Category: Душа и енергетски тела

8. Човекова аура

Аура е твоето енергетско поле околу тебе. Аурата е всушност енергетско поле околу сите четири тела, поединечно. Се гледа во боја но не секој може да ги види боите во секое време. Постојат седум бои и седум нивоа на обвивка што кореспондираат со чакрите. Сите ние имаме сопствена вродена комбинација. Нашата енергија. Но таа енергија низ животот се менува, во зависност од нашите мисли и емоции, се што правиме, со кого и каде сме во контакт. Боите се всушност осцилации и вибрации и се поврзани со емоциите и мислите. Мислата е најсилната енергија.

Секој жив човек го има своето енергетско поле, кое е енергетска манифестација, обвиткувајќи го физичкото тело од сите страни од горниот дел кон долу.

Аурата е директно поврзана со седумте спирали или влезни и излезни центри наречени, чакри, седумте чакри. Бојата на аурата се гледа како излегува од чакрите и се меша со останатите делови формирајќи јајцевидна обвивка околу телото. Аурата на човек зависи од мислите, од околината и ние постојано примаме и даваме енергија во зависно од тоа каде сме и со кого комуницираме.

 

Како да се препознае својата аура

Се осеќаш добро во близина на одредени луѓе, енергијата односно аурата на одредени луѓе ни влијае позитивно, во однос на нивните емоции и мисли кои што се директно енергија, боја и осцилација

Спротивно од тоа се осеќаш лошо во близина на одредени луѓе, затоа што енергијата односно аурата на одредени луѓе ни влијае негативно, во однос на нивните емоции и мисли, затоа што сите сме различни со свои интенции, цели и на тој начин со различни емоции и мисли.

Можеш да го препознаеш одреден човек што мисли или како се осеќа во однос на тоа што нашета аура лесно ги прифаќа или одбива луѓето во однос на горните објаснувања.

Човек како најразвиено духовно суштество, може да ги искуши енергетските полиња и на животните, растенијата, минералите итн…

Ако човек има свое милениче, куче или мачка може на истиот начин како со други луѓе на истиот начин да види како се осеќаат без комуникација, преку енергетското тело.

Како што веќе знаеме, човек како духовно суштество има четири тела, па така етеричното тело има сопствена аура која ја нарекуваме физичка аура и астралното тело и менталното тело имаат сопствена аура.

Физичка аура:

Во овој дел важен е балансот и здравјето.

Астрална аура:

Астралната аура или емоционалното ниво на аура е целата емоционална историја и искуства, кога некој се осеќа сенситивно или е иритиран зависи од астралната аура.

Ментална аура:

Највисокиот дел е директно поврзан со мислата и со тоа што размилсуваме, тука во овој дел се чуваат верувањата или идеите што се на мисловно односно ментално ниво.


 

1. Душата во тела

Душата се наоѓа во срцето, во семе-атомот во срцето и се инкарнира преку своите четири возила. Душата е сè што човек има, таа доаѓа во физички живот без материјални добра и го напушта физичкиот свет на ист начин.

Во душата се наоѓаат сите искуства што човек ги носи во својата духовна еволуција. За функционирање во живот важни се телата, од кое физичкото е главно за во физички живот. Целата креација, сите желби емоции сите длабоко во душата, но и балансот или кармата на животот, се манифестираат преку физичкото тело.

Три се возила кои ја пренесуваат свеста, виталното тело е тело кое ја пренесува само енергијата на животот наречена “Прана/Prana или Виталност”. Физичкото, виталното, емоционалното и менталното тело се телата, со кои вашата, твојата душа ќе го собира и подоцна пренесува целото искуство значи дека сите четири тела се подеднакво важни и се надополнуваат. Ова надополнување воедно значи и дека душата го искажува својот карактер преку сите четири тела.

Менталното тело е важно како прв процес, за пропагација на мислата низ подолните тела.

Емоционалното тело е директно поврзано како мост помеѓу менталното тело од каде мислата буквално се пренесува во енергија односно емоција спремна за манифестирање во и преку физичкото тело.

 

Душата како сведок

Душата е свеста или свеста е во душата, индивидуалната свест е дел од колективот, таа е сведок на настаните што секој од нас го опкружуваат. Затоа можеме да заклучиме дека човек е сведок, затоа што настаните и сè што човек го опкружува, се пренесува преку душата и преку материјата во физичко постоење искушува создавајќи, па така душата пренесува искуство кое го собира директно преку телата. Сведок значи да се искушува и да се собира искуство преку кое духовната еволуција на човек ќе напредува. Секој индивидуален човек има своја индивидуална духовна еволуција иако е дел од колективното духовно човештво. Еволуцијата на свеста е и во спознавање за своето постоење, така човек е највисок сведок за своето индивидуално но и колективно постоење,, тој спознава, свесен е за себе и преку душата еволуцијата продолжува да го носи кон разбирање за своето повисоко постоење.

Душата во која е скриеното целото иднивидуално богатство е своеврстен извор од кој креацијата ќе се манифестира.