Tag: астрална

Трпението е мир и радост

Да се биде трпелив е пола од работата. Трпеливоста е голема особина посебно кога немаме избор. Трпеливоста не носи во подобри услови, затоа што следниот пат кога ќе осетиме притисок од животните промени ние ако останеме трпеливи веќе целосно сме успеале и на ментален и на духовен план.

5. Сакај се себе и ќе сакаш сè

Сакајќи се себе, сакаме и прифаќаме сè околу нас. Единствениот пат за посреќен живот е да се сакаме себеси и со тоа да го прифатиме моментот во времето таков каков што е. Доколку одредени ситуации не можат да се променат тие треба да се прифатат. Прифаќајќи се себе ги прифаќаме сите околу нас, сакајќи се себе ги сакаме сите околу нас, без разлика на разликите, материјалните и филозофските разлики кои не одделуваат едни од други.

Да се сакаме себе, значи да се прифатиме себе, значи да бидеме во мир со себе, значи да ги прифатиме дргугите и да бидеме во мир со другите.

Почитта пред себе е најголемата човекова доблест, човек да биде способен да сака мора да се прифати и да се сака себе.

Кога сме спремни да се сакаме, ние го препознаваме моментот и започнуваме да се соочуваме со себе. Најдобар начин да дојдеме до вистината е да спознаеме практично оти не е возможно да бидеме во мир со другите луѓе доколку не сме во мир со себе.

Да се сакаме и почитуваме себеси е всушност голема доблест, одговорност и храброст.

Медитација – Sri Chinmoy

Книга за медитација од Sri Chinmoy, на македонски јазик. Може да се научи општо за медитацијата и конкретни вежби и практики, што може да бидат многу корисни затоа што медитацијата е главна алатка за нашиот внатрешен спокој.

Robert Schwartz – Your Souls Plan

Во оваа извонредна книга авторот дава значење на тоа дека ние го планираме животот и пред да дојдеме во него, дека сите имаме свој план и пат за работа во животот и сите работи што се случуваат не се случајни. Иако ние избираме и можеме да менуваме сепак сите имаме свој пат. Понатаму објаснува за поедини термини на негативни случувања во одредени човечки животи зошто сето тоа не е случајно и колку се важни искуствата од духовен аспект.

Висока енергија: љубов, солидарност, разбирање

Да се сака, мора првенствено човек да се сака себеси. За да биде солидарен човек мора прво да се почитува и да биде солидарен со себе. Така за да ги разбереме другите мораме да се разбереме себе.

Солидарноста е како љубовта највисока енергија и вибрација која привлекува исполнетост која се дели со другите.

Љубов е солидарост, разбирање, трпение. Колку повеќе сакаме толку повеќе прифаќаме. Колку повеќе сакаме толку повеќе сме солидарни. Најважното е да се сакаме себеси и да отвориме врата за нови луѓе во нашиот живот. Така љубовта е висока енергија затоа што разбира и е солидарна.