста е на почетно ниво во манифестација и душата или семето на животот е на почеток во еволутивниот развој во физичко постоење.

Човековата душа во материјално постоење развојот го влече токму од сите три кралства позади човековото кралство.

Секако во поглед на еволуцијата човекот како највисок духовен организам, поседува функции да расте и да се движи преку своето физичко тело, што кај минералите кои се на почетната фаза овие способности не се можни.

Ако човек го споредиме со кралството на растенија ќе сфатиме дека и растенијата имаат физичко тело или оклопка, која може да расте, но човек може да осеќа, може и да се движи, поради повисоките тела со кои располага.

Така ако ја направиме и третата споредба помеѓу човек со кралството на животни ќе сфатиме дека животните можат да чувствуваат, да растат, да бидат во одреден дел свесни за себе, но човек ги има дополнителните капацитети за говор како и рацете кои се физичка предност. Човек во еволуцијата развива јазик, говорен капацитет кој го поседува за да може на дополнителен начин да ги искаже своите мисли и чувства, така неговото физичкото тело е многу повисоко од останатите физички тела/оклопки во трите кралства.

 

Тела

За да ја видиме конечната споредба, мора да погледнеме подлабоко, за да ја сфатиме духовната страна како оди еволуцијата и зошто одредени аспекти во однос на телата кои овие кралства на манифестиран физички живот ги поседуваат.

За душата да се развива и да искушува во физички тридимензионален свет, мора да постои во физичко тело кое е создадено од материја од која е самиот физички свет создаден. Постојат седум нивоа во физичкиот свет, но четири главни материи од кои е создаден, тие се цврста, течна, гасовита и плазмична. Доколку душата не го развие своето физичко возило, таа би седела во повисокото астрално тело и би била невидлива за останатите суштества.

Така постојат правила во однос на телата и спојот помеѓу истите.

Првото правило е, виталното тело, кое е пандан на физичкото тело, материјално но создадено од етеричен материјал, е основно тело со кое се придвижува физичкото тело, преку виталното тело се овозможува самата енергија или “сила на живот”, како и растот, со растење на виталното тело, расте физичкото тело. Виталното или етерично тело е спој помеѓу физичкото тело и духовните тела, кои се астралното тело и умот односно менталното тело.

Понатаму второто правило е, астралното или емоционално тело е тело кое е возило за емоциите и чувствата и е изградено од астрален материјал од емоционалниот свет, кој е пак повисокиот свет од повисоката четврта димензија од каде душата доаѓа и заминува од физички живот.

Третото правило е умот, највисокото тело кое е токму менталното тело, преку кое мислата е креаторот на сè

и самото тело е изградено од ментална материја од светот на мислата или менталниот свет од највисока петта димензија.

За да се објасни конекцијата помеѓу виталното тело и физичкото тело, првото кое е мостот тому од научни факти веќе знаеме дека на атомско ниво, постојат големи далечини помеѓу два атоми и дека ниеден атом не се допира со друг и дека секој атом има свој оклоп создаден од етер.

Така минералите немаат витално тело создадено од етер. Токму етерот кој е дел од материјалниот свет ги обвиткува атомите. Затоа животот во физичко тело е проекција и пропагација од повисоко ниво и мора да има одвоено витално тело, но понатаму и астрално и ментално тело. Но во еволуцијата минералите, немаат витално тело затоа што се на почетна фаза. Така само хемиските процеси кои се дел од материјалниот свет од најниско ниво, се присутни кај минералите и хемиските сили се единствени кај минералите.

Во врската помеѓу растенијата, животните и човек во релација со виталното тело, сите овие три кралства кои се повисоки од минералите имаат свое етерично односно витално тело. Но и етеричниот сегмент е создаден од четири поднивоа, растенијата во своето витално тело ги имаат првите две поднивоа во своето витално тело и на тој начин можат да растат но не можат да имаат перцепција за себе и меморија кои се квалитети од повисоките два етерични поднивоа, кои се присутни кај животните и човекот во нивните етерични тела.

Етерични поднивоа на етерично тело:

1. Хемиски Етер

2. Животен Етер

3. Светлосен Етер

4.  Рефлектирачки Етер

 

Ако се префрлиме кај животните и нивните витални тела, ќе видиме дека првите три нивоа на етер се присутни односно активни од четирите веќе споменати. Така животните можат да растат, активност на Хемискиот Етер, да пропагираат преку Животниот Етер кои се квалитети исти како и кај растенијата и го имаат развиено третото подниво на етер односно да имаат перцепција за себе односно Светлосен Етер. Четвртиот етер кој е значаен за мислата и меморијата не е присутен кај животните.

Во гореспоменатото ако направиме детална анализа и споредба со човекот како највисоко духовно суштество и кралство во физичкиот свет, ќе сфатиме и видиме дека сите четири поднивоа на етеричниот дел од етеричното тело се присутни. Преку Хемискиот Етер односно подниво, човек се храни и се развива, со силите на Животниот Етер човек се движи, со Светлосниот Етер чувствува и осеќа и организмот работи преку нервниот систем и мускулите но и комуницира со надворешниот свет. Четвртиот етер односно подниво на виталното тело кое не е присутно во другите пониски три кралства, Рефлектирачки Етер му овозможува на духот полна контрола врз своите тела со мислата и ја чува меморијата. Така човек е највисок.

При раст, виталното тело на растенијата, животните и човекот се издолжува во споредба надвор од физичкото тело, кај човек се издолжува неколку центиметри. Виталното тело е копија на физичкото тело, тоа е тело на силата на животот, или Прана/Prana, објаснета во соодветниот дел за витално тело на страната.

Виталното тело е енергијата и животот, што го држат физичкото тело, но кај човекот постојат и повисоките астрално и ментално тело, затоа човек чувстува емоции со своето емоционално тело и ги креира своите мисли од своето највисоко тело, менталното тело. Етеричното тело се распаѓа во етерот, односно во физичкиот свет од кој е создадено по смртта, но другите две повисоки тела се и во повисоко постоење.

Во одредени случаи на давење или паѓање од висина, етеричното тело го напушта физичкото тело. Под напуштање значи дека се одвојува за момент, во тие моменти, но преку сребрената жица сите четири тела се поврзани кај човек се до смртта. Така во тие одредени случаи овек може да се осеќа како парализиран, во други случаи на анестезија, виталното тело се одвојува заедно со повисоките две тела кај човек, и доколку во тој случај анестезијата е пресилна таа може да доведе до смрт односно до комплетно одвојување од физичкото тело.

Егото, мозокот и нервниот систем се во функција затоа што виталната сила или енергијата се пренесува преку виталното тело до нервите и мускулите на физичкото тело. Ако човек се осеќа изморен или дури парализиран, виталната сила, енергијата не е присутна и не се пренесува во физичкото тело. Во случај на болест, прво се јавува во повисоките тела, но кога се манифестира во физичкото тело, веќе се осеќа слабост, бидејќи енергијата не тече од виталното тело или е со слаб интензитет.

Заклучно со горенаведениот дел ги видовме спојувања на етеричното тело од материјалниот свет во врска со четирите кралства на живот. Понатаму нашето внимание е насочено со врските со астралниот свет, односно емоционалниот свет и астралното тело.

Можеме да заклучиме дека минералите и растенијата немаат емоционално тело. Според тоа немаат капацитет да чувствуваат, да посакуваат и да осеќаат емоции, квалитети од емоционалниот свет.

Кога еден камен ќе се скрши, не осеќа затоа што го нема создадено и изградено емоционалното тело. Доколку кај човек се јави физичка повреда, понекогаш болката е голема затоа што емоционалното тело е оклоп кај човекот. И растенијата болката нема да ја осетат, но духот на целата Земја да, затоа што и планетата има дух. Земјата е подеднакво жива и чувствителна планета како и целиот физички универзум.

Кај човекот емоционалното тело е во зависност од еволуцијата претходно, почиста и посветла боја, значи поголем напредок и поубави и почисти емоции, додека врзување за материјалните и животински апетити значи понизок степен на емоционален разум. Но во животното школо емоционалното тело се развива преку физичкото тело. Емоционалното тело е јајцевидно и може да се види во посебниот дел за ова тело на страната..

Кај сите суштества со топла крв кои се воедно и највисоки во еволуцијата како што е човекот кој што има емоционално тело, и со тоа емоции, чувства и желби кои се енергија, силата тече од близина на црниот дроб кој е центар на астралниот семе-атом. Повеќе во делот за семе-атоми на страната.

Растенијата немаат емоционално тело низ нив не протекува крв, во оваа фаза на еволуција во кралствата на живот, растенијата се водени од групниот-дух односно Group-Spirit кој што не е индивидуално присутен.

Во ладнокрвните животни, кои што имаат црн дроб и црвена крв, постои посебно емоционално тело и групниот-дух ја води насоката на енергијата кон надвор, затоа што емоционалното тело кое е групно е одвоено од физичкото, односно групниот-дух не е индивидуално присутен.

Кога одреден организам, ќе еволуира да го користи сопствениот дух, и на тој начин да ги контролира сам сите свои тела, енергијата кружи внатре и тогаш се јавува пасијата за постоење, односно крвта, која е топла во човековиот организам, судејќи по тоа дека човек е највисок организам кој поседува ментално тело и е индивидуален дух кое другите три кралства не го поседуваат односно кај животните кои се најблиски во еволуцијата, не е целосно комплетирано.

Токму струењето на топлата крв, од црниот дроб на организмот овозможува енергија за внатрешно кружење кое се пренесува на физичкото тело преку емоционалното тело, и од овој емоционален центар во црниот дроб, животните и човекот кои како кралства имаат еволуирано емоционално тело (кај човекот најкомплексно), осеќаат емоции, желби и пасии кои ги носат во семе-атомот на емоционалното тело, но и ги осеќаат истите.

Префрлајќи го вниманието на четирите кралства на живот со светот на мислатта одноосно со менталното тело, минералите, растенијата и животните немаат развиено ментално возило. Животните во одреден дел имаат развиен ум затоа што тие се највисоки до човекот и градат ментално тело, но тоа не е целосно изградено како кај човекот. Мислата е развиена само кај индивидуата тоа е човекот во своето човеково кралство или човештво. Минералите, растенијата и животните се делат на врсти и подврсти и тие не се индивидуализирани на начин како што е човекот.

Минералите, растенијата и животните се делат на врсти и подврсти како што напоменавме, но кај човекот постојат исто толку врсти колку што постојат индивидуи. Секоја индивидуа е своја врста, или “закон за себе”. Во секој човек постои индивидуален дух, тоа сум “јас и ти”, внатрешен дух што ги движи телата од највисоко ментално ниво и тело преку емоции до физичкото тело и етеричното кое е мостот. Кај растенијата или животните, “групниот-дух” или инстинктот, кој не е индивидуален и не е споен со индивидуалните физички тела ја директира врстата на животни од надвор , односно само својата врста, така сите врсти се колективно врзани.

Така групните духови преку инстинктот за манифестираниот живот во минералите, растенијата и животните или трите долни кралства, се лоцирани во астралниот свет и делумно во менталниот свет, кои се проектираат во физичко постоење.

Така духот или душата кај луѓето е таа што ги движи телата преку силата на животот. Но свеста е на различно ниво во сите четири кралства.

Исто така може да се рече дека минералите се “во кома”, растенијата “спијат”, животните “сонуваат”, човекот е понекогаш, само понекогаш буден.

 

Проекција од ментален и астрален свет

 

На следниот дијаграм се гледат сите четири кралства подредени во трите постоења, ментално, емоционално и физичко ниво.

Во ментално постоење, ментален свет, само човекот има свое возило како и во останатите два пониски света. Животните немаат една врска, го немаат умот, менталното тело, растенијата немаат две врски, ментално и емоционално тело, минералите се на почеток на духовната еволуција во физички свет поседувајќи само физички оклоп.

 

Свеста во сите четири кралства

Човековата еволуција, духовна во физички свет која е проектирана од повисоките светови е во контрола на сите четири возила. Физичкото тело е прво тело кое душата го гради, тоа е сега во четврта фаза по густина, виталното во својата трета фаза, астралното тело во втора фаза затоа ова тело кај многу луѓе не е воопшто во својата форма, додека менталното тело е исто така во развој. Кај некои луѓе овие две горни тела се сосема неразвиени иако ги поседуваат, односно ја имаат комплетирано основата.

 

Групен-дух или инстинкт

За групните-духови кои се всушност инстинкт и водилка или патоказ за животните и растенијата вреди да се напомене дека овие две форми се проектираат од астрално односно емоционално постоење како што е веќе напоменато, според тоа се водени од инстинкт односно групен-дух за својата врста, кој што ги води од надвор. Растенијата имаат физичко, витално и емоционално тело, но групниот-дух е инстинкт од надвор и ги води од надвор, односно тој не е локално споен со поединечните пониски тела на врстата, затоа што животните не се индивидуални.

Одличен пример за полесно разбирање е групниот-дух кој ги собира птиците кои мигрираат односно инстинктот од надвор, ги тера птиците да  мигрираат на есен и кон југ, ниту касно ниту рано, за да го избегнат забот на зимата и пример за духовната природа на кралствата на физички живот кои не се индивидуални како човекот.

Дабарите се друг пример, инстинктот односно групниот-дух ги води преку изворот на реката да ја изградат браната под точен агол. Во услови кога дотокот на вода е голем и сите различни карактеристики на околината, операцијата одвива прецизно како инженерство. Тоа се вештини и мудрости од високиот групен-дух, инстинктивните карактеристики кои ги водат животните во физички живот.

Така за разлика од животните, човековото кралство односно човештвото и нашата еволуција е директно врзана со фокусот во материјален свет, каде мудроста е заматена, со други зборови и покрај тоа што човековото кралство е повисоко од животинското, животните иако немаат ум, се водени во неверојатна прецизност, која кај човек изгледа недостижна и покрај менталното тело кое само човек го поседува. Но како што е кажано, сето тоа има директна врска со тоа што човековиот дух е во индивидуален во физички свет, така тој расте и се развива, додека животинскиот или вегетативниот групен-дух функционира од повисоко ниво на постоење и ги води животните и растенија од повисоко духовно ниво, надвор од материјален свет.

Така главната разлика помеѓу човековото кралство и кралствата на животните и растенијата е што човек е свесен за себе, го има своето Его како индивидуалец ги поседува и контролира сите свои возила, душата е во тие возила со кои располага, додека животните и растенијата не се индивидуализирани и свесни за себе, но тие се форми кои се дел од тело и ентитет на повисокиот групен дух кој преку инстинктот ги води во живот.

Така врстите и подврстите на животни изгледаат и многу слично физички, поради тоа што потекнуваат од истиот групен-дух, додека кај луѓето не постои сличен човек, близнаци се разликуваат по карактер, душата е секогаш индивидуална и духовната еволуција кај луѓето која е највисока и најдолга на Земјата е со карактеристики кои се целосно индивидуализирани и човек е господар на себе, како највисок духовен ентитет во физичко постоење.

Во четвртиот дијаграм и сликата прикажана горе, уште еднаш се гледа дека кралството на растенија го има најниското возило во менталниот свет, и свеста кај ова кралство е како спиење без сон. Во групниот-дух кај минералите, кои поседуваат само физички оклоп статусот на свеста е како несвесна природа односно “транс” фаза.

На тој начин човек како индивудалец е највисок и одделен од другите три кралства, иако влече директна еволуција од овие кралства, но и фактот дека сите се поврзани, затоа што свеста е една. Човек е воден одвнатре каде во секој од нас се наоѓа душата и преку срцето и крвта силата протекува навнатре, додека кај растенијата и животните процесот е обратен и тие се водат од надвор затоа што духот е групен и не е индивидуален во секое вегетативно или животинско тело/оклопка.

Така за крај следува заклучокот, човек е превртено растение. Растението ја зема својата храна од коренот, човек ја зема својата храна преку главата. Растението се испружува кон сонцето, човек како свртено растение кон центарот на земјата. Растението, енергијата на животот ја зема преку земјата и коренот.

Животното е симболично на хоризонтална линија и се наоѓа во духовната еволуција и физички помеѓу растенијата и човекот. Р’бетот е хоризонтално поставен поради силата која се зема од земјата. Ниедно животно не може да стои во исправена позиција, односно така да постои затоа што струјата од групниот-дух не може да го води, тоа би бил индивидуалец како што е човек.

Така индивидуалниот дух. човекот има вертикално исправен р’бет, вертикално поставено грло, каде човек ги има способностите за говор, и крва која струи и која е доволно топла на тој начин човек чувствува и го има и највисокото ментално тело на располагање.


 

9. Седум чакри

Зборот “chakra” потекнува од стариот запис-Sanskrit и значи “тркало”, подобра интерпретација на зборот би било движечко тркало односно тркало во движење. Чакрите се како центри за движење на енергијата, на животната енергија или “Prana”.

Сите човечки битија имаат седум главни чакри кои што се седум центри за “животната енергија” која се манифестира од повисока димензија да влезе во нашата енергетска обвивка наречена аура и да ги “храни” нашите четири тела, физичкото, етеричното, астралното и менталното тело. Самото физичко тело нема чакри, тие се дел од етеричното тело но се поврзуваат како физички, астралното и менталното тело имаат свои чакри кои се дел од четвртата и петтата димензија на постоење, но дел и во материјалниот тродимензионален свет, затоа што човек е сите четири тела заедно.

Се што постои е вибрација на одредена фреквенција и на тој начин секоја чакра во нашите тела вибрира, кај секој е тоа различно и самата функција на чакрите е да балансираат и во хармонија да не доаѓа до блокада на животната енергија.

Чакрите служат за здравје, тоа е нивната главна цел, протокот или наречен kundalini поминува од најдолната чакра до највисоката овозможувајќи приземјување со најдолната и спиритуална конекција со највисоката чакра. Балансот во сите е важен и тогаш всушност силата поминува низ сите чакри. Доколку не се блокирани воопшто и не се осеќа еден вид на енергетски застој во одреден дел на телото односно одредена чакра или доколку се повеќе, во повеќе делови, воопшто не се осеќа потешкотија, затоа што енергијата се движи односно циркулира.

 

Детален приказ на сите седум чакри и нивните бои од спектрумот на светлината според највисоката осцилација на највисоката чакра, до најниската и најслаба осцилација

Небалансирани и блокирани чакри се болест

Кога чакрите се блокирани, физичкото, емоционалното и ментално тело тешко функционираат. Секоја чакра зафаќа различен дел од телото и секоја болест може да е знак за блокирана чакра. Кога одредена чакра е блокирана, се успорува движењето на енергијата Prana или Chi/Ки која е животна сила и спиритуална конекција со повисоките димензии. Тогаш започнуваат одредени синдроми на депресија, изолираност, замор, започнува љутина и бес, без одредена причина, страв, несигурност, загриженост без вистинска причина. Ова се значи и индикатори за блокирана чакра односно заглавена енергија.

 

Првата чакра-коренска чакра или Root Chakra

Асоцира на црвена боја и се нарекува уште Muladhara на Sanskrit. Коренската чакра се наоѓа на опашката на р’бетниот столб. Овој центар ги држи базичните животиниски потреби за преживување, сигурност и  е директниот контакт со земјата односно материјата од планетата, на тој начин што го врзува човечкото битие со земјата и го прави основниот контакт во материјалниот свет. Оваа чакра се асоцира и со сексуална енергија затоа што некои од органите што се наоѓаат во овој дел од физичкото тело се сексуалните органи.

 

Втората чакра-сакрална чакра или Sacral Chakra

Локацијата во етеричното тело и во споредба со физичкото како и останатите чакри, на оваа чакра конкретно е на околу два-инчи под папокот. Овој центар ги има функциите од животински потреби како сексуалност но и креативност, интуиција. Има директна врска со нашите емоции, и добар баланс значи можност за добра емотивна и сексуална врска со други. Ако е блокирана може да се осеќа, емоционална исцрпеност, манипулативност, обсесија или недостаток на енергија. Основната боја е портокалова.

 

Третата чакра-соларен плексус или Solar Plexus

Жолта е бојата која ја означува трета чакра, третата чакра уште и третата”животинска” која одликува една карактеристика од животинскиот свет тоа е моќта и физичката моќ, односно кај човекот местото на егото но и пасиите, импулсите, лутината и силината. Кога третата чакра е надвор од баланс може да се осеќа ниско ниво на самодоверба,  збунетост, загриженост што другите мислат, и генерално депресија. Физички проблеми може да бидат дел од дигестивен систем, диабетис но со баланс се постигнува чувство за моќ и отвореност.

 

Четвртата чакра-срцето или Heart Chakra

Името на срце-чакрата на Sanskrit е “Anahata chakra”, лоцирана е позади градната коска, центарот за љубов и сочуства. Овој центар ги директира можностите за љубов за себе и другите да даваат и примаат љубов. Самите срцеви заболувања се причина за блокада во срце-чакрата. Ако оваа чакра е е надвор од баланс, возможно е чувствување на вина за себе, параноја, страв од повреда. Физички болести вклучуваат, инфаркт, висок крвен притисок, инсомнија и потешкотии со дишење. Ако оваа чакра е во баланс тогаш се чувствува сочуства, пријателства, емпатија и желба за љубов за добро со останатите. Основната боја која се назначувае генерално розева или во некои случаи зелена боја.

 

Петтата чакра-грлото или Throat Chakra

Центар за комуникација, искажување на емоциите и мислите, звујот и експресивност преку креација од мислата, говорот и пишување. Вратниот дел од физичкото тело е делот каде се чува и лутината и тука се испушта најчесто преку комуникација. Ако оваа чакра е надвор од баланс не држи затворени, тивки, се осеќаме слабо и не можеме да ги искомуницираме нашите мисли и емоции со надворешниот свет. Ако оваа чакра е во добар баланс, се чувствуваме балансирано, центрирано и инспирирано и можеме да бидеме добра комуникативна личност.  Светло-сина по боја.

 

Шестата чакра-третото око или Third Eye Chakra

Ако се гледа по физичкото тело, локацијата е над физичките очи во центарот на челото, центар за духовни способности, висока интиуиција, енергија на духот спојување со повисокото постоење. Служи за елиминирање на негативни тенденции од пониско ниво и елиминирање на егоизам. Преку моќта на шестата чакра, може да се примаат насоки за спојување со повисокото постоење, оваа духовна чакра ако е блокирана се јавува страв од успех или егоистичност, физички симптоми може да бидат главоболки, спелипо или заматен поглед. Ако е отворена, тогаш не постои страв, човек се ослободува од материјални вредности и може да ги отвори повисоките нивоа за комуникација преку телепатија. Уште може да се нарече дека е пат за мудроста. Бојата е темно плава.

 

Седмата чакра-круната или Crown Chakra

Уште наречена круна, лоцирана позади врвот на черепот, центар за спиритуалност, духовност, просветлување, динамична мисла од висока енергија, дозволува спој и поток на мудрост од повисоката свест. Сребрената жиза која ги поврзува сите тела се излева од круната на главата, на тој начин душата односно семе-атомот во срцето доаѓа во физичко тело преку круната на главата и така го напушта при смрт. Ако оваа чакра не е балансирана може да има фрустрација и деструктивни мисли. Балансирана круна значи висока енергија и отвореност кон потсвеста и суперсвеста, повисоките нивоа на свеста, спој со божеството. Седмата чакра е алатка за комуникација со нашата духовн, повисока природа и постоење. Виолетова, боја од највисока фреквенција ја одликува оваа чакра иако во некои записи може да се најде во бела боја.

2. Семе-атоми

Трите перманентни семе-атоми (seed atoms) се како неверојатен, блескав накит, во рамната линија на небеската и блескава река на светлината уште наречена Sutratma. Трите семе-атоми се со индивидуата од нејзиниото раѓање во човековото кралство односно од создавање на индивидуалната душа и проектирање во физичкиот живот.

Сите три семе-атоми од кои едниот е вистинската “душа” на индивидуата, го напуштаат физичкото тело во моментот на физичката смрт и се враќаат повторно во нова форма секое време со нова инкарнација во физичко постоење. Во трите семе-атоми се состои целата содржина од што е човек, односно “сè

што се запишува во душата” е како поговорка, тие семе-атоми се книгата на животот на индивидуата.

Овие три перманентни семе-атоми се нарекуваат токму така бидејќи го содржат “семето” за тоа што е индивидуата, исто како што желатот ја има во себе содржината за тоа што ќе стане живо дабово дрво. Такашто сите три-семе атоми на умот, емоциите и самиот живот остануваат, односно се префрлаат откако материјалното тело ќе се отфрли, “душата” односно семе-атомите се креваат во повисокото, астрално постоење, од каде повторно се проектираат во повисоко или во ново физичко постоење, содржејќи го целото “семе” за тоа што носи човек односно индивидуата со него. Под “семе” се подразбира сите животи, желби, цели, остварувања, емоции запишани во себе, целата индивидуална креација.

Трите семе-атоми на сликата: менталниот, физичкиот и емоционален семе-атом, поврзани преку сребрената жица, спојувајќи ги сите тела до Изворот од каде е креирана душата, која ја нарекуваме семе-атомот во срцето.

 

Емоционалниот семе-атом и емоционалниот сегмент од сребрената жица

Емоционалниот семе-атом има седиште во “соларниот плексус” односно за подобра интерпретација во близина на физичкиот орган, црниот дроб. Во него се запишани сите емоции што се искушени од индивидуата, но внимание зборуваме во рамки на целото духовно постоење и поранешни физички постоења, не само моменталниот живот, тоа е дел од душата каде што се запишува емоционалниот карактер и тука се раѓа самиот емоционален карактер базиран на желбите и емоционалните искуства на индивидуата.

Емоционалниот семе-атом е снимка на сите желби и целиот емоционален живот, воедно емоциналниот семе-атом е астралниот сегмент од астралното тело и астрална материја, емоционалниот свет од каде се инкарнира душата во физичко тело.

Важно да се напомене и разбере е дека сите емоционални квалитети што се внесени низ долгата еволуција на индивидуата не се неменливи, затоа што астралниот семе-атом поврзан со емоциите се менува во квалитет во секој момент и се однесува на сегашноста и иднината, па така се е менливо во согласно со напорите на индивидуата.

Сребрената жица поврзана со емоционалниот односно астрален семе-атом

 

Менталниот семе-атом и сегментот на свеста од сребрената жица

Менталниот семе-атом се наоѓа во фронталниот синус и носи снимка на сите квалитети на умот на индивиудата, умот што е од ментално постоење, не од физичко, туку се работи за менталното тело на индивидуата. Ги регистрира сите ментални и умствени способности кои што се развиени од индивидуата во долгата историја на еволутивниот процес.

Исто така се работи за семе-атом што е дел од сегашноста и иднината, со тоа што човек може да направи промени во моментот во својот ум. Во сите минатите инкарнации постои само моментот во физичкиот живот, силата и моќта е во моментот, да се промени сегашноста и иднината на индивидуалецот.

Сегментот на свеста од сребрената жица и семе атомот во фронталниот синус.

 

Физичкиот семе-атом (душата) и сегментот на “животот” од сребрената жица

Физичкиот семе-атом лоциран во срцето или душата, е најважниот дел од историјата и еволуцијата на човекот во однос на сите физички, емоционални и ментални аспекти. Астралниот и менталниот семе-атом ги содржат квалитетите на емоциите и на умот но семе-атомот во срцето ја има целата “слика” или панорама на животот и целата еволуција, се што некогаш се случило со индивидуата преку целото негово постоење, дали е тоа ментално, емоционално и физичко во рамки на сите животи. Ја покажува актуелната слика од минатото.

Семе-атомот во срцето или душата, освен што ја има целата историја го врзува човек и за својата кармичка судбина. Менталниот и астрален семе-атом ги имаат силите или слабостите на индивидуата, кои што му овозможуваат на човек да биде под влијание на својата иднина или судбина. Па според ова секој човек има два семе-атоми кои што работат за неговата слободна волја и судбина според својот избор. Но душата или семе-атомот во срцето го држи човек во своите кармички минати судбини и неговата идна судбина.

Ова е воедно одговор на енигмата која што долго се провлекува низ историјата на човештвото, дали човек е заробеник и дали има кармичка судбина или е “слободна душа” со моќ да бира за својата судбина?

Дали човек може да ги надмине силите на минатото преку својата душа односно семе-атомот во срцето. Може, ако одбере секој од нас, но се потребни и големи духовни способности што мноштвото луѓе не се на тоа ниво. Но важното е човек да биде добар во моментот, во сегашноста, во овој живот и на тој начин преку “срцето” да успее да покаже добрина, толерантност, опростување и други квалитети за своја помош, пред сè.

Сегментот на “животот” од сребрената жица и семе-атомот во срцето на индивидуалецот, ја комплетира душата.


 

4. Сребрена жица

Сребрената жица или Silver Cord, ги спојува сите четири тела и расте повторно и одново во секој физички живот. Таа е невидлива во физичко постоење, затоа што не е создадена од физичка материја, туку од повисоките материи како што се астралната и менталната материја.

“Семе-атомот” или “seed atom” е душата која се спојува во четири целини како спојки на самата сребрена жица. Од делот на емоционалното тело жицата расте почнувајќи од црниот дроб, семе-атомот на физичкото тело расте од срцето и двата дела се среќаваат со семе-атомот на виталното тело во соларниот плексус односно во опашката и оваа важна жица ги прави високите и ниски тела споени и во полна функција, унија, да функционираат како една целина.

Сребрената жица е вистински спој помеѓу душата и нејзините возила, но најточно би било дека ги спојува сите четири тела но и канал низ кој поминува силата на животот односно развојот и растот на сите тела.

Постои и третиот и највисок сегмент тоа е менталното тело, кое што не е дел од утерусот што е физички ниту при раѓање на бебето за разлика од другите два сегменти. Оваа врска односно дел од сребрената жица расте од фронталниот синус во главата кон црниот дроб за да се спои со емоционалното тело. Кога и како точно се формираат сите овие неколку делови и спојки на сребрената жица е објаснето подолу.

Тоа што е важно и што е научно објаснето и докажано е дека постојат неколку главни фази во животот тоа се раѓање, детство, тинејџер и адолесценција. Спојот од менталното тело од семе-атомот во фронталниот синус до емоционалното тело и семе-атомот во црниот дроб се формира од 14. до 21. година. Тогаш велиме дека умот е роден односно менталното тело е комплетирано. Емоционалното тело се формира кога жицата ќе се спои од 7. до 14.  години и тогаш астралното тело е комплетирано. Виталното тело е комплетирано на 7. години во фаза кога детството е комплетирано од фазата на бебе со раѓање на физиичкото тело. Раѓањето на четирите тела е на начин каде сите овие возила излегуваат од својата димензионална матрица, на пример физичкото тело излегува од материјалниот утерус при раѓање, така етеричното (витално) тело излегува од етеричниот шаблон на 7. години, астралното (емоционално) тело излегува од астралниот шаблон на 14. години и менталното тело излегува од менталниот шаблон на 21. година.  Под астрален и ментален шаблон се сметаат повисоките димензии од четврта и петта димензија. Комплетирањето на сите четири возила на душата не е точно на денот кога се навршуваат споменатите години, туку околу тој период се формираат комплетно телата, што научно се објаснува и за фазите во животот.

Повторување на фазите: Секој циклус трае 7. години со првиот се формира физичкото тело, во вториот се случување комплетирањето на виталното тело на 7. години од етеричната матрица бебето расте во дете, каде покасно на 14. години комплетирањето на емоционалното тело од астралната матрица личноста станува тинејџер, и на 21. година со формирање на менталното тело во адолесцент, каде сите четири тела се споени и индивидуата односно душата ги има на располагање сите свои инкарнирани возила. Физичкото тело е формирано при раѓање како прво, материјално тело, под формирано се мисли дека е родено, процесот на раст и развој на сите тела постои до смртта. Сребрената жица е создадена од етерична, астрална и ментална материја и формата е како две фигури налик “шестки”, кои се свртени обратно една од која е свртена нагоре, додека другите се хоризонтално поставени, две кои се директно врзани со соларниот плексус односно опашката.

Менталното тело е поврзано со жицата преку семе-атомот во фронталниот синус и од оваа точка проаѓа низ хипофизата, вртејќи лево каде се поврзува со слезината па поминува назад над надбубрежните жлезди и конечно се поврзува со вториот дел на жицата односно семе-атом на емоционалното тело во црниот дроб. Од тука астралното тело е споено со соларниот плексус во опашката од каде едел дел од етеричното тело и точка доаѓа од семе-атомот во срцето со кое се поврзува физичкото тело.

Од сите четири главни точки што ги репрезентираат сите четири тела, срцето, соларниот плексус, црниот дроб и фронталните синуси само едниот крај на жицата во семе-атомот на срцето е неподвижен додека сите други три семе-атоми се подвижни. Следи подетално објаснување.

Додека сме будни во текот на денот во нашето физичко тело, сребрената жица е врзана во спирала во рамки на физичкото тело, околу соларнниот плексус, додека навечер кога душата го остава своето физичко тело и се одмара надвор од него, сребрената жица излегува од черепот и се поврзува со астралното тело кое лебдни над физичкото тело, кое е во фаза на спиење.

Тоа што е важно да се напомене е дека сребрената жица расте до 29. година од животот откако етеричната, емоционална и ментална фаза се завршени, постои и четврта фаза.

Колку науката потврдува одредени факти говори за тоа дека откако етеричното тело е комплетирано на 7. години детето добива идентитет, додека на 14. години во периодот на тинејџерство се добиваат силни емоции и привлекува и тогаш индивидуата започнува да ги осознава своите потреби и желби и цели, но умот е сеуште некомплетиран и душата сеуште нема целосна контрола над сите свои возила.

Во следната слика ќе видиме како астралното тело лебди над физичкото тело и тука ќе спомене една голема работа, не постои вистинска разлика помеѓу спиење и смрт, всушност разликата е во тоа што душата може да се врати во телото, но во случај на смртта семе-атомот во срцето е пукнат и така пука и сребрената жица па душата не може да го користи физичкото тело.

Сребрената жица е широка колку одприлика еден прст, и самата еластичност создадена од повисоките материи ја прави оваа сребрена жица отпорна на било какви физички влијанија затоа што всушност таа е невидлива постоејќи и во повисоката четврта и петта димензија, заедно со астралното и ментално тело. Тоа што е тука важно е дека високите делови односно материи од сребрената жица одат со високите тела, што значи сребрената жица ги поврзува телата, физичкото со етеричното, етеричното со астралното, астралното со менталното, не се работи за материјален спој помеѓу органи или делови од физичкото тело туку целосен духовен спој на сите возила.

 

Во фаза на спиење

За време на спиење сите три дела, астралниот сегмент, менталниот и етеричниот се креваат над физичкото тело, затоа што како што веќе напоменавме сите овие три семе-атоми се преместуваат, додека само во срцето семе-атомот е непреместен и го држи на некој начин физичкото тело во живот.

Исто така вреди да се напомене дека етеричниот, астралнаиот и менталниот семе-атом не се наоѓаат физички во физичкото тело туку се наоѓаат во етеричната, астралната и менталната обвивка па така само за интерпретација се користат точките кои се фронтален синус во главата за менталното тело, црниот дроб за астралното тело и опашката за етеричното тело. За време на спиење, најчесто но не при секое спиење, но за јасно да се разбере практиката се вели “за време на спиење”, деловите од астралниот и менталниот сегмент излегуваат во височина и патуваат во астралниот свет, додека етеричниот сегмент кој е под-материја на физичкиот свет останува покрај физичкото тело во лебдење, односно етеричното тело останува во физичкиот етер, кој е секако невидлив за сетилата. Такашто, бидејќи срцевиот семе-атом е непреместлив и го препрезентира всушност физичкото тело кое останува во материјалниот свет, не се движи никаде, но етеричното тело има капацитет да се покрене, во етерот иако дел од материјалниот свет, сепак со подвижлив семе-атом.

Астралното тело и сребрената жица, врзана за физичкото тело во спиење.

При спиење, менталната аура и астралното тело се поврзани, така душата сега во тој момент егзистира во астралното тело, но за да се одвои менталното тело од астралното е потребна многу повисока иницијација која ќе и овозможи на душата враќање со менталното тело во менталниот свет. За потсетување под спиење не се смета секое буквално спиење, но подсвесно душата се одмора од физичкото тело и одвојувањето се случува многу почесто.

 

При смрт

Во овој дел претстојат важни работи околу повисоките тела и душата, во време кога се случува смртта односно одвојување на душата од физичкото тело.

Смртта директно се случува кога доаѓа до пукање на семе-атомот во срцето, делот што го спојува физичкото тело од жицата со повисоките две тела. Третото витално тело малку подоцна колабрира бидејќи е етерично и поддел од физичкиот свет.

Душата во тој момент се крева од физичкото тело во својата астрална аура, при самото пукање на атомот во срцето се случува пренесување на енергијата односно “силите” што овој атом ги чува, тоа е пред се важната “животна снимка” за целата еволуција на душата но и пред се за целиот физички живот, се до овој момент на смртта на физичкото тело. Етеричното тело е сеуште поврзано три дена по смртта, поради фактот дека душата во овој временски период ја гледа “панорамата” на животот, пред да замине во астралниот (емоционален) свет со своето астрално и ментално тело. Пукањето на семе-атомот во срцето го прави физичкото стопирање на срцето, но сребрената жица сеуште не е “раскината и таа се кине во моментот кога самата душа ќе ја комплетира панорамата на животот во етеричниот дел од физичкиот свет, во етеричното тело. Пукањето на самата сребрена жица се случува во “шестката” половина останува со двете материјални тела кои се физичкото и етеричното додека другите две повисоки тела се одвојуваат во повисоките димензии.

За резимирање, “пукање” на семе-атомот во срцето го испушта етеричното (витално) тело заедно со астралното и менталното да лебдат над физичкото тело не повеќе од три-ипол дена додека душата ја гледа панорамата свесна за својата смрт. Па така во второто “пукање” на самата сребрена жица во рамки на “шестката” опишана на сликата погоре, етеричното тело останува со физичкото тело и се распаѓа во материјалниот свет.

Во рамки на тие три-ипол дена во физичко време, душата ја гледа панорамата на животот, сите поважни настани, и потоа се буди во астралниот свет од каде и доаѓаме на Земјата. Такашто во моментот на завршување на панорамата со раскинување на сребрената жица од семе-атомот во виталното тело, душата со двете горни тела е слободна да го напушти физичкиот свет по закон на природата. Аурата и енергијата што продолжуваат не се “нови” туку тие се копии на тоа што е човек на Земјата затоа што од физичкото тело се префрла целата енергија во другите тела.

 

Астрална сребрена жица

По смртта, духот односно астралното тело е возило на душата во астралниот свет каде индивидуата има нормален живот но во зависност од осцилацијата на својата енергија преку желбите и мислите на своите две горни тела, се привлекува со слично ниво на постоење од под-нивоата во астралниот свет. Повеќето души ќе ги надминат своите физички потреби и ќе се фокусираат на напредок во емоционалниот свет за да напредуваат кон менталниот свет. Тука астралната сребрена жица продолжува да ги спојува астралното и менталното тело за двете да функционираат во унија односно една целина. Дури потоа откако одредени цели душата ќе ги исполни во емоционалниот свет таа е спремна да го остави астралното тело и астралниот сегмент од сребрената жица и да продолжи со менталното тело кон погорно постоење.


 

7. Ментално тело

Менталното или умственото тело е највисокото тело кое постои во високата петта

ментална димензија и се комплетира на 21. година во четвртиот циклус, кога воедно се комплетираат сите четири тела, и постои и во астрална и физичка димензија, но е невидливо во споменатите две пониски димензии.

Менталното тело е формирано од четири типови на композит додека астралното и физичкото тело се формирани од седум типови на композит. Менталното тело е изградено од честички од четири долни дивизии на менталниот свет, односно конкретно од ментална материја која кореспондира со четири дивизии на астрална материја и четирите физички материи како што се црвста, течна, гасовита и етерична материја.

Менталното тело е возило на Мислителот, кој што всушност постои во повисокото ментално односно горно ментално тело, наречено Causal. Менталното тело е возило на свеста како и астралното и физичкото, бидејќи токму менталното тело кое е во високата петта димензија се манифестира во астралниот и физичкиот свет односно со истоимените две тела, ја дели свеста на индивидуата. Овална е формата на менталното тело, исто како и каузалното односно повисокото ментално тело но исто како и астралното тело. Делот на менталното тело кој што всушност се појавува надвор од физичкото тело е всушност менталната аура и за разлика од физичкото тело кое во својата физичка форма е исто во долгата историја, менталното тело се развива во големина бидејќи индивидуата се развива ментално.

 

Мисловен процес

Секоја честичка во физичкиот мозок има астрален и ментален дупликат, односно физичка честичка има астрална и ментална честичка како дупликат. На тој начин постојат три нивоа на материја со различна густина, и комуникацијата тече од и до физичката и астралната честичка и од и до астралната и менталната честичка. Менталното тело вибрира во висока фрекфенција, постои во повисока димензија и се манифестира и во пониските две, астрална и физичка, во физичката во која некои луѓе разбираат уметност додека други не, поради фактот дека комуникацијата е заглавена односно не е доволно развиена и каналот за одредена мисла која се формира во менталната честичка не проаѓа исправно преку астралната до физичката. Ова е објаснување зошто сите ние имаме различни “дарови”.

Добрите мисли имаат високи вибрации од почиста материја на менталното тело додека лошите мисли имаат пониска вибрација од потешка материја на менталното тело и добрите мисли се наоѓаат во повисокиот овален и јајцевиден дел на обвивката на менталното тело додека полошите се многу подолу.

Бои

Преку набљудување на боите на менталното тело може да се открие карактерот и општиот прогрес што е остварен во животот. Колку е самиот интелект поголем толку и  боите се почисти и вибрацијата станува се повисока во менталните честички, што лесно се гледа во однос на интелектуалниот развој. Секоја мисла, дава покрет во вибрациите во менталното тело, која што се надополнува со боја како спреј или водопад во кој светлина е насочена.

На пример аспирациска мисла, се покажува како виолетова боја на врвот на овалната јајцевидна форма, виолетова која е висока боја вибрирајќи на висока фреквенција. Плава боја е опис за религиозност, па потоа жолтата боја на интелектот па во средината на јајцето се наоѓа зелена боја, дел што е формирање на форма на пример слики што произлегуваат од мислите.

Во долниот дел на јајцевидната форма се наоѓаат темните и егоистични мисли, односно лоши и негативни мисли кои произведуваат темни бои вибрирајќи на пониско ниво на ментална материја.

Мисла во приказ на форма

Главниот принцип е слледен.

1. Бојата го покажува квалитетот на мислата или емоцијата.

2.Формата ја покажува природата на мислата или емоцијата.

3.Чистината на овалната форма е детерминирана според дефиницјата и чистината на мислата или емоцијата.

Животниот период на мислата-форма зависи од првичниот интензитет и од повторувачкиот процес. Истотака, сличните формирани мисла-форми од ист карактер се привлекуваат и се зајакнуваат, отворајќи простор за поголема енергија и интензитет.

Боите на менталните мисловните форми се идентични со боите на емоционалната аура и светлоста зависи од силината и активноста на овие чувства. Секоја мисла-форма е моментален ентитет, кој што е како батерија која се празни односно полна која чека момент да се испразни, со тенденција секогаш да се репродуцира на своја фреквенција на вибрација во менталното тело.

Постојат три мисла-форми класифицирани во три делови:

  1. Тие што се поврзани со изворот.

  2. Тие што се поврзани со друга личност.

  3. Тие мисли што не се лични.

Ако мислата е за себе, како што мнозинството мисли всушност се, тие може да станат мисли навики кои се повторуваат и слични се привлекуваат, на тој начин што човек станува заробеник во себе, во своите мисловни форми кои се навики.

 

Типови на мисли

Секоја мисла од дефиниран карактер како на пример омраза, љутина, страв, љубомора креира форма и испраќа сигнали, преку соодветна боја во зависност од типот на мислата се формира бојата и осцилацијата и нејзиниот интензитет, на тој начин што осцилацијата комуницира со менталната материја на ист начин како што вибрацијата на ѕвонче комуницира со воздухот околу.

Овие сигнали се испраќаат во исте насоки и кога ќе се сретнат со друго ментално тело се привлекува или одвлекува во зависност од осцилацијата и боите.

Кај мнозинството луѓе активните бои се во долниот дел на јајцевидната форма што покажува дека мнозинството луѓе го немаат развиено повисокиот ментален дел на своето ментално тело.


 

6. Астрално тело

Астралното (емоционално) тело е третото тело кое се формира на 14. години и постои во повисоката астрална или четврта димензија, со тоа и во физичката димензија, но сепак невидливо во физичкиот свет.

 

Емоционалното тело, е познато и како Астрално тело поради својата блискавост, ѕвездена блискавост, на тој начин што ова тело е комплетно возило, како и физичкото со оклоп од аура, кое што е создадено од материја повисока од физичката материја, астрална материја во и преку која емоциите, желбите, чувствата и пасиите се појавуваат и тело кое е мост помеѓу пониското физичко тело во физичка димензија и повисоката ментална димензија и ментално тело.

Астралната димензија и материја постои во 7. нивоа исто како и физичката во која постојат седумте фрекфенции на физичка материја по редослед: цврста, течна, гасовита, етерична, супер-етерична, под-атомска и атомска.

Нема специфични имиња за 7. нивоа на материјата, но тие постојат од најниска како што е под-атомска до највисока астрална материја како што е црвстата во зависност од осцилацијата на енергијата.

Астралната материја е многу почиста од физичката, и секој физички атом е обвиткан од астрален материјал, и по научни основи веќе е добро познато дека ниту во најцврстата физичка материја нема два атоми кои се допираат еден до друг и местото помеѓу нив е со огромна раздалеченост. Така се што во физичкиот свет е создадено од физички материјал има и астрална копија односно астрален материјал.

 

Функции

Постојат неколку функции но главно 3. функции на астралното тело. Сензација, мост помеѓу менталното ниво и физичката материја и како најважно независно постоење на свеста за акција, односно тело во кое душата продолжува да живее и креира по завршување на физичкиот живот и одвојување од физичкото тело и димензија.

Постојат повеќе принципи на манифестација на животот, четирите долни принципи се: физичко тело, етерично тело, виталност и Kama/Desire/Желба, последниот принцип, желбата е животната манифестација на астралното тело и главната карактеристика, да чуствува, која што е форма на сензација и комплексна форма на емоција и на начинот на кој се формираат желбите, помеѓу објекти и тела, според задоволство или болка.

Kama/Желба ги вклучува сите чувства и може да се опише како пасија и емоција по својата природа, ги вклучува сите животински потреби како што е глад, жед, сексуални потреби и сите пасии како што се формите на љубов, омраза, љубомора тоа е желба за постоење и искуство за материјални задоволства.

Луѓето, оваа сила или желбата најмногу ги врзува во материјален свет за материјални задоволства кои се всушност еден вид на илузија затоа што повисоките постоења односно димензии не се директно материјални.

Втората главна функција на астралното тело е да биде мост помеѓу умот и физичката материја, на тој начин што на физичките чувства се пренесува Prana/Виталност која што станува сензација, оваа Prana која што е во астралното тело и е перцепција односно Manas/Mind/Ум и мислата како највисока свесна форма.

Затоа без директна конекција преку астралното тело не може да се има конекција помеѓу надворешниот свет и умот на човекот кој што не е првенствено материјален туку постои во високата ментална димензија.

За жив пример следува фактот: Кога и да мислиме, започнува реакција на менталната материја во нас, која што како фибрација се генерира и пренесува во материјата на астралното тело и астралната материја директно го придвижува виталното тело и етеричната материја која на крајот креира во и преку физичката материја во нашето физичко тело со помош на мозокот.

На тој начин, астралното тело е мост помеѓу физичкиот и менталниот живот и обратно, служејќи како трансмитер на вибрации помеѓу физичкиот и  менталниот свет преку размената на вибрации.

Бои

Црна: Омраза и злоба

Црвена: Љутина во црвено треперење на боја со црна позадина

Брилијанта: Огорченост

Темно црвена: Сензуалност

Кафено-сива: Егоизам, една од најчестите бои на астрално тело

Кафено-црвена: Досада, најчесто распространета во вид на паралелни шипки

Кафено-зеленкаста: Осветлена со црвени трепкања, љубомора

Сива: Депресија, најчесто во форма на паралелни распространети шипки

Портокалова: Гордост за амбиција, најчесто се формира со иритација

Жолта: Интелект бојата може да биде златна и тогаш се работи за интелект од висок карактер како филозофија или матекатика.

Зелена:  Комплексна боја, светло јаболчеста најчесто значи добра виталност, плаво-зеленкаста асоцира на симпатија додека сиво-зеленкаста, измама и лукавство.

Плава: Темна се религиски чувства, додека светло плава може да значи чувства кон спиритуална идеја или цел, љиљаково-плава висока спиритуалност, духовност односно просветленост.

Ултра-виолетова: Висока и чиста развиеност на духовните факултети односно знаења.

Ултра-црвена: Ниски духовни факултетски знаења, една од кои е гневот и егоизмот во форма на магија.

Формирање на мислата

Менталното и астралното тело се тие кои што се дел од продукцијата на формирање на мислите. Чиста интелектуална мисла како на пример алгебра или геометрија е врзана со ментална материја, но доколку мислата содржи во себе лична или себична форма за лична желба, ќе привлече во себе астрална материја заедно со менталната материја двете кои постојат во своите димензии но менталната како највисока е вклучена во астралната димензија но и физичката во која и астралната е дел. Така секоја мисла продуцира вибрација и форма, вибрацијата се обликува од менталното тело преку соодветна боја зависно од мислата.


 

5. Етерично тело

Етеричното (витално) тело е првото потсвесно тело веднаш “над” физичкото. Тоа е копија на физичкото и мост помеѓу физичкиот свет и астралниот свет, затоа што етерот е дел од физичкиот свет како и самата етерична материја од која е создадено.

Етеричното тело се создава на 7. години кога се формира првиот оклоп околу физичкото тело. Тогаш детето добива идентитет и е свесно за своето физичко тело во целосна форма, осеќа виталност и контрола врз физичкото тело. Тоа е тело кое припаѓа во материјална димензија во етеричниот дел на материјата затоа што самиот материјален свет има 7. нивоа, од кои три се хемиски и четири етерични. Првите четири се етерични.

1. Атомско

2. Под-атомско

3. Супер-етерично

4. Етерично

5. Гасовито

6. Течно

7. Цврсто

Секоја цврста, течна и гасовита честичка во физичкото тело е обвиткана со етерична обвивка, од тука потекнува името, етеричен дупликат. Во големина се протега околу 1/4 од инч надвор од физичката кожа.

Етеричното тело има две главни функции, првата е виталноста која што се апсорбира во вид на енергија и се пренесува директно на физичкото тело, второ самото етерично тело служи како мост помеѓу астралното(емоционално) тело и физичкото на тој начин што директно ја пренесува свеста од погорните нивоа до физичкото тело каде мозокот е директен физички трансмитер.

Важно е да се напомене дека етеричното тело не може да служи за постоење во свест без останатите повисоки тела но и без физичкото тело, тоа не е ментално свесно туку служи за пренесување на виталноста на физичкото тело, виталноста која е главна енергија на животот.

Одвојувањето од физичкото тело најчесто се случува при смрт, несреќа, анестезија. При лошо здравје најчесто човек се чуствува слаб, затоа што етеричното тело е слабо односно етеричната материја од која е создадена е деформирана и енергијата е слаба, поради болест на пример, која што за да се манифестира во физичкото тело започнува од највисоките ментални тела, преку етеричното до физичкото.

Споменатата етерична материја е физичка материја, една од 7. веќе напоменати, па така таа е невидлива но е под влијание на топло и ладно и физички процеси.

Постојат случаи каде што луѓе загубиле веќе еден прст, и се жалат на болката во екстремитетите односно таму каде што загубениот прст постои, сето тоа се случува затоа што етеричната материја и обвивка околу загубениот физички дел сеуште е на истото место, бидејќи ова тело кое е повисоко и посилно од физичкото и етеричната материја не се губи на ист начин како физичката.

 

Виталност

Прана/Prana, Chi/Ki/Ки, или најдобро и најлесно опишана како виталност е енергија, која што ги координира физичките и живи процеси во молекулите, клетките итн. односно ги држи заедно на ниво на организам. Без виталноста која постои во сите повисоки нивоа и која потекнува од ниво на мисла, не е возможно физичко постоење на жив организам, во пониска димензија, па така виталноста се апсорбира од ниво на минерали па растенија, животни и човекот како најразвиено духовно битие.


3. Четири тела

Додека душата се наоѓа во физички (материјален) свет, таа постои во четири тела кои пред сè се создаваат и понатаму се надополнуваат и се најлесно кажано, “едно врз друго”, две од кои по заминување на душата од материјалниот свет дали е тоа во моментален период, како спиење или астрална проекција или конечко преку смртта, првите две од нив се враќаат во земјата односно остануваат во материјалниот свет од каде што потекнуваат, додека другите две се пренесуваат во горното ниво, односно астралното, транзитивно и емоционално ниво. За полесно разбирање физичкото и виталното тело се материјални тела создадени од материја и етер што се физички материи, додека емоционалното и менталното се духовни тела создадени од астрална и ментална материја и кои постојат во четвртата и петтата димензија, со тоа и во физичката димензија иако невидливи.

Важен е фактот дека сите четири тела се споени и креацијата на индивидуата започнува од мислата односно од менталното тело, кое преку емоциите во емоционалното тело се префрла преку етеричното тело во физичка манифестација.

Brennan model на четирите тела:

Физичко тело

Физичкото тело е формирано со раѓањето. Под формирање се подразбира дека е завршен процесот на комплетирање на самото тело, но потсетуваме оти самото тело расте и се развива се до адолесценција, дури и се менува низ целиот живот, но во спиритуален/духовен контекст физичкото тело како прво тело е формирано со раѓање.

Физичко тело

Етерично тело

Виталното тело се формира од раѓањето до 7. година на детето,  виталното тело е идентитетот на детето со кое се добива првиот енергетски оклоп околу физичкото тело и се манифестира како енергетски етеричен облик кој го енкапсулира физичкото тело. Под виталност мислиме на тоа што веќе целосно го осеќаме физичкото тело. Виталното или етерично тело не е тело за свеста како што се физичкото, астралното и менталното, туку пред сè го надополнува физичкото со помош на животната енергија позната под името “Prana/Прана или Виталност”.

5. Етерично тело

Астрално тело

Емоционалното тело се формира од 7. година на детето до постанување на тинејџер до 14. година од животот. Емоционалното тело е второто тело, по виталното кое формира енергетски облик околу физичкото тело и преку кое се манифестираат, желбите, емоциите и целите за манифестација во физичко постоење. Ова тело значи посакувања кои наскоро со формирање на последното, највисокото, умствено тело ќе можат да се остваруаат.

6. Астрално тело

Ментално тело

Менталното тело се формира од 14. година до 21. година кога и според науката и медицината, индивидуата достигнува полн развој. Ова тело е највисоко тело во физичкото постоење и го манифестира умот, менталниот оклоп кој овозможува индивидуата од највисокото ниво на ментален план, преку желбите и целите со своето емоционално тело и желби, да ги манифестира разумно своите цели преку физичкото тело.

7. Ментално тело