Tag: емоции

Четири кралства на живот

Во физичкиот свет на Земјата постојат четири кралства на манифестиран физички живот, во различна фаза на развој, како физички така и свесно.

Четирите кралства по редослед од најнискиот развој се подредени на:

  1. Минерали

  2. Растенија

  3. Животни

  4. Човек

Сите четири кралства се делат според еволутивниот живот и сите четири кралства на физички живот содржат физичко тело или оклоп, кое е создадено од хемиски супстанции од материјалниот свет кои се цврста, течна и гасовита материја. Така физичкото тело на човек е хемиска супстанција исто како што е каменот, со таа разлика дека камењата се дел од минералниот живот, односно свеста е на почетно ниво во манифестација и душата или семето на животот е на почеток во еволутивниот развој во физичко постоење.

Човековата душа во материјално постоење развојот го влече токму од сите три кралства позади човековото кралство.

Секако во поглед на еволуцијата човекот како највисок духовен организам, поседува функции да расте и да се движи преку своето физичко тело, што кај минералите кои се на почетната фаза овие способности не се можни.

Ако човек го споредиме со кралството на растенија ќе сфатиме дека и растенијата имаат физичко тело или оклопка, која може да расте, но човек може да осеќа, може и да се движи, поради повисоките тела со кои располага.

Така ако ја направиме и третата споредба помеѓу човек со кралството на животни ќе сфатиме дека животните можат да чувствуваат, да растат, да бидат во одреден дел свесни за себе, но човек ги има дополнителните капацитети за говор како и рацете кои се физичка предност. Човек во еволуцијата развива јазик, говорен капацитет кој го поседува за да може на дополнителен начин да ги искаже своите мисли и чувства, така неговото физичкото тело е многу повисоко од останатите физички тела/оклопки во трите кралства.

 

Тела

За да ја видиме конечната споредба, мора да погледнеме подлабоко, за да ја сфатиме духовната страна како оди еволуцијата и зошто одредени аспекти во однос на телата кои овие кралства на манифестиран физички живот ги поседуваат.

За душата да се развива и да искушува во физички тридимензионален свет, мора да постои во физичко тело кое е создадено од материја од која е самиот физички свет создаден. Постојат седум нивоа во физичкиот свет, но четири главни материи од кои е создаден, тие се цврста, течна, гасовита и плазмична. Доколку душата не го развие своето физичко возило, таа би седела во повисокото астрално тело и би била невидлива за останатите суштества.

Така постојат правила во однос на телата и спојот помеѓу истите.

Првото правило е, виталното тело, кое е пандан на физичкото тело, материјално но создадено од етеричен материјал, е основно тело со кое се придвижува физичкото тело, преку виталното тело се овозможува самата енергија или “сила на живот”, како и растот, со растење на виталното тело, расте физичкото тело. Виталното или етерично тело е спој помеѓу физичкото тело и духовните тела, кои се астралното тело и умот односно менталното тело.

Понатаму второто правило е, астралното или емоционално тело е тело кое е возило за емоциите и чувствата и е изградено од астрален материјал од емоционалниот свет, кој е пак повисокиот свет од повисоката четврта димензија од каде душата доаѓа и заминува од физички живот.

Третото правило е умот, највисокото тело кое е токму менталното тело, преку кое мислата е креаторот на сè

и самото тело е изградено од ментална материја од светот на мислата или менталниот свет од највисока петта димензија.

За да се објасни конекцијата помеѓу виталното тело и физичкото тело, првото кое е мостот тому од научни факти веќе знаеме дека на атомско ниво, постојат големи далечини помеѓу два атоми и дека ниеден атом не се допира со друг и дека секој атом има свој оклоп создаден од етер.

Така минералите немаат витално тело создадено од етер. Токму етерот кој е дел од материјалниот свет ги обвиткува атомите. Затоа животот во физичко тело е проекција и пропагација од повисоко ниво и мора да има одвоено витално тело, но понатаму и астрално и ментално тело. Но во еволуцијата минералите, немаат витално тело затоа што се на почетна фаза. Така само хемиските процеси кои се дел од материјалниот свет од најниско ниво, се присутни кај минералите и хемиските сили се единствени кај минералите.

Во врската помеѓу растенијата, животните и човек во релација со виталното тело, сите овие три кралства кои се повисоки од минералите имаат свое етерично односно витално тело. Но и етеричниот сегмент е создаден од четири поднивоа, растенијата во своето витално тело ги имаат првите две поднивоа во своето витално тело и на тој начин можат да растат но не можат да имаат перцепција за себе и меморија кои се квалитети од повисоките два етерични поднивоа, кои се присутни кај животните и човекот во нивните етерични тела.

Етерични поднивоа на етерично тело:

1. Хемиски Етер

2. Животен Етер

3. Светлосен Етер

4.  Рефлектирачки Етер

 

Ако се префрлиме кај животните и нивните витални тела, ќе видиме дека првите три нивоа на етер се присутни односно активни од четирите веќе споменати. Така животните можат да растат, активност на Хемискиот Етер, да пропагираат преку Животниот Етер кои се квалитети исти како и кај растенијата и го имаат развиено третото подниво на етер односно да имаат перцепција за себе односно Светлосен Етер. Четвртиот етер кој е значаен за мислата и меморијата не е присутен кај животните.

Во гореспоменатото ако направиме детална анализа и споредба со човекот како највисоко духовно суштество и кралство во физичкиот свет, ќе сфатиме и видиме дека сите четири поднивоа на етеричниот дел од етеричното тело се присутни. Преку Хемискиот Етер односно подниво, човек се храни и се развива, со силите на Животниот Етер човек се движи, со Светлосниот Етер чувствува и осеќа и организмот работи преку нервниот систем и мускулите но и комуницира со надворешниот свет. Четвртиот етер односно подниво на виталното тело кое не е присутно во другите пониски три кралства, Рефлектирачки Етер му овозможува на духот полна контрола врз своите тела со мислата и ја чува меморијата. Така човек е највисок.

При раст, виталното тело на растенијата, животните и човекот се издолжува во споредба надвор од физичкото тело, кај човек се издолжува неколку центиметри. Виталното тело е копија на физичкото тело, тоа е тело на силата на животот, или Прана/Prana, објаснета во соодветниот дел за витално тело на страната.

Виталното тело е енергијата и животот, што го држат физичкото тело, но кај човекот постојат и повисоките астрално и ментално тело, затоа човек чувстува емоции со своето емоционално тело и ги креира своите мисли од своето највисоко тело, менталното тело. Етеричното тело се распаѓа во етерот, односно во физичкиот свет од кој е создадено по смртта, но другите две повисоки тела се и во повисоко постоење.

Во одредени случаи на давење или паѓање од висина, етеричното тело го напушта физичкото тело. Под напуштање значи дека се одвојува за момент, во тие моменти, но преку сребрената жица сите четири тела се поврзани кај човек се до смртта. Така во тие одредени случаи овек може да се осеќа како парализиран, во други случаи на анестезија, виталното тело се одвојува заедно со повисоките две тела кај човек, и доколку во тој случај анестезијата е пресилна таа може да доведе до смрт односно до комплетно одвојување од физичкото тело.

Егото, мозокот и нервниот систем се во функција затоа што виталната сила или енергијата се пренесува преку виталното тело до нервите и мускулите на физичкото тело. Ако човек се осеќа изморен или дури парализиран, виталната сила, енергијата не е присутна и не се пренесува во физичкото тело. Во случај на болест, прво се јавува во повисоките тела, но кога се манифестира во физичкото тело, веќе се осеќа слабост, бидејќи енергијата не тече од виталното тело или е со слаб интензитет.

Заклучно со горенаведениот дел ги видовме спојувања на етеричното тело од материјалниот свет во врска со четирите кралства на живот. Понатаму нашето внимание е насочено со врските со астралниот свет, односно емоционалниот свет и астралното тело.

Можеме да заклучиме дека минералите и растенијата немаат емоционално тело. Според тоа немаат капацитет да чувствуваат, да посакуваат и да осеќаат емоции, квалитети од емоционалниот свет.

Кога еден камен ќе се скрши, не осеќа затоа што го нема создадено и изградено емоционалното тело. Доколку кај човек се јави физичка повреда, понекогаш болката е голема затоа што емоционалното тело е оклоп кај човекот. И растенијата болката нема да ја осетат, но духот на целата Земја да, затоа што и планетата има дух. Земјата е подеднакво жива и чувствителна планета како и целиот физички универзум.

Кај човекот емоционалното тело е во зависност од еволуцијата претходно, почиста и посветла боја, значи поголем напредок и поубави и почисти емоции, додека врзување за материјалните и животински апетити значи понизок степен на емоционален разум. Но во животното школо емоционалното тело се развива преку физичкото тело. Емоционалното тело е јајцевидно и може да се види во посебниот дел за ова тело на страната..

Кај сите суштества со топла крв кои се воедно и највисоки во еволуцијата како што е човекот кој што има емоционално тело, и со тоа емоции, чувства и желби кои се енергија, силата тече од близина на црниот дроб кој е центар на астралниот семе-атом. Повеќе во делот за семе-атоми на страната.

Растенијата немаат емоционално тело низ нив не протекува крв, во оваа фаза на еволуција во кралствата на живот, растенијата се водени од групниот-дух односно Group-Spirit кој што не е индивидуално присутен.

Во ладнокрвните животни, кои што имаат црн дроб и црвена крв, постои посебно емоционално тело и групниот-дух ја води насоката на енергијата кон надвор, затоа што емоционалното тело кое е групно е одвоено од физичкото, односно групниот-дух не е индивидуално присутен.

Кога одреден организам, ќе еволуира да го користи сопствениот дух, и на тој начин да ги контролира сам сите свои тела, енергијата кружи внатре и тогаш се јавува пасијата за постоење, односно крвта, која е топла во човековиот организам, судејќи по тоа дека човек е највисок организам кој поседува ментално тело и е индивидуален дух кое другите три кралства не го поседуваат односно кај животните кои се најблиски во еволуцијата, не е целосно комплетирано.

Токму струењето на топлата крв, од црниот дроб на организмот овозможува енергија за внатрешно кружење кое се пренесува на физичкото тело преку емоционалното тело, и од овој емоционален центар во црниот дроб, животните и човекот кои како кралства имаат еволуирано емоционално тело (кај човекот најкомплексно), осеќаат емоции, желби и пасии кои ги носат во семе-атомот на емоционалното тело, но и ги осеќаат истите.

Префрлајќи го вниманието на четирите кралства на живот со светот на мислатта одноосно со менталното тело, минералите, растенијата и животните немаат развиено ментално возило. Животните во одреден дел имаат развиен ум затоа што тие се највисоки до човекот и градат ментално тело, но тоа не е целосно изградено како кај човекот. Мислата е развиена само кај индивидуата тоа е човекот во своето човеково кралство или човештво. Минералите, растенијата и животните се делат на врсти и подврсти и тие не се индивидуализирани на начин како што е човекот.

Минералите, растенијата и животните се делат на врсти и подврсти како што напоменавме, но кај човекот постојат исто толку врсти колку што постојат индивидуи. Секоја индивидуа е своја врста, или “закон за себе”. Во секој човек постои индивидуален дух, тоа сум “јас и ти”, внатрешен дух што ги движи телата од највисоко ментално ниво и тело преку емоции до физичкото тело и етеричното кое е мостот. Кај растенијата или животните, “групниот-дух” или инстинктот, кој не е индивидуален и не е споен со индивидуалните физички тела ја директира врстата на животни од надвор , односно само својата врста, така сите врсти се колективно врзани.

Така групните духови преку инстинктот за манифестираниот живот во минералите, растенијата и животните или трите долни кралства, се лоцирани во астралниот свет и делумно во менталниот свет, кои се проектираат во физичко постоење.

Така духот или душата кај луѓето е таа што ги движи телата преку силата на животот. Но свеста е на различно ниво во сите четири кралства.

Исто така може да се рече дека минералите се “во кома”, растенијата “спијат”, животните “сонуваат”, човекот е понекогаш, само понекогаш буден.

 

Проекција од ментален и астрален свет

 

На следниот дијаграм се гледат сите четири кралства подредени во трите постоења, ментално, емоционално и физичко ниво.

Во ментално постоење, ментален свет, само човекот има свое возило како и во останатите два пониски света. Животните немаат една врска, го немаат умот, менталното тело, растенијата немаат две врски, ментално и емоционално тело, минералите се на почеток на духовната еволуција во физички свет поседувајќи само физички оклоп.

 

Свеста во сите четири кралства

Човековата еволуција, духовна во физички свет која е проектирана од повисоките светови е во контрола на сите четири возила. Физичкото тело е прво тело кое душата го гради, тоа е сега во четврта фаза по густина, виталното во својата трета фаза, астралното тело во втора фаза затоа ова тело кај многу луѓе не е воопшто во својата форма, додека менталното тело е исто така во развој. Кај некои луѓе овие две горни тела се сосема неразвиени иако ги поседуваат, односно ја имаат комплетирано основата.

 

Групен-дух или инстинкт

За групните-духови кои се всушност инстинкт и водилка или патоказ за животните и растенијата вреди да се напомене дека овие две форми се проектираат од астрално односно емоционално постоење како што е веќе напоменато, според тоа се водени од инстинкт односно групен-дух за својата врста, кој што ги води од надвор. Растенијата имаат физичко, витално и емоционално тело, но групниот-дух е инстинкт од надвор и ги води од надвор, односно тој не е локално споен со поединечните пониски тела на врстата, затоа што животните не се индивидуални.

Одличен пример за полесно разбирање е групниот-дух кој ги собира птиците кои мигрираат односно инстинктот од надвор, ги тера птиците да  мигрираат на есен и кон југ, ниту касно ниту рано, за да го избегнат забот на зимата и пример за духовната природа на кралствата на физички живот кои не се индивидуални како човекот.

Дабарите се друг пример, инстинктот односно групниот-дух ги води преку изворот на реката да ја изградат браната под точен агол. Во услови кога дотокот на вода е голем и сите различни карактеристики на околината, операцијата одвива прецизно како инженерство. Тоа се вештини и мудрости од високиот групен-дух, инстинктивните карактеристики кои ги водат животните во физички живот.

Така за разлика од животните, човековото кралство односно човештвото и нашата еволуција е директно врзана со фокусот во материјален свет, каде мудроста е заматена, со други зборови и покрај тоа што човековото кралство е повисоко од животинското, животните иако немаат ум, се водени во неверојатна прецизност, која кај човек изгледа недостижна и покрај менталното тело кое само човек го поседува. Но како што е кажано, сето тоа има директна врска со тоа што човековиот дух е во индивидуален во физички свет, така тој расте и се развива, додека животинскиот или вегетативниот групен-дух функционира од повисоко ниво на постоење и ги води животните и растенија од повисоко духовно ниво, надвор од материјален свет.

Така главната разлика помеѓу човековото кралство и кралствата на животните и растенијата е што човек е свесен за себе, го има своето Его како индивидуалец ги поседува и контролира сите свои возила, душата е во тие возила со кои располага, додека животните и растенијата не се индивидуализирани и свесни за себе, но тие се форми кои се дел од тело и ентитет на повисокиот групен дух кој преку инстинктот ги води во живот.

Така врстите и подврстите на животни изгледаат и многу слично физички, поради тоа што потекнуваат од истиот групен-дух, додека кај луѓето не постои сличен човек, близнаци се разликуваат по карактер, душата е секогаш индивидуална и духовната еволуција кај луѓето која е највисока и најдолга на Земјата е со карактеристики кои се целосно индивидуализирани и човек е господар на себе, како највисок духовен ентитет во физичко постоење.

Во четвртиот дијаграм и сликата прикажана горе, уште еднаш се гледа дека кралството на растенија го има најниското возило во менталниот свет, и свеста кај ова кралство е како спиење без сон. Во групниот-дух кај минералите, кои поседуваат само физички оклоп статусот на свеста е како несвесна природа односно “транс” фаза.

На тој начин човек како индивудалец е највисок и одделен од другите три кралства, иако влече директна еволуција од овие кралства, но и фактот дека сите се поврзани, затоа што свеста е една. Човек е воден одвнатре каде во секој од нас се наоѓа душата и преку срцето и крвта силата протекува навнатре, додека кај растенијата и животните процесот е обратен и тие се водат од надвор затоа што духот е групен и не е индивидуален во секое вегетативно или животинско тело/оклопка.

Така за крај следува заклучокот, човек е превртено растение. Растението ја зема својата храна од коренот, човек ја зема својата храна преку главата. Растението се испружува кон сонцето, човек како свртено растение кон центарот на земјата. Растението, енергијата на животот ја зема преку земјата и коренот.

Животното е симболично на хоризонтална линија и се наоѓа во духовната еволуција и физички помеѓу растенијата и човекот. Р’бетот е хоризонтално поставен поради силата која се зема од земјата. Ниедно животно не може да стои во исправена позиција, односно така да постои затоа што струјата од групниот-дух не може да го води, тоа би бил индивидуалец како што е човек.

Така индивидуалниот дух. човекот има вертикално исправен р’бет, вертикално поставено грло, каде човек ги има способностите за говор, и крва која струи и која е доволно топла на тој начин човек чувствува и го има и највисокото ментално тело на располагање.


 

Слободна волја и судбина

Душата има свој патоказ, интуицијата е обично водилка, така секој има судбина. Одредени работи, едноставно не се бираат, затоа што се врзани за кармички дел, но повеќето работи се бираат, животот е слободна волја, изборот е право, изборот е искуство и корист, изборот е и план направен и креиран од душата.

 

Карма

Секој човек има судбина. Но, според законот за карма, нашите индивидуални души имаат одредена контрола врз многу настани од животот. Во текот на секоја инкарнација судбината и слободната волја ќе се сретнат, повторно и повторно. Тие се пресекуваат во нашата индивидуална карма.

Зборот “карма” потекнува од античкиот санскритски збор што значи “акција”. Во практична смисла, динамиката на физичкиот свет значи „за секоја акција има реакција“.

Карма е вистинскиот духовен закон што ги регулира интеракциите. Започнува со енергија на единствена мисла, која се развива и расте со тек на време преку нашите чувства, ставови, зборови, постапки и односи. Конечно се сместува во нашите души како една црта на личноста, само за повторно да се појави во форма на друга мисла. Секогаш кога човечко суштество дејствува, ние тргнуваме со сила што реагира. Оваа енергија може да се промени, но само ако се препознае. Волјата и интенцијата за промени е клучна.

Така законот за карма е едноставен. Секоја акција резултира со реакција. Имаме избор во кој важни се првичните активности што ги преземаме. Тогаш имаме слободна волја да одговориме на енергетската сила што се враќа кај нас како резултат на реакција. Преку нашата слободна волја, можеме да избереме активности што до нас самите и на другите им донесуваат успех и среќа.

Во суштина, ние го жнееме тоа што ќе го посееме. Ние ја собираме нашата карма. Радоста на живеење бара наше учество. Нашите постапки и реакции продолжуваат во текот на нашите животи. Кармата воопшто не е криминал и казна и не треба да се сфати како конечен суд. Ние одбравме околности што денес ги живееме преку нашите постапки во минатото.

 

Дали иднината е фиксна?

Иднината не е ставена во камен. Постојат многу работи што можат да ги променат нашите мисли и постапки. Нашата судбина се развива како прилив. Резултатите зависат од активности. Реакциите не се моментални. Честопати постапуваме во одредено време. Тогаш реакцијата се одвива низводно, некаде во иднината.

Дебатата за судбината против слободната волја трае засекогаш. Бесплатната волја ни овозможува да правиме избори што можат да ја модифицираат и обликуваат нашата судбина. Важно е да се разбере дека тоа е индивидуално патување, а не конечен резултат, тоа е важно. Слободната волја има големо влијание врз судбината. Иако судбината е факт, ја носиме во срцето, таа е патоказ, слободната волја е голем фактор.

 

Дали сте во целосна контрола врз вашата судбина?

И да и не.

Кога и да се случи нешто неочекувано или лошо во животот, не можете секогаш магично да ги промените вашите околности. Никој не мора да има сè како што сака. Понекогаш кога не можете да контролирате настани, духовното решение е да ги прифатите, во моментот, одма.

Дефиницијата за судбината вклучува настани и околности што изгледаат „над човечката моќ и контрола“. Точно е дека има настани што се чини дека не можеме да ги смениме. Сепак, нашата реакција на нив има големо влијание.

Дури и кога се чини дека сè е променето веднаш, преовладува судбината. Користејќи ја слободната волја во рамките на судбината, луѓето во своите животни настани можат да направат драстични подобрувања. Но, тие сè уште може да бидат во дилема дали да се справат со реакцијата поставена од поодамна.

Додека учиме и растеме преку искуство, ја обликуваме нашата судбина. Донесувањето одлуки и преземањето активности ја создаваат нашата карма и ја обликуваат нашата иднина во овој и идниот живот.

Сите ние се соочуваме со последиците од нашите постапки. Како да се соочиме со нив, можеме да ги балансираме кармичките долгови и да ги поправиме оградите во групите на души (луѓето со кои се реинкарнираме). Во време на проблеми, најдобро е да следите духовен пат. Понекогаш се чувствува како да бегате од енергетскиот бран што е судбина. Никогаш не функционира.

Чудно е како една средба, одлука или настан може да ви го промени животот. Имајте на ум дека правилните активности секогаш создаваат позитивни реакции. Па дури и ако ги чувствувате последиците од лошите постапки во минатото, можете да го скршите циклусот.

Старите модели на однесување и застарени мисли можат да нè спречат да имаме нови.

Преку кармата, ги учиме лекциите што ни се потребни за да ја смениме судбината. Не можете да ја елиминирате целата енергија во нашата карма создадена од минатите акции. Но, кога преземате правилни активности и донесувате правилни одлуки, ги зголемувате наградите и го менувате животот на подобро.


 

2. Духовна еволуција

Човек со својата душа доаѓа во материјалниот свет без никакви материјални добра и како таков го напушта. Материјалниот лист или страна на животот е безвреден затоа што директно не се добива просветлување, но индиректно преку обликување на материјата човек искушува и осознава. Духовниот лист односно страна е најважна затоа што преку неа се добива повисоко ниво на свеста за своето повисоко постоење, за околината и општо за цело човештво, за тоа што сме ние сите поврзани.

Просветлување значи свеста, повисоката свест, за сè што постои, за себе, тоа е вистинската духовна еволуција, целта на животот, целта зошто секој од нас е тука. Материјалните апетити секогаш се на второ место.

 

Животот е најголемо школо

Од страна на душата, како дел од свеста, за нас животот е најголемото (духовно) школо. Материјалниот свет нуди прилика во согласно со нашите желби, и преку нашата интуиција да го најдеме нашиот патоказ за еволуција. Солидарноста, љубота со сите околу нас, се две големи, високи алатки во нашата борба за духовна еволуција. Отфрлање на стравот, љубомората, зависта и користољубието се алатки од нисок карактер кои што ја враќаат душата во мал чекор. Но, секој чекор е важен, од секој чекор се учи и всушност секој чекор носи напред.

Го бираме животот во физичко тело со една единствена, цел да растаме и да се развиваме, да спознаваме преку добро и лошо. Ние не сме само креатори на животот, туку ние сме животот, тој е нашата слобода, нашата еволуција, нашиот пат, ние сме еволуцијата.

Спознавање значи, да го спознаеме нашето повисоко постоење. За тоа дека ние како индивидуи сме поголеми од животот, ние сме всушност животот, ние сме сè што постои, ние сме сите поврзани. Постоењето е духовна еволуција, не е материјална. Но материјалниот свет е еден вид на помош на нашиот пат кон спознавање.

Секој има свој пат, своја цел, душата е нашето сонце, нашето внатрешно сонце кое е патоказ за тоа каде се движиме. Слушајќи го срцето се слушаме себеси, патот што нашето срце го одбира е патот на нашата вистина. Така навистина секој има свој пат и своја цел, во слободна волја и избор. Гледајќи на животот како на слободен избор е голем духовен момент во човековиот избор, некои за тоа многу покасно осознаваат од други. Слободата е во моментот, тука и сега, човек станува слободен ослободувајќи се од себе, оставајќи го товарот и тргнувајќи по патот на душата.

Интуитивно некогаш сме свесни за одредени постапки и за тоа дали се исправни. Ние сме тие што можат да одберат но секогаш во слободна волја затоа што тоа е единствениот пат.

Сите битија во живо постоење со својата свест се стремат кон еволутивен раст и развој, да станат и да постанеме највисокото ниво на живот. Тоа е возможно само преку духовната еволуција, осознавајќи ја човековата димензионална и духовна природа. Свеста се проширува и го зголемува искуството само преку директно искушение, теоретското знаење е како материјата, илузија.

Стравот како ниска вибрација, на хартија не е страшен, додека не се искуши, душата го искушува во материјален, разделен свет на посесивност, егоизам и разделивост, физички свет каде моќта се изразува преку материјата.

Но самата еволуција во човековиот развој е преку материјалноста преку егоизмот, преку животинскиот свет, тоа е патот за духовно просветлување.

Кога ќе се помине таа животинска фаза, човек ја осознава духовната природа, го влече интуиција да се гради духовно, сфаќајки дека преку материјалната природа човек не може да еволуира внатрешно, нема мир и спокој, единствен начин е преку развој на свеста, проширување на видиците што нашата душа преку свеста ги изразува. Свест е висок збор, свесен значи присутен, значи посветен и значи осознавател за своето повисоко постоење.

 

Развој на свеста

Свеста кај човек се манифестира преку душата во сите четири тела, балансот е учењето како да се контролираат енергиите во телата. Менталното тело ги контролира емоциите, емоциите директно влијаат на физичкото тело. Емоционалното тело е мост. Игнорирање на емоциите не е цел туку контролирање. Слободата на човек е во својата душа, во моментот кога решава, затоа што сè почнува од мислата, свеста кај човек е највисока на ментално ниво, за разлика од пониските кралства на живот, минералите, растенијата и животните, кои се мината фаза за човечката душа.

Душата се развива кога фокусот се трга од четирите тела и се пренесува повеќе душевно, слушајќи ја душата која е патоказ за секоја индивидуа. Човек не е телото, туку душата, телото е возилото кое треба да се контролира но и да се гледа од далечина, затоа што душата е важна, преку неа духовниот развој е директно возможен.

Духовен развој започнува со солидарност. Во моментот кога човек почнува да биде солидарен, така мисли и така креира. Но да се мисли и да се креира не е секогаш возможно, затоа е важно креацијата да е солидарна. Таа ќе произлезе ако умот и емоциите се такви.

За правилен и брз духовен развој, потребни се два фактори, свеста и желбата односно интенцијата. Ако имаме свест врз нашите емоции и мисли е најважно и преку интенцијата и да се соочиме со слабост, пак можеме да работиме за подобар развој, недозволувајќи игнорантноста и незнаењето да станат нашиот пат со голема пречка.

4. Димензионален човек

Човекот е повеќедимензионален затоа што има четири тела преку кои душата се спушта во материјален свет.

Највисокиот ентитет во кој душата егзистира е менталниот свет од петта димензија, создаден од ментална материја, каде душата собира материјал за да создаде емоции.

Емоциите се креираат во четиридимензионалниот астрален (емоционален свет), создаден од астрална материја каде душата ги собира емоциите кои ќе ги манифестира во физичко постоење. Двете повисоки постоења уште може да се наречат и дека се духовни постоења.

За астралниот и менталниот свет постојат посебни артикли на страната. Под спиритуално ниво се смета, високото или второ ментално ниво, односно уште наречено и каузално ниво.

 

 

Понатаму во физичка манифестација постојат четирите кралства на минералите, растенијата, животните и човекот како највисок низ духовната еволуција. Душата се развива во петта димензија на горниот ментален свет и евоулира и собира материјал низ четири димензионалниот емоционалниот свет и преку него до тродимензијата во физичкиот свет како што е веќе напоменато.

Животот како духовна проекција од повисока ментална димензија каде душата се креира, во напоменатите четири кралства, свеста се манифестира на различни нивоа за своето постоење.

Минералите се во еден вид на “кома свест”, растенијата се во вид на спиење, животните сонуваат, додека човекот “лута”. Сите овие називи се симболични за да се долови еволуцијата на свеста. Свеста проаѓа низ сите четири кралства каде се формираат четирите тела, минералите и растенијата имаат само етерично и физичко тело односно оклоп, и се проектираат од емоционален свет, додека животните го имаат формирано емоционалното тело и се проектираат од ментално ниво, човекот е со ментално тело како највисока форма на постоење но во еволуцијата се формира и петтото, каузално тело кое кај луѓето е во фаза на формирање. Душата на сите луѓе проаѓа низ овие кралства и се манифестира свеста кај нас како себе-свесни индивидуи во највисокото кралство во материјалниот свет.

 

Духовна еволуција на свеста низ тела

За душата да може да пропагира и да креира, односно да искушува потребни се телата создадени од сопствена материја од таму од каде што потекнуваат, така физичкото тело е создадено од физичка материја, погорните тела од погорните материи.

Човек е составен од четири долни тела, физичко, етерично, астрално, ментално. Етеричните тела се првпат создадени преку кралството на минерали и се целосно изградени во кралството на растенија. Нашите емоционални тела се првпат создадени кога свеста минува низ кралството на растенија и се целосно изградени во кралството на животни. Нашиот ум односно менталното тело е за првпат создадено во кралството на животни и се гради и сега во човековата еволуција, се до каузалното или повисоко тело кое кај луѓето не е развиено и е во процес на развој.

Кога свеста станува себе-свесна за индивидуа овој процес се случува помеѓу растенија и животни односно помеѓу овие две кралства во духовната еволуција, кога се гради емоционалното тело и се опишува за себе. Комплетната слика за себе во првата тријада на духовна еволуција на свеста е кога се вклучени трите потсвесни тела, умот (менталното тело), емоциите (астралното тело), чувствата (етеричното тело) како директен спој со физичкото тело. Физичкото тело и трите потсвесни тела се дел од највисокото ментално тело-каузалното тело кое е во развој кај сите.

Во првата тријада на духовна еволуција се вклучени петте тела.

-Физичко тело (земјено и материјално тело)

-Етерично тело (етер и материјално тело)

-Емоционално тело (емоции и астрал)

-Ментално тело (високиот ум)

-Каузално тело (душата)

 

Освен физичкото трите тела се подвесни и се надополнуваат едно врз друго, манифестирајќи се во физичкото тело. Етеричното тело е енергетски шаблон или дупликат на физичкото тело со исти пропорции и големина како и физичкото тело, со аура која е малку поголема од физичкото тело. Емоционалното тело кореспондира со физичкото, со своја аура која е значително поголема од етерично-физичката. Менталното и каузалното тело се со голема аура.

Свеста не може директно да функционира преку физичкото тело, затоа физичкото тело е директно контролирано преку етеричното тело или уште наречено витално тело, без кое физичкото тело е несвесно и статично. Физичкото и етеричното тело се дупликат тела и се одвојуваат само во фазата на смрт, кога физичкото тело се распаѓа во земја, етеричното тело во етерот што е едно ниво од седумте материјални нивоа.

Астралното тело е од емоционалниот свет, кој е повисок од материјалниот и од каде душата доаѓа и заминува.

Еволуирајќи го нивото на свеста преку нашите потсвесни тела е долг процес.

Димензионалното постоење на човек е од највисокото ментално ниво, преку емоционално ниво до физичко. Во следниот дел се опишани овие три нивоа на постоење на душата.


3. Медитација – општо

Проекција како спиритуален сајт за духовно здравје може да даде основен вовед во медитација, техника која е најбитна за внатрешниот дух.

Медитацијата обично се опишува во историјата како езотерична практита за спиритуален развој но во последните години станува важна за секојдневен живот.

Се користи се повеќе како главна алатка за намалување на стрес и потешкотии во животот. Самата медитација влече корен внатре каде човек навистина постои душевно.

Медитацијата е практика, практика за свесен момент, за фокус и присутност во моментот и постојат многу различни техники. Медитацијата дури не се прави туку се чувствува односно се осеќа индивидуалното постоење, целта е токму таа, свеста да се насочи внатре во себе.

Медитацијата всушност не е стопирање на емоциите и мислите туку токму фокусот во моментот и присутноста, и покрај мислите и емоциите што доаѓаат, внатрешниот мир се бара во себе и покрај околината.

Умот ќе создава мисли и асоцијации, поентата на медитацијата не е стишување на умот туку токму фокус на свеста на нашата свеста длабоко во себе, душевен мир преку себе и во себе, без разлика на околните фактори.

Умот мора да биде слободен да размислува, срцето да чувствува и преку телото да се канализира, но важна е свесноста и присутноста, духовниот развој не е всушност само развој на физичкото, емоционално и ментално тело, туку значи и развој на петтото каузално или високо ментално тело.

Медитацијата е како сведок, да се биде сведок, да се остави се што доаѓа да помине без отпор, се што доаѓа да се прифати и да не се суди сите мисли и емоции сите мисли што може да бидат и лоши и добри. Што и да се појави се работи за искуство преку кое нашата свест може да расте и да еволуира. Но свеста и постоењето не се субјективни како егото и умот, туку субјективни така душата не суди што е добро и лошо. Се работи за искуство кое е важно и се што се случува е важно да се прифати и да помине, медитацијата е практика за себе-постоењето и полесно прифаќање.

Медитацијата е фокусирачка присутност, не се работи за умствена отсутност или умствена блокада. Присутноста и фокусот се природна и духовна норматива, но умот и егото владеат со човековите тела повеќе од потребното.

Медитацијата така ни помага да се врати во природната духовна состојба да се биде присутен и фокусиран во моментот и тука.

Ако само за момент застанеш и останеш да се почуствуваш тоа што си, да го прифатиш своето постоење во моментот таквко какво што е, сите проблеми наеднаш исчезнуваат затоа што моментот е се што постои. Но потребна е практита и време за да се напредне во вежбите.

Така медитацијата не е еден вид на спортска вежба туку состојба на постоење во моментот, да се насочи свеста на моментот без да се прави некоја активност. Само така може човек да се открие внатре во себе, да дозволи креацијата и слободата да го владеат.

Медитацијата е слобода и прифаќање без агенда, очекувања и судења, се прифаќа моментот и се насочува, секако постојат многу техники кои се индивидуални, вежбите започнуваат со помало ниво на свесност кон се повеќе одвоено време.

 

Лотус позиција

 

Во позицијата на лотус или цвет, која е најдобра за медитација и за длабоко искуство од самата медитација поентата на самата позиција на седење е што телото односно долните делови од екстремитетите се испружуваат и грбот се исправа при што енергијата мора и треба правилно да се движи преку сите седум енергетски центри.


 

2. Прифаќање и предавање

Предавањето е срце на сите спиритуални патишта. Нема друга посилна практика. Но што значи предавање? И што не значи предавање?

Најчесто се прават грешки во однос на спиритуалниот концепт на предавање.

Предавањето не е казна, пораз или неуспех, предавањето е точка во која ситуацијата во која се наоѓаме и најчесто не држи во минатото сме спремни да ја отфрлиме, товарот и каменот со себе отфрлајќи го во моментот и ментално, за да отвориме пат за манифестација за слободен живот.

Предавањето значи сила за промени во духовен карактер, значи прифаќање на промена, значи промена и оставање на мината ситуација или настан кој долго држи заробеништво.

 

 

9. Седум чакри

Зборот “chakra” потекнува од стариот запис-Sanskrit и значи “тркало”, подобра интерпретација на зборот би било движечко тркало односно тркало во движење. Чакрите се како центри за движење на енергијата, на животната енергија или “Prana”.

Сите човечки битија имаат седум главни чакри кои што се седум центри за “животната енергија” која се манифестира од повисока димензија да влезе во нашата енергетска обвивка наречена аура и да ги “храни” нашите четири тела, физичкото, етеричното, астралното и менталното тело. Самото физичко тело нема чакри, тие се дел од етеричното тело но се поврзуваат како физички, астралното и менталното тело имаат свои чакри кои се дел од четвртата и петтата димензија на постоење, но дел и во материјалниот тродимензионален свет, затоа што човек е сите четири тела заедно.

Се што постои е вибрација на одредена фреквенција и на тој начин секоја чакра во нашите тела вибрира, кај секој е тоа различно и самата функција на чакрите е да балансираат и во хармонија да не доаѓа до блокада на животната енергија.

Чакрите служат за здравје, тоа е нивната главна цел, протокот или наречен kundalini поминува од најдолната чакра до највисоката овозможувајќи приземјување со најдолната и спиритуална конекција со највисоката чакра. Балансот во сите е важен и тогаш всушност силата поминува низ сите чакри. Доколку не се блокирани воопшто и не се осеќа еден вид на енергетски застој во одреден дел на телото односно одредена чакра или доколку се повеќе, во повеќе делови, воопшто не се осеќа потешкотија, затоа што енергијата се движи односно циркулира.

 

Детален приказ на сите седум чакри и нивните бои од спектрумот на светлината според највисоката осцилација на највисоката чакра, до најниската и најслаба осцилација

Небалансирани и блокирани чакри се болест

Кога чакрите се блокирани, физичкото, емоционалното и ментално тело тешко функционираат. Секоја чакра зафаќа различен дел од телото и секоја болест може да е знак за блокирана чакра. Кога одредена чакра е блокирана, се успорува движењето на енергијата Prana или Chi/Ки која е животна сила и спиритуална конекција со повисоките димензии. Тогаш започнуваат одредени синдроми на депресија, изолираност, замор, започнува љутина и бес, без одредена причина, страв, несигурност, загриженост без вистинска причина. Ова се значи и индикатори за блокирана чакра односно заглавена енергија.

 

Првата чакра-коренска чакра или Root Chakra

Асоцира на црвена боја и се нарекува уште Muladhara на Sanskrit. Коренската чакра се наоѓа на опашката на р’бетниот столб. Овој центар ги држи базичните животиниски потреби за преживување, сигурност и  е директниот контакт со земјата односно материјата од планетата, на тој начин што го врзува човечкото битие со земјата и го прави основниот контакт во материјалниот свет. Оваа чакра се асоцира и со сексуална енергија затоа што некои од органите што се наоѓаат во овој дел од физичкото тело се сексуалните органи.

 

Втората чакра-сакрална чакра или Sacral Chakra

Локацијата во етеричното тело и во споредба со физичкото како и останатите чакри, на оваа чакра конкретно е на околу два-инчи под папокот. Овој центар ги има функциите од животински потреби како сексуалност но и креативност, интуиција. Има директна врска со нашите емоции, и добар баланс значи можност за добра емотивна и сексуална врска со други. Ако е блокирана може да се осеќа, емоционална исцрпеност, манипулативност, обсесија или недостаток на енергија. Основната боја е портокалова.

 

Третата чакра-соларен плексус или Solar Plexus

Жолта е бојата која ја означува трета чакра, третата чакра уште и третата”животинска” која одликува една карактеристика од животинскиот свет тоа е моќта и физичката моќ, односно кај човекот местото на егото но и пасиите, импулсите, лутината и силината. Кога третата чакра е надвор од баланс може да се осеќа ниско ниво на самодоверба,  збунетост, загриженост што другите мислат, и генерално депресија. Физички проблеми може да бидат дел од дигестивен систем, диабетис но со баланс се постигнува чувство за моќ и отвореност.

 

Четвртата чакра-срцето или Heart Chakra

Името на срце-чакрата на Sanskrit е “Anahata chakra”, лоцирана е позади градната коска, центарот за љубов и сочуства. Овој центар ги директира можностите за љубов за себе и другите да даваат и примаат љубов. Самите срцеви заболувања се причина за блокада во срце-чакрата. Ако оваа чакра е е надвор од баланс, возможно е чувствување на вина за себе, параноја, страв од повреда. Физички болести вклучуваат, инфаркт, висок крвен притисок, инсомнија и потешкотии со дишење. Ако оваа чакра е во баланс тогаш се чувствува сочуства, пријателства, емпатија и желба за љубов за добро со останатите. Основната боја која се назначувае генерално розева или во некои случаи зелена боја.

 

Петтата чакра-грлото или Throat Chakra

Центар за комуникација, искажување на емоциите и мислите, звујот и експресивност преку креација од мислата, говорот и пишување. Вратниот дел од физичкото тело е делот каде се чува и лутината и тука се испушта најчесто преку комуникација. Ако оваа чакра е надвор од баланс не држи затворени, тивки, се осеќаме слабо и не можеме да ги искомуницираме нашите мисли и емоции со надворешниот свет. Ако оваа чакра е во добар баланс, се чувствуваме балансирано, центрирано и инспирирано и можеме да бидеме добра комуникативна личност.  Светло-сина по боја.

 

Шестата чакра-третото око или Third Eye Chakra

Ако се гледа по физичкото тело, локацијата е над физичките очи во центарот на челото, центар за духовни способности, висока интиуиција, енергија на духот спојување со повисокото постоење. Служи за елиминирање на негативни тенденции од пониско ниво и елиминирање на егоизам. Преку моќта на шестата чакра, може да се примаат насоки за спојување со повисокото постоење, оваа духовна чакра ако е блокирана се јавува страв од успех или егоистичност, физички симптоми може да бидат главоболки, спелипо или заматен поглед. Ако е отворена, тогаш не постои страв, човек се ослободува од материјални вредности и може да ги отвори повисоките нивоа за комуникација преку телепатија. Уште може да се нарече дека е пат за мудроста. Бојата е темно плава.

 

Седмата чакра-круната или Crown Chakra

Уште наречена круна, лоцирана позади врвот на черепот, центар за спиритуалност, духовност, просветлување, динамична мисла од висока енергија, дозволува спој и поток на мудрост од повисоката свест. Сребрената жиза која ги поврзува сите тела се излева од круната на главата, на тој начин душата односно семе-атомот во срцето доаѓа во физичко тело преку круната на главата и така го напушта при смрт. Ако оваа чакра не е балансирана може да има фрустрација и деструктивни мисли. Балансирана круна значи висока енергија и отвореност кон потсвеста и суперсвеста, повисоките нивоа на свеста, спој со божеството. Седмата чакра е алатка за комуникација со нашата духовн, повисока природа и постоење. Виолетова, боја од највисока фреквенција ја одликува оваа чакра иако во некои записи може да се најде во бела боја.

6. Четири нивоа на свеста

За подобро разбирање на свеста, треба да се направи појасен концепт за нивоата на умот. Лесно е да се гледа човек како свесен ум, но иако умот е секогаш свесен на некое одредено ниво, човекот не секогаш е свесен за својот ум. Најчесто луѓето се свесни за својата површна свест, односно “разбудената” свест или свеста на умот која ја користиме за секојдневно живеење.

Умот е комплексен и се дели на четири нивоа кај индивидуата и се работи за повисок ум надвор од физичко постоење во сите четири нивоа на свеста, тоа се “површната свест/waking conscious”, “подсвеста/subconscious”, “суперсвесниот ум/superconscious mind”, како и највисокиот ум “врховната мудрост” или Supreme Wisdom.

1.Површата свест е делот на умот што го користиме за секојдневно функционирање и најчесто ги следиме сите настани во одминатото време што се случуваат во нашиот живот.

2. Под-свесниот ум е дел од подвеста. Самиот концепт на подсвеста се дели на неколку функции кои ги обавува:

Автоматско контролирање на функциите на физичката форма односно нашето физичко тело.

Дел од суперсвесниот ум што ги чува мемориите и ги носи во функционирање во свесниот ум на површно ниво.

3. Супер-свесниот ум ја држи целата “библиотека” или панорама за животот и искуствата на индивидуата. Таа е човековата најскапоцена книга на животот во едно. Се дели на на три аспекти:

-Површно свесен ум

-Под-свесен ум

-Поле за каузална сила или “The causal force field”, од највисокото ментално ниво, каузалното ниво на менталниот свет.

4. Врховната мудрост или Supreme Wisdom е поле на свеста кое ја опфаќа секоја индивидуа, дом на “Monad” највисокото ниво надвор од формата или домот на вистината и благодетот, над каузалното ниво.

 

Површната свест на умот

Центарот или седиштето на површната свест е епифизата или пинеалната жлезда/pineal gland којашто воедно е дом на менталниот семе-атом, дел од душата на ментално ниво. Овој физички дел од мозокот е исто така конечна точка на спој помеѓу сребрената жица од менталниот дел која што од мозокот се спојува со каузалната суперсвест или третиот дел од свеста.

Поимот “Надиси/Nadis” или етеричните нервни ништи се проектираат преку менталното поле и се влеваат во клетките лоцирани во задниот и централниот дел на церебралниот кортекс каде постојат сите центри за сетила, како што се, центарот за вид, центарот за слух, говор центарот и центар за спиење итн.

Површниот дел од свесниот ум оперира преку церебралниот нервен систем. Умот којшто искушува некои настани кои што ги перцепираат сетилата како што се гледањето, слушањето, вкусувањето, чувствувањето и мирисањето се регистрираат како ментални импулси кои што се влеваат во клетките на умот и патуваат до суперсвесното поле-сила на каузално ниво, преку “надис/nadis”, односно етеричните нервни ниши од етеричното тело. За да се врати меморијата на настаните повторно во површната свест од меморијата којашто седи во суперсвесниот дел, ментален импулс е покренат преку сензација на сетилата, па така преку суперсвесното поле-сила на каузално ниво се случува повратна вибрација. Импулсот патува надолу преку етеричниот дел во етеричните нервни нишки, каде се поврзува со мозочните клетки. Вибрацијата во суперсвесниот дел ја прави истата вибрација како во одредениот центар на мозокот. Одредениот центар во мозокот респондира на вибрацијата на менталната супстанција и човекот запомнува.

Сличен пример може да се поврзе со тон на музичка скала. Тонот е звукот на менталната супстанција која што се испраќа како вибрациски импулс преку етеричниот дел и се спојува со одредениот центар на сетилата во мозокот. Одговарачкиот неурон вибрира на тонот што го добива.

Самиот физички мозок и дел од физичкото тело нема сила самиот да запомнува или мисли, без повисокиот спој со повисоките тела и повисоката индивидуална свест. Мемориите не се чуваат во мозочните клетки ниту овие клетки реагираат на импулсите што ги добиваат од повиската свест на супер-свесниот ум или од околината. Мозокот функционира како трансмитер или станица на патот каде мемориите и самите импулси патуваат или течат.

Умот и кармата

Пример околу стравот или фобиите, се појавуваат кога душата или семе-атомот во срцето ги испраќа импулсите во мозочните клетки и тие ги активираат мемориите. За потсетување супер-свесниот ум или третиот висок дел од свеста е дел од суперсвесната поле-сила на монадично ниво односно “Monad” делот од највисоката четврта свест.

Душата во срце-атомот испраќа слики, преку крвта и тие ги допираат мозочните клетки кои што се дел од етеричните нервни нишки и се активира одреден страв од минати настани. Колку повеќе одредени настани се повторуваат се креираат опсесии или фобија и човек станува заробеник на себе и на својот ум.

 

Подсвесен ум

Подсвеста се дели на две главни операции или функции:

Едниот дел што оперира преку нервниот систем автоматски ги контролира сите функции на физичката форма, срце-биење, дишење, за кои не сме свесни на површно ниво.

Делот што оперира преку церебралниот р’бет, враќајки ги мемориите во свесниот ум на површно ниво.

Така, суперсвесната супстанција на умот тече преку каузалното суперсвесно поле-сила во фронталниот дел на главата кај хипофизата на мозокот. Хипофизата има два дела и се дели по две функции:

Фронталниот дел споен со нервниот систем, тука хипофизата автоматски ги контролира функциите на физичката форма, но само диригирани преку душата односно семе-атомот во душата, која испушта слики врз основа на поранешната карма.

Другиот дел е споен со церебралниот дел и површната свест но исто така и со соларниот плексус и астралниот семе-атомот којшто ги испраќа кармичките слики врз основа на човековите волји и желби.

На тој начин човековата подсвест е контролирана според поранешната карма но и според кармата што си ја креираме секојдневно.

За подобро објаснување прво дел од суперсвеста што ги прави функциите на физичката форма да фунцкионираат автоматски без свесна мисла, како што е дишењето, циркулацијата, дигестивниот процес се аспекти на суперсвеста комплетно под доминациија на делот на сребрената жица која што ја спојува  душата и семе-атомот во срцето со “Monad” над менталното постоење.

Понатаму, подсвесната супстанција на умот патува надолоу кон нервниот систем што се спојува во соларниот плексус и повторно во коренскиот мозок. И хипофизата и коренскиот мозок во репродуктивниот центар се во оваа фаза на човековата еволуција под влијание на суперсвесниот ум што работи преку нервниот систем. Хипофизата на тој начин го ослободува протокот на хемиски супстанции и тие предизвикуваат самиот жлезден систем да ги ослободи соодветните хормони во текот на физичката форма на човекот.

Да го разгледаме и вториот аспект на подсвеста. Веќе е речено дека подсвесната умствена супстанција тече надвор од суперсвеното поле-сила во фронталниот дел на мозокот каде се спојува со хипофизата.

Ако земеме пример дека самиот семе-атом во срцето испраќа слики на страв, овој импулс патува до фронталниот дел на мозокот од каде влегува во контакт со мозочните клетки преку етеричниот дел. Така мозочните клетки проектираат слика и епизоди во суперсвесниот дел и на тој начин со ова објаснување доаѓаме до заклучок дека човек има два дела каде ги чува своите мемориите едниот во суперсвесното поле-сила на највисокото четврто ниво на свеста и другиот е снимката во семе-атомот на самата душа во срцето. На тој начин ова се дупликати и се што е запишано во душата односно во семе-атомот во срцето се рефлектира во акашките рекорди “akashic record” на суперсвеста.

Така како што е веќе напоменато, кармичките слики излегуваат преку семе-атомот во срцето и се пренесуваат во крвниот систем па така и бришење на одредени кармички рекорди во срце-атомот значи и нивно бришење во клетките во мозокот илли во суперсвесниот дел, на тој начин се отвора можност за отворање на “третото око” или the Third Eye, кое што на патот на еволуцијата постанува дел од седиштето на третото ниво на свеста или суперсвесниот ум.

 

Суперсвесниот ум

Третото највисоко ниво е “суперсвеста”, седиштето на “акашичките записи” или Akashic records, односно куќата на меморијата за се што некогаш се случило. Тука се чува и лошиот и добриот спомен односно меморија на менталното високо каузално ниво. Само чистите суштински мисли влегуваат во полето на високата четврта свест каде се гради каузалната форма односно тело на човекот, највисокото душевно тело, кое е високото ментално тело над астралното и првото ментално тело. Суперсвесниот ум го наоѓа своето место за контакт низ целата област на третото око, таламусот, третата копомра, хипофизата и пинеалната жлезда.

Високиот дел на суперсвесниот ум е каузалното поле односно највисокиот четврти дел на свеста. Се искачува нагоре до “Monad” каде индивидуалноста дели со Бог и севкупната креација преку која индивидуата е споена преку сите свои четири тела со сребрената жица. Суперсвесниот ум ги држи во меморија сите искуства, сеќавања на индивидуата, секоја желба и се што е сторено. Тоа е воедно книгата на животот и книгата на судбината во едно, се што е креирано, помислено, речено и слушнато. Душата така пренесува се што искушува и сето искуство се запишува преку семе-атомот во срцето и се пренесува со сребрената жица.

Суперсвесниот ум е поделен на три категории:

Каузалното поле-сила кое презема само добра мисла односно искуства на индивидуалната душа.

Потсвесниот ум е делот на суперсвеста што ги абсорбира во себе сите стравови, обсесии емоции кои што ја стагнираат душата во својата еволуција.

Површната свест е умот што го користиме за секојдневни задачи во време-просторниот ентитет на физичкото постоење.

Така откако дневните активности се искушени од површната свест тие се пренесуваат на суперсвеста и овие настани се зачувуваат како мемории според нивната вибрација. Повисоката вибрација односно убавите искуства одат до каузално ниво, додека негативните настани стојат во потсвесниот дел.

На тој начин постојат три дела односно зачувување на се што правиме во суперсвесниот ум.

  1. Каузалното поле-сила што ги собира сите чисти мисли, љубовта и поврзаноста на душата, добрите нешта, на тој начин се гради виисокото ментално тело или каузално тело. Градењето на ова тело е само преку добра мисла која е висока вибрација како таква се префрла во каузалниот свет, преку астралниот и менталниот, духовниот развој ја прави индивидуата да достигне ниво кога нема да има потреба да се враќа во физичка форма и физичко тело. Кај мнозинството луѓе каузалното тело е на сам почетен развој.

  2. Суперсвесното поле-сила каде лошите мисли се абсорбирааат и сттануваат обсесии или фобии ии креираат карма во астралното тело.

  3. Површната свест и нејзиното поле-сила е делот на мислите што не се ниту добри или лоши, туку се работи за генерално свесно колектирање на информации преку учење и она што се поминува низ текот на денот.

Врховната мудрост, највисокиот ум

Спојот до умот, до каузалното поле-сила на индивидуата или четвртиот највисок дел на свеста.

Седиштето на целата свест која е колективна, од каде индивидуалната свест се спушта преку сребрената жица до семе-атомите во умот, срцето, соларниот плексус и опашката. Центарот на блескавоста, светот на боженствената креација, највисокиот ум, дел од целиот колективен ум на Бог. Од суперсвеста спојот е со највисоката свест од каде човек ја има својата ментална аура. Вистинскиот квалитет за кој мнозинството луѓе во досегашната еволуција не се свесни. Уште наречен “Adi-budha”, или во превод “врховната мудрост”.

Суперсвеста е воедно мост помеѓу површната свест и високиот ум наречен врховна мудрост. Во денешно време, човековата свест е лимитирана и човек не е свесен за својата повисока или подлабока свест односно повисоко постоење.

Така за пример, човек со кралството на животните, во кое спаѓаат сите животни од духовниот свет, комуницира исклучиво преку глас но и преку своите емоции. Животните ги чувствуваат емоциите на љубовта или неговата омраза, не преку зборови туку преку интуицијата и истото е точно обратно, човек може да комуницира со Бог само преку интуиција. Човек понатаму во еволуцијата не може да го негира својот повисок ум, исто како што не може да ги негира животните затоа што тие чувствуваат иако не зборуваат. Квалитетите на повисокиот ум се тука и тие можат да бидат перцепирани од површната свет преку интуиција, љубота за Бог е исто како што е љубовта на човек кон животните, во овој даден пример.

Интуицијата е ретка комуникација во нашите животи, длабока комуникација помеѓу површниот ум и врховната свест или највисокиот ум. Тоа е инспирација, подлабок поглед, генијалност или спиритуално просветлување во моментот кога вените на свеста се поврзани. Секој мистик, духовен водич, генијалец, научник е свесен за моменталниот спој на површната свест со колективната свест на врховно ниво. Тој е свесен за акциите на интуицијата која што е како светлина за игнорантноста со разбирање и ментална сила.

Еден начин да се дојде до силата на високиот ум е преку медитација, спуштање на светлина и блескавост од колективниот, врховен ум во индивидуалната површна свест. Така највисокиот ум е резервар на вистината и човек не треба да оди далеку или да бара далеку, туку само треба да се спои со својот повисок ум, дел од колективното постоење.

За крај, разликата помеѓу суперсвесниот ум или највисокиот ум односно врховната мудрост е во тоа што врховната свест е највисоката вистина додека суперсвеста е како претставник, во светот на формата и материјата односно физичкиот свет, и така врховната свест го просветлува површниот ум, преку интуицијата во еволуцијата која расте и допрва се развива.

Можеме само да заклучиме дека површната свест е ум на игноранција и илузија, додека суперсвеста е дел од делумна вистина но вистинскиот дом на сите три нивоа на површната свест, подсвеста и суперсвеста е каузалното поле-сила каде врховната мудрост е целата вистина, креација и светлина. Душата од каде доаѓа, сега изгубена во илузија нејзината цел е повторно да се спои со изворот но и да се врати во него.

2. Семе-атоми

Трите перманентни семе-атоми (seed atoms) се како неверојатен, блескав накит, во рамната линија на небеската и блескава река на светлината уште наречена Sutratma. Трите семе-атоми се со индивидуата од нејзиниото раѓање во човековото кралство односно од создавање на индивидуалната душа и проектирање во физичкиот живот.

Сите три семе-атоми од кои едниот е вистинската “душа” на индивидуата, го напуштаат физичкото тело во моментот на физичката смрт и се враќаат повторно во нова форма секое време со нова инкарнација во физичко постоење. Во трите семе-атоми се состои целата содржина од што е човек, односно “сè

што се запишува во душата” е како поговорка, тие семе-атоми се книгата на животот на индивидуата.

Овие три перманентни семе-атоми се нарекуваат токму така бидејќи го содржат “семето” за тоа што е индивидуата, исто како што желатот ја има во себе содржината за тоа што ќе стане живо дабово дрво. Такашто сите три-семе атоми на умот, емоциите и самиот живот остануваат, односно се префрлаат откако материјалното тело ќе се отфрли, “душата” односно семе-атомите се креваат во повисокото, астрално постоење, од каде повторно се проектираат во повисоко или во ново физичко постоење, содржејќи го целото “семе” за тоа што носи човек односно индивидуата со него. Под “семе” се подразбира сите животи, желби, цели, остварувања, емоции запишани во себе, целата индивидуална креација.

Трите семе-атоми на сликата: менталниот, физичкиот и емоционален семе-атом, поврзани преку сребрената жица, спојувајќи ги сите тела до Изворот од каде е креирана душата, која ја нарекуваме семе-атомот во срцето.

 

Емоционалниот семе-атом и емоционалниот сегмент од сребрената жица

Емоционалниот семе-атом има седиште во “соларниот плексус” односно за подобра интерпретација во близина на физичкиот орган, црниот дроб. Во него се запишани сите емоции што се искушени од индивидуата, но внимание зборуваме во рамки на целото духовно постоење и поранешни физички постоења, не само моменталниот живот, тоа е дел од душата каде што се запишува емоционалниот карактер и тука се раѓа самиот емоционален карактер базиран на желбите и емоционалните искуства на индивидуата.

Емоционалниот семе-атом е снимка на сите желби и целиот емоционален живот, воедно емоциналниот семе-атом е астралниот сегмент од астралното тело и астрална материја, емоционалниот свет од каде се инкарнира душата во физичко тело.

Важно да се напомене и разбере е дека сите емоционални квалитети што се внесени низ долгата еволуција на индивидуата не се неменливи, затоа што астралниот семе-атом поврзан со емоциите се менува во квалитет во секој момент и се однесува на сегашноста и иднината, па така се е менливо во согласно со напорите на индивидуата.

Сребрената жица поврзана со емоционалниот односно астрален семе-атом

 

Менталниот семе-атом и сегментот на свеста од сребрената жица

Менталниот семе-атом се наоѓа во фронталниот синус и носи снимка на сите квалитети на умот на индивиудата, умот што е од ментално постоење, не од физичко, туку се работи за менталното тело на индивидуата. Ги регистрира сите ментални и умствени способности кои што се развиени од индивидуата во долгата историја на еволутивниот процес.

Исто така се работи за семе-атом што е дел од сегашноста и иднината, со тоа што човек може да направи промени во моментот во својот ум. Во сите минатите инкарнации постои само моментот во физичкиот живот, силата и моќта е во моментот, да се промени сегашноста и иднината на индивидуалецот.

Сегментот на свеста од сребрената жица и семе атомот во фронталниот синус.

 

Физичкиот семе-атом (душата) и сегментот на “животот” од сребрената жица

Физичкиот семе-атом лоциран во срцето или душата, е најважниот дел од историјата и еволуцијата на човекот во однос на сите физички, емоционални и ментални аспекти. Астралниот и менталниот семе-атом ги содржат квалитетите на емоциите и на умот но семе-атомот во срцето ја има целата “слика” или панорама на животот и целата еволуција, се што некогаш се случило со индивидуата преку целото негово постоење, дали е тоа ментално, емоционално и физичко во рамки на сите животи. Ја покажува актуелната слика од минатото.

Семе-атомот во срцето или душата, освен што ја има целата историја го врзува човек и за својата кармичка судбина. Менталниот и астрален семе-атом ги имаат силите или слабостите на индивидуата, кои што му овозможуваат на човек да биде под влијание на својата иднина или судбина. Па според ова секој човек има два семе-атоми кои што работат за неговата слободна волја и судбина според својот избор. Но душата или семе-атомот во срцето го држи човек во своите кармички минати судбини и неговата идна судбина.

Ова е воедно одговор на енигмата која што долго се провлекува низ историјата на човештвото, дали човек е заробеник и дали има кармичка судбина или е “слободна душа” со моќ да бира за својата судбина?

Дали човек може да ги надмине силите на минатото преку својата душа односно семе-атомот во срцето. Може, ако одбере секој од нас, но се потребни и големи духовни способности што мноштвото луѓе не се на тоа ниво. Но важното е човек да биде добар во моментот, во сегашноста, во овој живот и на тој начин преку “срцето” да успее да покаже добрина, толерантност, опростување и други квалитети за своја помош, пред сè.

Сегментот на “животот” од сребрената жица и семе-атомот во срцето на индивидуалецот, ја комплетира душата.