Tag: книги
Просветлување
Просветлување за Бог, просветлување за себе, преку себе, во себе.
Просветлувањето е најголемата духовна или спиритуална целина, која опфаќа свест за сè
што постои како едно, изворот, светлината, Бог и неговата манифестирана креација.
Постојат два концепти за тоа како се остварува просветлување.
Да се стане себеси е психолошки и социолошки аспект кој што вклучува психолошки материјал, (его) кој што го блокира целосното остварување на личниот потенцијал на душата.
Да се биде себеси е спиритуален, духовен концепт со кој нашиот идентитет од животинското минато на човекот станува свесно за своето повисоко постоење и станува обединето со се што постои.
Социолошки аспект да се стане себеси
Социолошкиот аспект значи да се порасне, да се стане свесен и одговорен за себе, да се отфрлат децките, одбранбени и егоистични реакции кои што го заглавуваат битието во нас, душата да се оствари во живот преку креација, карактер, желби и цели.
Спиритуален аспект да се биде себеси
Спиритуалниот аспект значи да се биде свесен за своето повисоко постоење, и да се крене нивото на свеста.
Постојат неколку елементи кои помагаат во остварување на високата цел на човековото битие.
Медитација
Живеење во моментот
Откривање на себе
Медитација – вежби
Една од најважните работи пред да се медитира правилно е позицијата на седење. Доколку не сте во можност да седите во лист односно лотос позиција со скрстени нозе и исправен грб за почеток може да се користи столче, но грбот секогаш мора да биде исправен.
Медитација – вежба за почетници
Концентрациска медитација
Концетрациската медитација вклучува фокусирање во една точка. Најчесто следење на дишењето, повторување на одреден збор или мантра, насочувајќи го погледот кон пламенот на свеќа, слушајки духовна музика. Целта е фокусирање на умот, тренирање да се ослободиме од мислите.
Во оваа форма на медитација за почетници се насочува свеста кон објектот кога ќе се случи умот да се одвлече со мисли. За почеток мислите треба да се остават да се случуваат затоа што стишувањето на умот што е всушност самата медитација е долг процес преку кој вежбањето треба да биде секојдневно.
Едноставна вежба за медитација:
1.Седнете на столче
2.Затворете ги очите
3.Дишете природно без контрола и опуштете ги мускулите
4.Фокусирајте ја свеста на дишењето и на телото како го чувствувате истото со секое вдишување и издишување. Ако умот започне да здодева со мисли вие се фокусирате повторно на вашето дишење.
Книги од Dalai Lama
Духовниот водич од Истокот, еден од најпознатите духовни лица, човек со големо срце, Далај Лама.
4. Привлекување
Законот за привлекување односно “атракција” од духовен аспект е еден од најважните концепти за себе-помош и разбирање и преку практика на основата за подобро функционирање.
Манифестацијата е духовна, манифестацијата е свеста од ментално ниво кај човекот која се врзува за материјата. Така мислата и волјата се главни алатки за манифестирање.
Овој закон е најважен од сите универзални закони.
Законот за привлекување диктира дека ќе „привлечете“ во вашиот живот се што виe нудите „вибрациски“. Она што луѓето мислат е најважно, така ќе „привлечете“ во вашиот живот, за тоа што веќе „ размислувате“ или најтешко и најупорно се „концентрирате“ да го сторите и со тоа да се манифестира.
Кога работите со Универзални закони, работите со Универзална енергија. Како духовни суштества, ние сме многу моќни енергично и оваа Универзална енергија е прикачена на нашите духовни тела. Универзалната енергија се манифестира со формирање на „нашата реалност“ со тоа како се „чувствуваме“ до длабочините на нашата душа.
Книги од OSHO
Проекција.мк во својата библиотека ги има следните називи од духовниот мистик OSHO (на хрватски јазик)
1. Knjiga o spoznaji
2. Kreativnost
3. Intuicija
4. Knjiga o čakrama – energija i iscjeljujuća moć eteričnog tijela
Destiny of Souls
Destiny of Souls од авторот е една од највредните книги кои што буквално може да ве просветлат. Читајќи го ова дело на Michael Newton ке дознаете многу зошто вашата душа е тука, фактот дека имате цел и преку вашите тела да учите и да искушувате.
The Untethered Soul
Една од омилените наши книги што можат да го променат начинот на вашето размислување е книгата од американскиот автор “Michael A. Singer” со наслов, “The untethered soul”
Книгата е достапна во нашата приватна библиотека.
Што значи да се биде не само слободна, туку и “недостижна” душа?