Tag: светлина
Просветлување
Просветлување за Бог, просветлување за себе, преку себе, во себе.
Просветлувањето е најголемата духовна или спиритуална целина, која опфаќа свест за сè
што постои како едно, изворот, светлината, Бог и неговата манифестирана креација.
Постојат два концепти за тоа како се остварува просветлување.
Да се стане себеси е психолошки и социолошки аспект кој што вклучува психолошки материјал, (его) кој што го блокира целосното остварување на личниот потенцијал на душата.
Да се биде себеси е спиритуален, духовен концепт со кој нашиот идентитет од животинското минато на човекот станува свесно за своето повисоко постоење и станува обединето со се што постои.
Социолошки аспект да се стане себеси
Социолошкиот аспект значи да се порасне, да се стане свесен и одговорен за себе, да се отфрлат децките, одбранбени и егоистични реакции кои што го заглавуваат битието во нас, душата да се оствари во живот преку креација, карактер, желби и цели.
Спиритуален аспект да се биде себеси
Спиритуалниот аспект значи да се биде свесен за своето повисоко постоење, и да се крене нивото на свеста.
Постојат неколку елементи кои помагаат во остварување на високата цел на човековото битие.
Медитација
Живеење во моментот
Откривање на себе
Поларитет (две енергии)
Сите луѓе како духовни суштества имаат две космички енергии во себе, без разлика на полот на физичкото тело, машката и женската енергија кои се дел од повисоките тела но и се манифестираат во и преку физичкото тело. Машката и женската енергија се присутни во секој пол но во различни граници во однос на духовниот развој на емоционалното и менталното тело. Yin и Yang, плус и минус, така се распределуваат двете енергии кои се дел од целата креацијата која е манифестирана.
Над креацијата целата енергија е едно, тоа е изворот, светлината, Бог.
Така поларитетот на се што е креирано е разделено за да се спои во изворот, во едно цело, затоа двете енергии се потребни за спој и духовен напредок кај луѓето како највисоки духовни суштества.
Женска енергија
Женската енергија е течна и динамична, емоционална центар е душата во срцето, се манифестира главно во физичкото тело преку емоционалното тело на иднивидуата. Тешко е да се објасни со рационален ум и разум и изворот е срцето.
Женската енергија е од душата од семе-атомот во душата, креативна е, се предава, послободна и подинамична од другиот поларитет.
Женската енергија има потреба за креација, идеи. Женската енергија е емоција и никогаш не ги потиска своите енергии тоа е срцевата енергија достапна кај секого. Чувствата и емоциите се важни тие се длабоко во душата.
Машка енергија
Машката енергија е умот, застапена од мислата од менталното тело кај секој физички човек без разлика на полот.
Машката енергија е стаблина и попредвидлива или логичка каков што е и умот по природа кај луѓето, се манифестира преку волја и фокус, се воспоставува преку структури и правила.
Машката енергија е всушност доминантна кога треба да се одлучи и направи нешто. Од духовен аспект, машката енергија е заштитничка, може да осети опасност и да се припреми за одбрана. Преку пониското кралство на животните, сите врсти имаат доминантна машка енергија која е разорувачка иако умот не е достапен, односно животните немаат ментално тело како луѓето кои се во највисокото духовно кралство на Земјата.
Така машката енергија е истотака линеарна.
Shakti и Shiva
Во Будизам, Shakti е женската енергија, симбол на чиста сила, додека Shiva, е машката енергија која е дел од креацијата на животот.
Yin и Yang
Во првиот поларитет застапена е женската енергија која што е месечината, додека другиот поларитет е машката енергија на светлото, односно сонцето, па така од дуалитет и разделеност двете се спојуваат во едно цело.
Лева и десна мозочна хемисфера
За крај, можеме само да заклучиме дека науката го потврдува постоењето на двете енергии во секој човек односно физичко тело, во мозокот кој е станица, човек како духовно суштество ги има двете енергии во себе.
Во мозокот левата страна која кореспондира со десната страна на телото е машка, додека женската страна која е десната страна во мозокот кореспондира со левата страна на телото.
Медитација – вежби
Една од најважните работи пред да се медитира правилно е позицијата на седење. Доколку не сте во можност да седите во лист односно лотос позиција со скрстени нозе и исправен грб за почеток може да се користи столче, но грбот секогаш мора да биде исправен.
Медитација – вежба за почетници
Концентрациска медитација
Концетрациската медитација вклучува фокусирање во една точка. Најчесто следење на дишењето, повторување на одреден збор или мантра, насочувајќи го погледот кон пламенот на свеќа, слушајки духовна музика. Целта е фокусирање на умот, тренирање да се ослободиме од мислите.
Во оваа форма на медитација за почетници се насочува свеста кон објектот кога ќе се случи умот да се одвлече со мисли. За почеток мислите треба да се остават да се случуваат затоа што стишувањето на умот што е всушност самата медитација е долг процес преку кој вежбањето треба да биде секојдневно.
Едноставна вежба за медитација:
1.Седнете на столче
2.Затворете ги очите
3.Дишете природно без контрола и опуштете ги мускулите
4.Фокусирајте ја свеста на дишењето и на телото како го чувствувате истото со секое вдишување и издишување. Ако умот започне да здодева со мисли вие се фокусирате повторно на вашето дишење.
Инкарнација
Инарнација е духовна еволуција, кога душата влегува во нов живот да ги оствари плановите преку физичка манифестација. Така душата се реинкарнира во физичко тело за да еволуира свеста индивидуално.
Целта е свеста да стане свесна за целата креација, за изворот, душата е индивидуална и на тоа долго патување душата има неограничено време затоа што е етернална односно нема смрт, душата и свеста како еден ентитет се бесмртни.
Човек е врзан со своите тела во физичко постоење во однос на желбите што ги има кои кореспондираат со вибрациите за храна, размножување и сл, па така во моментот кога одредена душа ќе достигне повисока свест таа веќе не е врзана за физичка форма поради веќе за неа, ниската осцилација на физичкиот свет. Така самата инкарнација е природен процес на високата природа за еволуција, духовна еволуција.
Еволуција на душата
Патувањето на душата е процес на долга еволуција за своето постоење. Човек како највисока духовна свест е свесен до одреден дел, но еволуцијата продолжува до нивоа на свеста кои се фази за нашето високо постоење и конечно за се што постои како една целина. Развојот на свеста е можен преку физичка форма за земање на сите искуства од физичко постоење во кое сите ние доаѓаме во живот со свои цели.
Знаејќи дека човек ги има повисоките тела, душата се спушта во физички живот само поради еден факт, да ја искуши разделеноста и да еволуира преку разделеноста, преку одвоеноста и сите непогоди во физичко постоење. Еволуцијата е преку мака, до просветлување за своето повисоко постоење.
Староста на душата
Душата еволуира во шест фази, во и преку физичка инкарнација, односно кога душата прави симбиоза и се спојува со телото, според бојата на фрекфенцијата така и бојата на душата ја означува староста. Со еволуција на душата односно индивидуалната свест, се крева нивото на свеста за своето повисоко постоење во споредба со пониското ниво на свест. Но свеста како што знаеме постои во четири видови, така разумот е само површна свест.
Книги од Dalai Lama
Духовниот водич од Истокот, еден од најпознатите духовни лица, човек со големо срце, Далај Лама.
4. Привлекување
Законот за привлекување односно “атракција” од духовен аспект е еден од најважните концепти за себе-помош и разбирање и преку практика на основата за подобро функционирање.
Манифестацијата е духовна, манифестацијата е свеста од ментално ниво кај човекот која се врзува за материјата. Така мислата и волјата се главни алатки за манифестирање.
Овој закон е најважен од сите универзални закони.
Законот за привлекување диктира дека ќе „привлечете“ во вашиот живот се што виe нудите „вибрациски“. Она што луѓето мислат е најважно, така ќе „привлечете“ во вашиот живот, за тоа што веќе „ размислувате“ или најтешко и најупорно се „концентрирате“ да го сторите и со тоа да се манифестира.
Кога работите со Универзални закони, работите со Универзална енергија. Како духовни суштества, ние сме многу моќни енергично и оваа Универзална енергија е прикачена на нашите духовни тела. Универзалната енергија се манифестира со формирање на „нашата реалност“ со тоа како се „чувствуваме“ до длабочините на нашата душа.
Книги од Echkart Tolle
The Power of Now од Eckhart Tolle е книга која едноставно мора да се прочита и Проекција ја препорачува како една од најдобрите книги за сфаќање на концептот за сегашноста која што е ваша единствена грижа.
Истакнувајќи го најважниот концепт, живеејќи во моментот и барајќи ја среќата само во моментот. Линеарното време на минато и иднина е само илузија која што создава дополнителен и непотребен товар.
A New Earth е одлична книга за сите кои сакаат да дознаат повеќе за тоа како свеста еволуира колективно и како промената во свеста влијае и ќе влијае на глобално ниво.
Физички свет и материја
Материјата, физичката материја е врзана за свеста, така физичката материја постои кога свеста е присутна, материјата е илузија и нејзиното обликување е духовен аспект во еволуцијата на свеста, иднивидуално преку кралствата на живот и човекот како највисок, кој е свесен за себе.
Понатаму осцилацијата на атомите ја креира материјата која е набљудувана од свеста. Во физичко постоење и во поднивоата на физичкиот свет осцилацијата е доволно ниска за разделеноста да стане еден вид на реална илузија наречена материја.
Физичкиот свет ни е познат на сите, но во овој дел ќе се задржиме на најважните поделби кои се делумно невидливи за човек и за човечките сетила.
Знаејќи дека материјата, односно физичката материја не постои на квантно ниво, можеме сепак да направиме поделба на поднивоа на физичкиот свет.
Како и повисоките постоења во астрално и ментално ниво така и физичкиот свет е поделен на седум под нивоа на соодветна материја која е во повеќе форми.
Тие се цврста, течна и гасовита, хемиски форми кои се најгусти и четири етерични форми од етеричниот дел на физичкиот свет.
Физичкото тело е создадено од првите три форми, додека етеричното (витално) тело на човек е создадено од етеричните четири форми или етери на материјалниот свет.
Како главна поделба ќе се задржиме на следното. Поделба на два главни дела на физичкиот свет и тоа:
1.Хемискиот дел и регион на физичкиот свет
2. Етеричниот дел и регион на физичкиот свет
Хемиски дел на физички свет
Трите материјални нивоа на материја, цврста, течна и гасовита форма се дел од хемискиот дел на физичкиот свет. Сите три хемиски нивоа на материја се конституенти од земјата и како такви се наоѓаат во сите четири форми на живот односно кралства од најниското ниво:
1.Минералите
2.Растенијата
3.Животните
4.Човекот
Сите физички тела односно оклопки на минералите, растенија, животните и човекот се изградени од хемиските супстанции односно трите дела од земјата во цврста, течна и гасовита форма.
Така може да се даде обсежен пример, дали ги гледаме планините или облаците, растенијата или крвта на животните, плетенките на пајаците, крилјата на пеперугите или коските на слоновите, дури и воздухот што го дишеме односно водата што ја пиеме, сите се дел од иста хемиска супстанција во физичкиот свет.
За повторно да нема забуна хемискиот дел е различен од етеричниот дел но двата се материјални, етеричниот е невидлив за човековите сетила.
Манифестацијата, духовната манифестација на свеста постои во напоменатите четири кралства на физички живот, во различна фаза на свест и развој, така хемиската материја која е во трите напоменати форми ги обликува четирите кралства на минералите, растенијата, животните и човекот како највисоко духовно суштество.
Етеричен дел на физички свет
Етеричниот дел на физичкиот свет е дел невидлив за материјалниот хемиски дел, невидлив за сетилата и спој односно мост со повисокото астрално постоење и астрална материја.
Етеричната материја е дел од физичкиот свет, етеричното тело кое е второ тело по физичкото во три кралства на живот и тоа кај растенијата, животните и човекот е создадено од етерична материја која е физичка но невидлива.
Четирите постоечки етери се дел од етеричните тела на трите кралства на физички живот според развојот на телата само некои четирите се присутни кај растенијата и животните, додека кај човекот сите четири материи се присутни во етеричното тело. Така заедно со трите хемиски материи го создаваат физичкиот свет со седумте поднивоа.
Четири физички етери:
1. Хемиски (електричен) етер -Chemical Ether
2. Животен етер-Life Ether
3. Светлосен етер-Light Ether
4. Рефлектирачки (ментален) етер-Reflecting Ether
1.Хемиски (електричен) етер
Хемискиот етер или уште наречен електричен е и позитивен и негативен во манифестација. Тоа се силите што прават асимилирање и екскреција. Првиот етер е најтежок во однос на материјалната етерична субстанца, и најниска од сите четири физички етери која ги обвиткува атомите во физичко постоење. Првиот етер односно хемискиот или електричен е задолжен за сите канали на физичките сили со кои науката е во согласност тоа се струја, магнетизам, топлина, звук, светлина, движење и магнетни зраци но и космички зраци.
Манифестацијата кај човек во позитивен и негативен аспект е во однос на потсвесниот ум.
Позитивниот дел е во однос на асистенцијата и законот за привлекување преку кој сите материи и елементи кои се потребни на физичкото тело се асимилираат во него. Целата функција на асимилација преку позитивниот пол му помага на телото да ги земе сите материјални елементи за користт.
Целата функција е директирана преку потсвесниот ум. Преку него се контролира балансот и растот на телото. Ако позитивниот пол на електричниот етер не се го манифестира овој баланс, може да се јави болест во ендокриниот систем, тироидна и питуална жлезда.
Преку позитивниот пол на хемискиот односно електричен етер човек започнува координација на своето повисоко тело или дух, астралното тело. Ако човек на етеричното ниво од материјалниот свет ги има усовршено потсвесно сите четири етери од кои е создадено неговото етерично тело, како највисоко духовно суштество од сите четири кралства, човек добива висока свест за физичкиот и астрален свет.
Негативниот пол е задолжен за негативниот дел од електричниот етер кој што е задолжен за ексрекција односно исфрлање на непотребните материи од физичкото тело. Целата операција е несвесна и се врши преку потсвесниот ум како и сите внатрешни процеси во телото, така и во дигестивниот систем каде овој етер врши функција.
2.Животен етер
Знаејќи дека сите четири етери се канали, животниот етер е канализирање на енергијата на животот уште наречена Прана/Prana која поминува и е мост помеѓу повисоките тела и преку етеричното тело до физичкото тело. Тоа е изворот на виталноста на целиот живот на сите форми во физичко постоење.
Оваа енергија на животот е поларизирана во репродуктивните органи кај мажите и жените и се манифестира исто како и електричниот етер преку позитивен и негативен пол.
Позитивен пол оперира кај женските форми и функциите за репродукција. Активен е во периодите, по раѓање на дете телото се враќа во нормалниот женски-негативен аспект, во репродукцијата жената станува позитивен креатор преку активноста на оваа виталност.
Негативниот пол оперира преку виталноста и се манифестира во сперматозоиди кај мажите, каде силата на виталностста се комбинира во двата пола позитивен и негативен во репродукцијата меѓу маж и жена, во сите други аспекти негативниот пол е застапен кај жената, позитивниот кај мажите, но само во репродукцијата кај мажите оперира негативниот пол.
3.Светлосен етер
Светлосниот етер е канал за космички сили но главно канал преку кој астралната светлина проаѓа и која ги обликува физичките атоми преку етеричната материја. Овој етер е од големо значење за емоционалната природа на човек, кој располага со емоционално (астрално) тело заедно со животните кои пак се пониско кралство во физички живот.
Мора да се потсети дека и во астрално и ментално ниво постојат етери кои се мост меѓу себе.
Светлосниот етер во материјален свет ја врзува емоционалната природа со емоционалниот центар во телото, кој е лоциран во солариниот плексус во близина на црниот дроб. Од тука енергијата тече директно во срцето, црниот дроб е директен примач на емоционалната енергија преку крвта и потоа се пренесува во срцето.
За потсетување во соларниот плексус се наоѓа токму семе-атомот на емоциите, тоа е дел од душата која е семе-атом лоциран во срцето. За повеќе во посебните артикли во семе-атоми.
Преку светлосниот етер во физички свет и кај живите форми се манифестира и енергијата Кундалини\Kundalini сила која е повисока од струја, повисока и од прана.
Позитивниот аспект на светлосниот етер е генерирање на топлина во крвта која се манифестира кај човек и кај повисоко развиени животни, при што ги прави иднвидуален извор на топлина.
Така топло-крвните животни од кои човек е наследник во своето физичко тело, се директно поврзани со светлосниот етер.
Исто така во кралството на растенија кај кои сите врсти немаат емоционално тело, позитивниот пол на светлосниот етер се манифестира преку циркулација на течности кај одредени врсти и подврсти на растенија.
Во негативниот аспект на светлосниот етер, кај ладно-крвните животни фазата на еволуција сеуште не достигнала ниво со кое ќе се овозможи потенцијалот на крвта која е трансмитер помеѓу срце-атомите односно душата и телото, или течните материи кај одредени врсти и растенија како посебно кралство. Температурата на овие врсти на животни, варира со температурата на воздухот или водата во која живеат. Светлосниот етер е канал за пренос на космички сили. За време на летните месеци кога космичките зраци на летното сонце се многу силни во однос на овој етер како траснмитер одредени течности кај растенијата течат слободно овозможуваат нов живот во кралството на растенија.
4.Рефлектирачки (ментален) етер
Највисокиот етер во материјалниот свет или познат како атомски етер, овозможувајќи мост помеѓу физичкото тело и менталното тело кај индивидуата односно кај луѓето како највисоко кралство. Тоа е канал за етерите од ментално ниво. Рефлектирачкиот етер се пренесува преку мозочните центри и преку цереброрбетниот нервен систем. Тој е канал за вибрациските бранови познати како метални бранови кои се дел од атмосферата, токму преку овие ментални бранови нашата мисла функционира, и токму поради овој етер, мислата се формира и постои во близина на нашата индивидуална аура, рефлектирајќи ги нашите мисли, секако невидливо со нашите сетила.
Рефлектирачкиот етер е како фотографско ниво затоа што ги снима сите настани кои што се случиле со помош на силите позади нив.
Рефлектирачкиот етер ги има сите рекорди и снимки за настаните и мислите на човек кога има сила позади нив.
Преку рефлектирачкиот етер се пренесува мислата од една индивидуа на друга.
Раѓање и смрт
Раѓањето односно повторното раѓање или преродба е директно врзано со законот за последница односно Law of Consequence. Секој природен закон мора да биде во хармонија со останатите закони. Постојат повеќе гледишта во однос на раѓањето на пример, материјалистичка теорија која вели дека животот е патување, умот е дел од материјалистичката страна, дека човек е највисоката интелигенција и дека интелигенцијата замира со смртта односно распаѓање на телото.
Ако материјалистичката теорија ја спознаеме преку научните закони за универзумот ке видиме дека материјата и енергијата се поврзан дел од космосот и од физичкиот свет. Ова е веднаш спротивно на материјалистичката теорија дека умот замира со смртта. Ако ништо не може да биде уништено затоа што материјата на атомско ниво не постои, знаеме дека умот е над материјата. Логика која сами може да ја сфатиме, знаејќи дека на секои седум години телото се менува, секој атом. Но ако материјалистичката страна е течно тогаш свеста исто така носи промени и тогаш човек на секои седум години би заборавал кој е. Но човек памети се од детството, така што материјализмот не може да се поврзе со свеста која не е материјална.
Постои теоријата на повторното раѓање кое е всушност која вели дека историјата и еволуцијата е духовна во време и просторот на физичкиот свет. Се што гледаме во универзумот е пат на еволуцијата како циклус. Така и душата и човекот кој е духовен мора да има циклус и круг. Еволуцијата е циклус, таа не е права и конечна спирала.
Душата го собира својот материјал од емоционалниот и ментален свет и го канализира во физичко постоење. Музичарите се доказ дека талентот е на некој начин дефиниран со самото раѓање и дека е состојба на душата, не на телото, телото е возилото преку кое душата ги искажува своите креации.
Телото е инструмент за работата на душата која го движи како мелодијата која го движи инструментот.
Законот за привлекување или Law of Attraction, објаснува кратко и јасно дека сличности се привлекуваат. Така душата се привлекува со сличности.
Душата се раѓа од ново и повторно за да го собира своето физичко искуство, единственото нешто кое се пренесува и кое е важно, затоа што материјата која е илузија служи за обликување на искуствата и стекнување но никогаш асоцијата со материјата која не се пренесува.
Душата се раѓа во тело и преминува во тело без да ги носи материјалните богатства со нејзе. Законот за последица вели дека животот е циклус, духовен циклус во кој враќањето назад е диктирано врз база на тоа што е претходно сторено.
Човек е индивидуален дух, кој поседува индивидуална душа, која не е групна и човек е тој што е тука да расте и да се развива да го спознае своето повисоко постоење.
Човек е духовно суштество, кое во еволуцијата се повеќе станува материјалист, губејќи го своето духовно својство и карактер, но патот на еволуцијата е преку учењето. Учењето од искуството и просветлувањето за тоа дека физичкото тело е материја која од како ќе се изгуби, душата има повисоки тела на располагање, но и како листот од дрвото што на есен паѓа, се отвора пат за раст на нов.
Смрт и прочистување
Смртта е патоказ и отворање на нова врата, кон повисокиот астрален (емоционален) свет од каде душата се инкарнира. Смртта се случува во моментот кога семе-атомот на животот во срцето се распукува, поради несреќа, болест, старост на физичкото тело кое е само едно од четирите возила на душата. За сите наведени термини има посебни статии на страната.
Понатаму виталното тело односно етерично кое е дел од етерот односно од физичкиот свет го напушта физичкото тело од главата и веќе физичкото тело е неподвижно.
Всушност сите повисоки тела заедно со астралното и менталното го напуштаат физичкото тело земајќи го со себе атомот кој е душата. Односно енергијата и целиот живот што е запишан во нив.
Сите искуства и сè што е стекнато се чува во семе-атомот во срцето. Во него е запишано сè што душата искушува и сè што се случило. Виталното тело се распаѓа три дена по смртта во етерот во физичкиот свет, додека душата ја гледа панорамата на животот. По тоа душата влегува во фаза на спиење одреден период сè додека не се разбуди во небескиот свет, во астралниот свет од каде самите ние доаѓаме за да ги оствариме желбите и соништата во физичко постоење.