Сè е енергија и сè е поврзано помеѓу себе, односно со се што постои. Водата во океаните, самата вода е поврзана со небото, со облаците. Животните и растенијата, ние сите заедно, целиот свет помеѓу нас.
Сè е дел од Изворот, од Бог, и таму се враќа токму во изворната креација. Така сè е е едно, секогаш било и секогаш ќе биде.
Умот е највисок ентитет
Мислите и од нив произлегуваат емоциите, двете се силна енергија, мислата е најсилната енергија која може да манифестира буквално сè. Тоа што мислиме и осеќаме влијае на работите околу нас.
Умот, умот е владетел на материјата, никогаш обратно, затоа што материјата не постои, таа е еден вид на илузија во физичкиот свет, поради ниската осцилација и на тој начин ја гледаме разделеноста преку материјата, која е замка, но со цел, за напредок затоа што материјата се обликува, преку неа човек осознава, но таа не владее, умот е господар на Бог, тоа е сè што постои, креацијата која е од највисоко ментално ниво.
Научните докази за квантниот дел од материјалниот свет, докажуваат, материја на квантно ниво не постои, така се што има форма и го осеќаме односно гледаме и допираме изгледа дека е одвоено, но всушност се е од еден ист извор, тоа е свеста, највисокиот ментален ентитет.
Материјата која е мисловна и емоционална креација на Бог, е дел од севкупната колективна свест во која сè
што е живо и неживо во физичкиот свет е поврзано меѓусебе. Во нашиот физички свет, сè што мислиме прави разлика, затоа што ние сме енергетски суштества во енергетски свет и каде мислата е највисок ентитет, каде свеста е една, иако разделена во вид на форма и его во физичкиот/материјалниот свет. Па така целта на душата е да спознае и да ја оствари својата волја и да креира.
Свеста
Свеста ја креира реалноста, свеста е највисокиот ентитет, таа е основа на физичкиот свет но и на повисоките постоења во астрално и ментално ниво. Таа во физичкиот свет постои во секој атом, електрон на квантно ниво таа е сеприсутна.
Свеста е облик на умот, во неа се манифестира умот, таа ја креира материјата. Без свеста нема материја, од квантните експерименти веќе знаеме, кога одреден материјален објект на квантно ниво не се набљудува тој всушност не постои. Затоа што нема свест да го измери и да го манифестира. Умот манифестира преку свеста, односно свеста е умот, менталниот ум од висока димензија, креацијата која е сепостоечка и сеповрзана. Сè е свест, сè е енергија, сè е вибрација. Поради одредено ниво на вибрација се случува физичка материја. Заттоа постојат седум поднивоа во физичкиот свет, што е веќе опишано во останатите артикли. Каменот и дрвото имаат различно ниво на свест односно различно ниво на вибрација, но не само што не се одвоени туку тие се едно, затоа што материјата не постои, постои свеста, која ги поврзува со изворната креација од ментално ниво. Тука е еволуцијата на свеста, која од неманифестација се манифестира во разни форми на живот, човекот како најсвесно суштество е сеуште далеку од спознание за своето повисоко постоење.
Сè не е свесно
Не обврнувајте внимание само на живата природа околу вас, обврнете внимание на каменот, на земјата и помислете добро, мислата е највисоката енергија која се канализира во материја, така се гледате себе и кажувате убав збор за себе. Погледнете ја повторно земјата или облаците, односно сè што е креација всушност сте вие самите, бесконечната и безгранична, засекогаш во постоење, мултидимензионална свест.
Свеста постои и во неживата природа, со таа разлика што во различна манифестација е свесна за своето постоење. Човекот е свесен за својот живот, се обидува да еволуира во суперсвесно битие кое е свесно за светлината на Бог, односно за нашето повисоко постоење и за тоа како сме поврзани со и од Извор.
Животните се несвесни, растенијата спијат, минералите се во “кома”. Но сето тоа е манифестиран живот, чиста свест, која чека да биде откриена и да стане свесна, свесна токму за себе.
.